[Основен водич за производот]

[Водичот вклучува основни упатства за употреба на производот, како и мерки на претпазливост. За детални информации за производот, погледнете го упатството за употреба на веб-страницата на Sáms~úñg.

* Како да го најдете прирачникот
Чекор 1: Одете до веб-страницата за корисничка поддршка на S~ámsú~ñg: ht~tps://é~s-ús-284f~cd07851162dá~d.gét~smár~tlíñ~g.cóm~/súpp~órt
Чекор 2: Пребарајте според името на моделот или маркетиншкото име.
]

[1. Пристап до повеќе информации]

[Слика со етикетата на производот]

[На левиот ѕид во внатрешноста на фрижидерот е прикачена етикета со QR-код. Скенирајте го QR~-кодот за да го регистрирате производот и да пристапите до упатството за употреба.

За детални упатства за инсталација и за чистење на апаратите, посетете ја веб-локацијата на Sáms~úñg (h~ttps~://és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m), одете во Súp~pórt~ (Поддршка) > Súpp~órt H~ómé (Почетна за поддршка) и внесете го името на моделот.
За да го проверите името на моделот на производот, погледнете ја етикетата што доаѓа со производот или што е залепена на производот.
Отворете ја апликацијата Скенер на Q~R-код и скенирајте го QR-кодот што се наоѓа на производот. Може да пристапите до „P~ródú~ct ré~gíst~rátí~óñ (Регистрација на производот)“, „Má~ñúál~ (Прирачник)“ и „Cúst~ómér~ súpp~órt (Корисничка поддршка)“. Бројките и илустрациите се дадени само за референца и може да се разликуваат од вистинскиот изглед на производот. Дизајнот и спецификациите на производот може да се променат без известување.]

[2. Безбедносни информации]

[Ви честитаме за новите апарати Sáms~úñg. Овој прирачник содржи важни информации за инсталирањето, употребата и грижата за апаратите. Темелно прочитајте го овој прирачник пред да ги користите апаратите за да бидете сигурни дека знаете како безбедно и ефикасно да ракувате со карактеристиките и функциите што ги нудат новите апарати.

Важни безбедносни симболи
Што значат иконите и симболите во овој прирачник:]

[ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ]

[ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасности или небезбедни начини на ракување кои може да доведат до тешка телесна повреда, смрт и/или материјална штета.]

[ВНИМАНИЕ]

[ВНИМАНИЕ
Опасности или небезбедно ракување што може да резултираат со телесни повреди и/или материјална штета.]

[Прочитајте ги упатствата]

[Прочитајте ги упатствата
Откако ќе го прочитате овој прирачник, чувајте го на безбедно место за подоцнежна употреба.
Пред да го користите апаратот прочитајте ги сите упатства.]

[ЗАБЕЛЕШКА]

[ЗАБЕЛЕШКА
Дополнителни информации кои може да бидат корисни.
]

[ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ]

[Непридржувањето кон овие упатства може да резултира со струен удар, повреда, пожар, дефект или експлозија.

Важни безбедносни мерки на претпазливост
]

[ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ]

[ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ; Ризик од пожар/запаливи материјали]

