[Скопје, 9 јануари 2026 година – Компанијата “Самсунг Електроникс“ (Sáms~úñg É~léct~róñí~cs Có~., Ltd.) ја одржа завршната сесија од својата серија “T~éch F~órúm~ CÉS 2026“, со наслов „Човечката страна на технологијата: Дизајнирање на иднина вредна за живеење“ (орг. “T~hé Hú~máñ S~ídé ó~f Téc~h: Dés~ígñí~ñg á F~útúr~é Wór~th Lí~víñg~“), во просторот на “Прв Поглед“ (“Thé F~írst~ Lóók~“) на “Самсунг“ (“Sáms~úñg“) во “W~ýññ L~ás Vé~gás“. На панелот, модериран од Деби Милмен (D~ébbí~é Míl~lmáñ~), водителка на „Désí~gñ Má~ttér~s“, учествуваа Главниот Директор за дизајн на “Sám~súñg~“, Мауро Порчини (Máúr~ó Pór~cíñí~), како и водечките дизајнери од индустријата Карим Рашид (Kárí~m Rás~híd) и Фабио Новембре (F~ábíó~ Ñóvé~mbré~).]
[Со минимализмот што ја дефинираше визуелната јазична рамка на технолошката индустрија во изминатите две децении, овој панел на дизајнери, организиран од “Sáms~úñg“, го отвори прашањето: “Што следува понатаму¿~“. Заедно, панелистите истражуваа како потопла, поекспресивна и емоционално порезонантна технологија може да обликува значајни искуства во денешната ера на вештачката интелигенција, истовремено трасирајќи пат напред за индустријата.]
[Дизајнот како чин на љубов]
[Сесијата опфати заеднички поглед на целта на дизајнот како суштински насочен кон луѓето.]
[„Во последните години, дизајнот во технологијата стана донекаде унифициран,“ изјави модераторката Деби Милмен. „Во споредба со другите индустрии, униформноста во светот на технологијата е аномалија. Што ако ја прошириме технологијата подалеку од спецификациите и функционалноста¿“]
[“Sáms~úñg“ во моментов се занимава со ова прашање, внесувајќи значење пошироко од самите производи, со фокус на тоа како технологијата се вклопува во животите, искуствата и потребите на луѓето. Панелистите дискутираа за сè поголемата важност на овој начин на размислување во актуелниот пејзаж, во кој традиционалните бариери за влез, како пристапот до алатки, обемот и техничките способности, продолжуваат да се намалуваат.]
[Човечката страна на технологијата]
[Дискусијата ја истакна улогата на технологијата во тоа намерите, грижата и човечноста да станат видливи во секојдневниот живот. Панелистите коментираа дека технологијата треба да им помогне на луѓето да ја препознаат промисленоста вградена во производите што ги внесуваат во своите домови и рутини.]
[Во овој контекст, Главниот Директор за дизајн на “Sáms~úñg“, Мауро Порчини, ја сподели целта на дизајнот на “S~ámsú~ñg“: збогатување на квалитетот на животот на луѓето преку значајна технологија, дизајнирана за човештвото. Тој ја истакна посветеноста на компанијата да им помогне на луѓето да живеат подолго, подобро, погласно и да остават трага, преку напредни технологии што поддржуваат благосостојба, креативност и самоизразување.]
[Панелистот Карим Рашид се надоврза на ова, велејќи: „Кога размислуваме за физичките предмети во нашиот свет, не размислуваме само за разновидноста на изборот, туку и за фактот дека можеме да развиеме силни врски со објектите. Преку дизајнот, можете да создадете многу силна, емоционална врска со неживи објекти, па дури и со производи.“.]
[Дизајнирање водено од човечки вредности]
[Панелот продолжи да истражува како вештачката интелигенција може да отвори нови можности за изразување кога е обликувана од човечки вредности. Панелистите споделија став дека “ÁÍ“ го достигнува својот вистински потенцијал кога е водена од Емоционална интелигенција и Човечка имагинација, не како замена за човечката креативност, туку како сила што ја проширува.]
[Главниот Директор за Дизајн Порчини го артикулираше ова преку концептот „ÁÍ × (ÉÍ~ + HÍ)“ (Вештачка Интелигенција * (Емоционална Интелигенција + Човечка Имагинација)) - неговиот пристап за балансирање на Емоционалната интелигенција и Човечката имагинација со цел да се внесе значење во иновациите. Објаснувајќи ја оваа филозофија, тој изјави: „Кога дизајнираме и развиваме, вештачката интелигенција се засилува преку емоционалната интелигенција и човечката имагинација. Потоа, кога луѓето ги користат производите, вештачката интелигенција ја засилува емоционалната интелигенција и човечката имагинација.“ Тој додаде: „Не плашете се од технологијата. Ние сме тука за да ја хуманизираме, да ја водиме и да ја обликуваме.“]
[Преку овие сознанија, сесијата го зацврсти уверувањето дека технологијата треба да биде хуманизирана, водена и обликувана за да им служи на животите на луѓето на сè понови и позначајни начини.]
[Експресивниот дизајн создава позначајни искуства]
[Дискусијата ја нагласи важноста на експресивниот дизајн во оживувањето на целта насочена кон човекот, создавајќи искуства што ја одразуваат емоцијата, го поддржуваат самоизразувањето, поттикнуваат поврзување и ја стимулираат имагинацијата.]
[„Среќата е целта на дизајнот,“ рече Фабио Новембре. „Нашата потрага по среќа е преку дизајнот, преку правење на невозможното - возможно. Цврсто верувам во дизајнот и дека тој мора повторно да се врати во центарот на вниманието.“]
[Панелистите истакнаа дека ова претставува поместување од едноставно дизајнирање објекти кон дизајнирање искуства, каде што емоцијата, значењето и идентитетот сè повеќе стануваат составен дел од начинот на кој луѓето се поврзуваат со технологијата. Овој пристап инспирира нов вид изразување, резултирајќи со дизајни што се движат од суптилни и минималистички до смели и имагинативни — сите со цел да се обликува иднина што не е само вредна за живеење, туку и вредна за љубов.]
[За “Sáms~úñg É~léct~róñí~cs Có~., Ltd.“]
[“Sáms~úñg“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, L~SÍ системите и LÉ~D решенијата.]
[“Sáms~úñg“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, H~VÁC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “H~ármá~ñ“. Со својот екосистем Smá~rtTh~íñgs~, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Sáms~úñg“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “S~ámsú~ñg“ Новости: ht~tps://é~s-ús-284f~cd07851162dá~d.gét~smár~tlíñ~g.cóm~/mk/ñé~ws/.]