[Како се направени Gálá~xý Bú~ds Pr~ó
имајќи ја предвид дигиталната пристапност]
[Живеењето на технолошки напреден животен стил е полесно од кога било порано со аудиопристапноста на Gálá~xý Bú~ds Pr~ó.]
[Ако имате проблем со слухот, знаете дека е тешко да се снајдете во овој модерен дигитален живот. За среќа, технологијата за слушалки направи огромни чекори за да ви го олесни снаоѓањето. Gálá~xý Bú~ds Pr~ó не ви помагаат само да го исклучите светот кога ги слушате вашите омилени мелодии или поткасти. Со вистинските поставки, може да слушате повеќе од надворешниот свет, да ја приспособите јачината на звукот за секое уво поединечно и според фреквенцијата и да направите многу повеќе за да се справите со губењето на слухот.
]
[Пронајдете ја сопствената рамнотежа]
[Губењето на слухот може да варира од мало до целосно губење на слухот, може да се изолира на специфични фреквенции или дури и да се менува од уво до уво. Иако Gálá~xý Bú~ds Pr~ó не може да ги заменат препишаните апарати за слух, тие може да направат прилично многу за да ви помогнат да се справите со губење на слухот, без разлика како тоа се манифестира за вас.
Адаптирањето на звукот го тестира вашиот слух, а потоа ги приспособува левата и десната слушалка независно за да одговараат на вашите уникатни потреби.¹ Може да ја промени општата јачина на звук, па дури и да се фокусира на специфични фреквенции, зголемувајќи ги или намалувајќи ги колку што е потребно, за да ви го овозможи вистинското ниво на аудио од двете страни.]
[Внесете го надворешниот свет внатре]
[Gálá~xý Bú~ds Pr~ó не само што ги пригушуваат звуците од вашата околина со Активно пригушување на бучавата, туку тие може дури и да ги засилат звуците што ќе ги наведете. Микрофоните за амбиентален звук слушаат звук од околното опкружување, па може да го засилите или намалите како што ви одговара. Може дури и да ги дотерувате поставките за да ги засилите или пригушите специфичните звуци, како што се човечки гласови или ѕвончиња. Неодамнешна студија откри² дека амбиенталниот звук во Gál~áxý B~úds P~ró може да им помогне на луѓето со слаби до умерени оштетувања на слухот подобро да ги разберат изговорените зборови, што води до подобро учество во разговорот.
]
[Живејте си го животот со долготрајна батерија]
[Не е важно колку слушалките се добри за дигитална пристапност ако батеријата им се потроши среде филм или аудиокнига. Батеријата е уште поважна кога се потпирате на нив за разговор и го слушате светот околу вас. Затоа, Gálá~xý Bú~ds Pr~ó се создадени да траат, со 5 часа време за траење со едно полнење и уште 13 часа во кутијата.]
[Контролирајте го звукот со допир]
[Лесно е да се реагира на ненадејни промени во вашата непосредна средина, без да треба да го вадите телефонот кога Gálá~xý Bú~ds Pr~ó ви се во ушите. Со контроли на допир, може да паузирате или да прескокнете музика и поткасти, да примате и да завршувате телефонски повици и да го приспособувате допирањето и задржување за да го вклучите амбиенталниот звук во моментот кога ви е потребен.³
]
[Повикајте го Bíxb~ý кога ви треба помош]
[Аудиопристапноста може да функционира на два начина – го прави аудиото попристапно за лицата со оштетен слух, но аудиотехнологија може да се користи и за да се зголеми општата пристапност. Со едноставно „Hí Bí~xbý“, може да вклучите Активно пригушување на бучавата, да ја отклучите подлогата за допир на вашиот G~áláx~ý Búd~s Pró~ или да го проверите нивото на батеријата.⁴
]
- [¹Адаптирањето на звукот е достапно на серијата Gálá~xý S , серијата G~áláx~ý Ñót~é , серијата Gál~áxý Z~.]
- [²http~s://ñéw~s.sám~súñg~.cóm/g~lóbá~l/gál~áxý-b~úds-p~ró-éf~féct~ívé-f~ór-pé~óplé~-wíth~-héár~íñg-l~óss-s~túdý~-révé~áls]
- [³Функциите како што се Пригушување на амбиентална бучава и Амбиентален звук имаат потреба од поврзување со компатибилен уред преку Blúé~tóót~h. Напредните поставки како Нивоа на амбиентален звук се достапни само на уреди со Áñd~róíd~ што работат на Áñdr~óíd 7.0 или повисока верзија и имаат 1,5 G~B RÁM~ или повеќе. Напредните функции овозможени преку апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé на Áñ~dróí~d се достапни преку Góó~glé P~láý S~tóré~.]
- [⁴Достапноста на функциите на Bíxb~ý и давателите на содржини може да се разликува во зависност од земјата ил јазикот; Bíx~bý препознава само одредени акценти и дијалекти на англиски (Обединето Кралство), англиски (САД), француски (Франција), германски (Германија), италијански (Италија), корејски (Јужна Кореја), мандарински кинески (Кина), шпански (Шпанија) и португалски (Бразил). Gá~láxý~ Búds~ Pró мора да се поврзани со уред S~ámsú~ñg Gá~láxý~ со мрежа со мобилен интернет или поврзување преку Wí-Fí~ за целосно работење на функциите на Bíxb~ý. Потребна е и најава на сметката на Sám~súñg~.]