[1. Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.
2. За користење во Европа. Уредот може да го користат деца постари од 8 години, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку бидат надгледувани или им се дадени упатства за користење на апаратот на безбеден начин и доколку им се објаснат можните опасности. Децата не смеат да си играат со уредот. Децата не смеат да го чистат и да го одржуваат уредот без надзор. На децата на возраст од 3 до 8 години им е дозволено да ги полнат и празнат уредите за ладење.
3. Децата треба да се под надзор за да не си играат со апаратот.
4. Ако кабелот за струја е оштетен, тој мора да биде заменет од страна на производителот, сервисерот или слично квалификувани лица со цел да се избегне опасност.
5. Овој уред содржи мала количина запаливо разладно средство изобутан (R-600á). Кога го инсталирате, ракувате, сервисирате и одлагате апаратот, треба да внимавате да не се оштетат деловите од колото за ладење.
6. Како разладно средство се користат R-600á~ или R-134á. Проверете ја етикетата на компресорот на задниот дел од уредот или етикетата со ознака на типот во внатрешноста на фрижидерот за да видите кое разладно средство се користи во уредот. Ако овој производ содржи запалив гас (разладно средство R-600á~), контактирајте со локалните органи за начинот на отстранување на овој производ.
7. Не оштетувајте го разладното коло.
8. За да се избегне создавање запалива мешавина од гас и воздух ако настане истекување во колото за ладење, големината на просторијата мора да изнесува 1 m3 за секои 8 g разладно средство R-600á~ во апаратот. И да се исклучи апаратот ако покажува какви било знаци на оштетување, а ако не сте сигурни консултирајте се со својот продавач.
9. Се користи циклопентан во изолацијата. За гасовите на изолацијата е потребна специјална процедура за отстранување. За еколошки безбедно одлагање обратете се до локалните власти.
10. Приклучокот мора да биде лесно достапен за да се овозможи брзо исклучување на уредот од доводот во итни случаи.
11. При позиционирање на уредот, внимавајте да не го приклештите или оштетите кабелот.
12. Не ставајте продолжителни кабли со повеќе приклучоци или преносливи уреди за напојување зад уредот.
13. Овој уред е наменет за употреба во домаќинствата и за слични намени како на пример
- кујнски простории за персоналот во продавници, канцеларии и други работни средини;
- куќи на фарми и од страна на клиенти во хотели, мотели и други станбени објекти;
- средини од типот ноќевање со појадок;
- примена во угостителството и во други објекти во коишто не се врши малопродажба.
14. Не дозволувајте да се затнат отворите за вентилација во оградениот дел на уредот или во конструкцијата за вградување.
15. Не употребувајте механички направи или други средства за забрзување на процесот на одмрзнување, освен оние коишто се препорачани од производителот.
16. Не користете електрични апарати во внатрешноста на преградите за складирање храна на уредот, освен ако тоа не го препорачува производителот.
17. Не чувајте испарливи или запаливи предмети или супстанции во фрижидерот.
- Овој фрижидер е наменет само за чување храна.
- На тој начин може да доведе до пожар или експлозија.
18. Не чувајте експлозивни супстанци како на пример лименки со аеросол со запаливо гориво во уредот.
19. За најефективна употреба на енергија, чувајте ги сите внатрешни делови како на пр. корпи, фиоки, полици во положба предвидена од производителот.
20. Поврзете само со систем за снабдување на вода за пиење. (само кај одредени модели)
21. Полнете само со вода за пиење. (само кај одредени модели)
- Полнете ги резервоарот за вода, чинијата за мраз и коцките вода само со вода за пиење (минерална вода или прочистена вода).
- Не полнете го резервоарот со чај, сок или спортски пијалаци, затоа што може да го оштетите фрижидерот.
22. Треба да се користат новите црева што се испорачуваат со уредот, а старите црева не треба повторно да се користат.
23. Поврзете го само на довод на вода за пиење. За правилно работење потребно е притисокот на водата да биде 206-861 kPá(30-125 p~sí).
24. Ако производот е опремен со ЛЕД светилки, обратете се до локален сервисен центар на Sá~msúñ~g или до неговите претставници за да ги замени светилките.
25. За да се избегне контаминација на храната, почитувајте ги следниве упатства:
- Отворање на вратата подолги периоди може да предизвика значително зголемување на температурата во преградите на уредот.
- Чистете ги редовно површините што доаѓаат во допир со храна и достапните системи за одводнување.
- Чистете ги резервоарите за вода доколку не се користеле 48 часа; измијте го системот за вода поврзан со довод на вода ако не се влечела вода 5 дена.
- Складирајте сирово месо и риба во соодветни садови во фрижидерот така што нема да бидат во контакт со друга храна ниту, пак, ќе капат врз неа.
- Преградите за замрзната храна со две ѕвездички се соодветни за складирање претходно замрзната храна, чување или правење сладолед и правење коцки мраз.
- Преградите со една, две и три ѕвездички не се соодветни за замрзнување свежа храна.
- Ако апаратот за ладење се остава празен подолг период, исклучете го, одмрзнете го, исушете го и оставете ја вратата отворена за да се спречи развој на мувла во апаратот.
26. Температурата во одделот (одделите) со две ѕвездички или преградата (преградите) со симбол две ѕвездички (**) е малку повисока од температурата во другата преграда (прегради) на замрзнувачот.]

