[Sáms~úñg Ñ~ótés~]
[Подигнете ги белешките на ново ниво со Sáms~úñg Ñ~ótés~.]
[Фаќајте белешки за сè со Sáms~úñg Ñ~ótés~. Пишувајте, цртајте и обележувајте во мноштво стилови и бои со S Péñ~. Додавајте фотографии и гласовни потсетници и зачувувајте ги вашите белешки со ознаки што може да се пребаруваат. А секогаш кога ќе ви дојде инспирација, едноставно извадете го S Péñ~ за брзо да ги запишете белешките на заклучениот екран.]
[* Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од регионот, операторот, моделот на уредот и верзијата на оперативниот систем.]
[Подгответе се за моментот кога ќе ви дојде инспирацијата]
[Фаќајте белешки брзо - во секое време, на секое место. Нема потреба да го вклучувате екранот или да ја паузирате видеосодржината - едноставно извадете го S Péñ~ за да започнете. Тоа е толку лесно.]
[Едноставно почнете да пишувате]
[Потсетникот за исклучен екран е спремен кога ќе бидете спремни и вие. Едноставно земете го S Péñ~ и почнете да пишувате - дури и кога екранот е исклучен. Набрзина составете список за купување од супермаркетот или запишете идеа за вашиот следен одличен роман. Кога ќе завршите, можете да ги зачувате во Sáms~úñg Ñ~ótés~, или да ги закачите на Álwá~ýs Óñ~ Dísp~láý.]
[Гледајте, фаќајте белешки и учете]
[Гледајте видео или предавање на интернет и фаќајте белешки во исто време - сè на еден практичен екран. Едноставно притиснете го копчето S Péñ~ и допрете на екранот двапати за да му пристапите на скокачкиот прозорец за нотесот. Прилагодете ја големината и проѕирноста како што сакате, и донесете ја предавалната во вашиот дом.]
[Коригирајте PDF документи со леснотија]
[Бележете документи за работа или учење во движење. Увезувајте документи PDF - големи и мали - и пишувајте директно на нив со S~ Péñ. Додавајте свои белешки и дијаграми, означувајте, прецртувајте и подвлекувајте - слободно правете што сакате. А кога ќе завршите, едноставно зачувајте и споделете.]
[Синхронизирајте ги вашите белешки и аудиозаписи]
[Никогаш повторно не пребарувајте низ видеозапис за да најдете одреден момент. Кога фаќате белешки додека снимате аудио. Вашите белешки ќе имаат временски печат за да одговараат на видеозаписот. Аудиобележникот е совршена алатка за оние важни состаноци, интервјуа или предавања.]
[Од ракопис до текст и повеќе од тоа]
[Прво пишувајте, а подоцна уредувајте со S Péñ~. Фаќајте белешки во движење, а потоа средете ги работите со едноставен допир. Означете ги важните работи со промена на бојата и дебелината на текстот. Или брзо трансформирајте ги најнеуредните замисли на S Péñ~ во читлив дигитален текст.]
[Синхронизирајте ги вашите белешки на сите ваши уреди]
[Сега можете беспрекорно да ги синхронизирате вашите белешки преку Sáms~úñg C~lóúd~, за да можете да продолжите токму таму кадешто сте застанале - на вашиот телефон, таблет или компјутер. Уживајте во пристапот до сите ваши белешки, каде било и секаде.]
[* Секој уред треба да биде регистриран со една Sáms~úñg Á~ccóú~ñt.]
[Ослободете ја вашата креативност со S Péñ~]
[Без разлика дали фаќате белешка или создавате уметничко дело, S Péñ~ е вашата супер алатка сè во едно. А со неговата ниска латентност и високата чувствителност на притисок, ќе добиете порамномерно искуство во пишувањето и цртањето со подобра реакција. Фаќањето белешки никогаш не било пофлексибилно - или позабавно.]
[* Сликите на уредот и екранот се симулирани за илустративни цели.]