[3. Мерки на претпазливост заради безбедност]

[Инсталирање]
[
Овој апарат треба да го транспортираат само две или повеќе лица кои цврсто го држат.
1. Инсталирајте го апаратот на цврст и рамен под.
2. Не инсталирајте го апаратот на место што е влажно и со прашина. Не инсталирајте и не чувајте го апаратот на отворено или во област подложна на променливи временски услови како што се изложеност на директна сончева светлина, ветер, дожд или температури под нула.
3. Не ставајте го апаратот на директна сончева светлина и не изложувајте го на топлина од уреди за греење, како што се шпорети или греалки.
4. Внимавајте при инсталирањето да не ја изложите задната страна од апаратот.
5. Инсталирајте го апаратот на место каде што е лесно да се исклучи приклучокот за негово напојување.
6. Внимавајте да не падне вратата од апаратот при неговото склопување или расклопување.
7. Внимавајте да не го приклештите, згмечите или оштетите кабелот за напојување при склопување или расклопување на вратата од апаратот.
8. Внимавајте приклучокот за струја да не го свртите нагоре или, пак, да не го потпрете апаратот на него.
9. Не приклучувајте адаптер или други додатоци на приклучокот за струја.
10. Не менувајте или продолжувајте го кабелот за напојување.
11. Проверете дали штекерот е правилно заземјен и дали иглата за заземјување на кабелот за напојување е оштетена или извадена од приклучокот за напојување. За повеќе детали за заземјувањето, распрашајте се во сервисниот центар на Sáms~úñg É~léct~róñí~cs.
12. Овој апарат е опремен со кабел за напојување со проводник за заземјување на опремата и приклучок за заземјување. Приклучокот за напојување мора да биде вклучен во соодветен штекер кој е поставен и заземјен во согласност со сите локални уредби и прописи.
13. Никогаш не го вклучувајте уредот доколку постојат знаци на оштетување. Доколку не сте сигурни, консултирајте се со продавачот.
14. Не приклучувајте го апаратот во адаптер со повеќе приклучоци што нема кабел за напојување (монтиран).
15. Апаратот треба да се поврзе на електричен вод наменет за тоа, со засебен осигурувач.
16. Не користете штекер со повеќе приклучоци којшто не е правилно заземјен (пренослив). Ако користите правилно заземjен продолжен кабел со повеќе приклучоци (пренослив), користете го продолжниот кабел со капацитет на струја еднаков или поголем од оној на приклучниот кабел и користете го продолжниот кабел само за апаратот.
17. Сите материјали од пакувањето (како што се пластичните кеси и стиропорот), одложете ги подалеку од дофат на деца. Материјалите за пакување може да доведат до задушување.

Работа
ВНИМАНИЕ
За да го намалите ризикот од полесни повреди кај луѓето, неисправност или оштетување на производот или имотот при користење на овој производ, следете ги основните мерки на претпазливост, вклучително и следново:
Внимавајте на децата во близина кога ја отворате или затворате вратата од апаратот. Вратата може да го удри детето и да предизвика повреда.
Внимавајте децата да не останат заглавени во апаратот. Ако дете се заглави во апаратот може да се задуши. Не допирајте ги со мокри или влажни раце замрзнатата храна или, пак, металните делови во преградата за замрзнување. Може да дојде до смрзнатини.
Не ставајте стаклени садови, шишиња или лименки (особено со газирани пијалаци) во преградата за замрзнување, во полиците или корпата за мраз што ќе бидат изложени на температури под нулата,
Каленото стакло на предната страна од вратата на апаратот или полиците може да се оштети од удар. Ако е скршено Не допирајте го со раце.
Не висете од вратите од апаратот, делот за складирање, полиците и не качувајте се по нив.
Не чувајте преголем број шишиња со вода или садови за прилози во корпите од вратата.
Не користете прекумерна сила при отворање или затворање на вратата од апаратот.
Ако шарката на вратата од апаратот е оштетена или не функционира правилно, престанете да го користите апаратот и контактирајте со овластен сервисен центар.
Не дозволувајте животни да го грицкаат кабелот за напојување или цревото за вода.
Не јадете замрзната храна веднаш откако ќе ја извадите од замрзнувачот.
Внимавајте раката или ногата да не ви се заглават при отворање или затворање на вратата од апаратот.

Одржување
Не ги чистете стаклените полици или капаци со топла вода кога тие се ладни. M~оже да се скршат при изложеност на ненадејни температурни промени.
Не ставајте ги полиците наопаку. Полиците може да паднат.
За да го отстраните мразот од апаратот, контактирајте со сервисниот центар на Sáms~úñg É~léct~róñí~cs.
Ако подолго време има прекин на струја, фрлете го мразот од корпата за мраз во преградата за замрзнување.]

[4. Одржување и чистење]

[Чистење
Внатрешност и надворешност]
[
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не користете бензол, разредувач, оцет, течен избелувач, сода бикарбона, лимонска киселина, мешавини од соли или детергент за автомобили/дом како на пример Clór~óx™ за чистење на фрижидерот. Тие може да ја оштетат површината на фрижидерот и да предизвикаат пожар.
Не прскајте вода директно на фрижидерот. Ова може да доведе до струен удар.
Редовно користете сува крпа за да ги отстраните сите туѓи супстанции, како на пример прашина или вода од терминалите на приклучницата и точките за контакт.
1. Исклучете го кабелот за напојување.
2. Со навлажнета, мека, памучна крпа или хартиена крпа исчистете ја внатрешноста и надворешноста на фрижидерот.
3. Кога ќе завршите, исушете добро со сува крпа или хартиена крпа.
4. Вклучете го кабелот за напојување.

LÉ~D светилки
За да ги замените ламбите на фрижидерот, контактирајте со локалниот сервисен центар на Sám~súñg~.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Корисникот не може да ги сервисира ламбите. Не обидувајте се да ги менувате ламбите сами. Тоа може да предизвика електричен удар.

Ламба (извор на светлина)
Овој производ содржи извор на енергија од класа на енергетска ефикасност (G).
Корисникот не може да ги сервисира ламбите и/или опремата за контрола. За да ги замените ламбите и/или опремата за контрола во производот, контактирајте со локалниот сервисен центар на Sám~súñg~.
За детални упатства за замена на ламбите и/или опремата за контрола во производот, посетете ја веб-страницата на Sáms~úñg (h~ttps~://és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m), одете во Súp~pórt~ (Поддршка) > Súpp~órt h~ómé (Почетна за поддршка) и внесете го името на моделот.
За детални упатства за расклопување на ламбите и/или опремата за контрола, едноставно следете го упатството за замена како што е опишано погоре.
]

[5. Безбедносно упатство]

[• Овој уред за ладење не е наменет да се користи како уред за вградување.

Информации за моделот и нарачување резервни делови

Информации за моделот.
За да пристапите до информациите за енергетската ознака за овој производ на Европскиот регистар на производи според енергетското означување (ÉPRÉ~L), скенирајте го QR-кодот на енергетската ознака. Q~R-кодот може да го најдете на енергетската ознака во кутијата од вашиот производ.

Информации за деловите
• Минималниот период во текот на кој се достапни резервните делови што се потребни за поправка на уредот
- 7 години за термостати, сензори за температура, печатени плочки и извори на светлина, рачки за вратата, шарки за вратата, тацни, корпи (кутии или фиоки)
- 10 години за заптивки за вратата
• Минималното времетраење на гаранцијата на уредот за ладење што го нуди производителот е 24 месеци.
• Релевантните информации за нарачувањето на резервните делови, директно или преку други канали што ги обезбедува производителот, увозникот или овластениот претставник
• Информации за професионална поправка може да најдете на htt~ps://és~-ús-284fc~d07851162dád~.géts~márt~líñg~.cóm/s~úppó~rt.
• Информации за прирачникот за сервисирање за корисниците може да најдете на ht~tps://é~s-ús-284f~cd07851162dá~d.gét~smár~tlíñ~g.cóm~/súpp~órt.

Упатство за инсталација
За уреди за ладење со климатска класа
• Во зависност од климатската класа, овој уред за ладење е наменет да се користи во опсег на собни температури како што е наведено во следнава табела.
• Климатската класа може да се најде на плочката со податоци. Производот може да не работи правилно на температури надвор од одредениот опсег.
• Климатската класа може да ја најдете на етикетата во внатрешноста на фрижидерот

Опсег на ефективна температура
Фрижидерот е направен да работи нормално во опсегот на температура наведена со температурната класа.
На функцијата за ладење и потрошувачката на енергија на фрижидерот може да влијаат температурата во просторијата, фреквенцијата на отворање на вратите и локацијата на фрижидерот. Препорачуваме соодветно да ги приспособите поставките за температурата.

Како да се складира за најдобро чување (само за соодветните модели)
Покривајте ја храната за да се задржи влагата и за да не собира непријатни миризби од другата храна. Голем сад со храна како супа или чорба треба да се подели на помали делови и да се стави во плитки садови пред да се стави во фрижидерот. Големо парче месо или цела живина треба да се подели на помали делови или да се стави во плитки садови пред да се стави во фрижидерот.

Распоредување на храната]

[Полици]

[Полиците треба да се прилагодливи да собираат разни пакувања.]

[Специјализирана преграда (само кај одредени модели)]

[Запечатените фиоки овозможуваат оптимална средина за чување овошје и зеленчук. Зеленчуците сакаат повлажна средина, а овошјата помалку влажна. Фиоките се опремени со контролни уреди за контролирање на нивото на влажност. (*Зависно од моделот и опциите) Фиока за месо со прилагодлива температура го максимизира времето за чување месо и сирење.]

[Чување на врата]

[Не чувајте расиплива храна на вратата. Јајца треба да се чуваат во картонот, на полица. Температурата на корпите на вратата флуктуира повеќе отколку температурата во внатрешноста. Држете ја вратата затворена колку е можно повеќе.]

[Комора за замрзнување]

[Можете да чувате замрзната храна, да правите коцки мраз и да смрзнувате свежа храна во комората за замрзнување.]

[ЗАБЕЛЕШКА
Замрзнувајте само свежа, неоштетена храна. Чувајте ја храната што треба да се замрзне подалеку од храната што е веќе замрзната. За да се спречи губење на вкусот или сушење на храна, ставајте ја во херметички садови.

Табела за чување во фрижидерот и замрзнувачот
Долготрајноста на свежината зависи од температурата и од изложеноста на влага. Бидејќи датумите на производите не се показател за нивна безбедна употреба, видете во табелава и следете ги дадените совети.]

[Производ] 

[Фрижидер]

[Замрзнувач] 

[Млечни производи] 

[Млеко] 

[1 недела]

[1 месец]

[Путер] 

[2 недели] 

[12 месеци] 

[Крем сирење] 

[2 недели] 

[Не се препорачува] 

[Месо] 

[Свежо месо за печење, стекови, кременадли] 

[3-4 дена] 

[2-3 месеци] 

[Колбаси, сурови, свински, говедски, мисиркини] 

[1-2 дена] 

[1-2 месеци] 

[Живина / Јајца] 

[Свежа живина] 

[2 дена] 

[6-8 месеци] 

[Јајца, свежи во лушпа] 

[2-4 недели] 

[Не се препорачува] 

[Риба / Морска храна] 

[Свежа риба] 

[1-2 дена] 

[3-6 месеци] 

[Сушена или киселена риба] 

[3-4 недели] 

-

[Овошје]

[Јаболка] 

[1 месец]

-

[Друго свежо овошје] 

[3-5 дена] 

[9-12 месеци] 

[Зеленчук] 

[Шпаргла]

[2-3 дена] 

-

[Брокула, зелчиња, грашок, печурки] 

[3-5 дена] 

-

[Зелка, карфиол, краставици, марула] 

[1 недела] 

-

[Моркови, цвекло, ротквици] 

[2 недели] 

-

[6. Податоци за контакт]

[ÚK]

[0333 000 0333]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/úk/s~úppó~rt]

[ÍRÉL~ÁÑD (É~ÍRÉ)]

[0818 717100]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/íé/s~úppó~rt]

[GÉRM~ÁÑÝ]

[06196 77 555 77]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/dé/s~úppó~rt]

[FRÁÑ~CÉ]

[01 48 63 00 00]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/fr/s~úppó~rt]

[SPÁÍ~Ñ]

[91 175 00 15]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/és/s~úppó~rt]

[PÓRT~ÚGÁL~]

[210 608 098
Chám~ádá p~árá á~ rédé~ fíxá~ ñácí~óñál~
Díás~ útéís~ dás 9h~ às 20h]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/pt/s~úppó~rt]

[LÚXÉ~MBÚR~G]

[261 03 710]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/bé_~fr/sú~ppór~t]

[ÑÉTH~ÉRLÁ~ÑDS]

[088 90 90 100]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/ñl/s~úppó~rt]

[BÉLG~ÍÚM]

[02-201-24-18]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/bé/s~úppó~rt (Dú~tch)
é~s-ús-284f~cd07851162dá~d.gét~smár~tlíñ~g.cóm~/bé_f~r/súp~pórt~ (Fréñ~ch)]

[ÑÓRW~ÁÝ]

[21 62 90 99]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/ñó/s~úppó~rt]

[DÉÑM~ÁRK]

[70 70 19 70]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/dk/s~úppó~rt]

[FÍÑL~ÁÑD]

[030-622 75 15]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/fí/s~úppó~rt]

[SWÉD~ÉÑ]

[0771-400 300]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/sé/s~úppó~rt]

[ÁÚST~RÍÁ]

[0800 72 67 864 (0800-SÁMS~ÚÑG)]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/át/s~úppó~rt]

[SWÍT~ZÉRL~ÁÑD]

[0800 726 786]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/ch/s~úppó~rt (Gé~rmáñ~)
és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/ch_~fr/sú~ppór~t (Fré~ñch)]

[HÚÑG~ÁRÝ]

[0680SÁMS~ÚÑG (0680-726-7864)]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/hú/s~úppó~rt]

[CZÉC~H]

[800 - SÁMS~ÚÑG
(800-726786)]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/cz/s~úppó~rt]

[SLÓV~ÁKÍÁ~]

[0800 - SÁMS~ÚÑG
(0800-726 786)]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/sk/s~úppó~rt]

[CRÓÁ~TÍÁ]

[072 726 786]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/hr/s~úppó~rt]

[BÓSÑ~ÍÁ]

[055 233 999]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/bá/s~úppó~rt]

[Ñórt~h Mác~édóñ~íá]

[023 207 777]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/mk/s~úppó~rt]

[MÓÑT~ÉÑÉG~RÓ]

[020 405 888]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/súp~pórt~]

[SLÓV~ÉÑÍÁ~]

[080 697 267 (bréz~pláčñ~á štév~ílká~)]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/sí/s~úppó~rt]

[SÉRB~ÍÁ]

[011 321 6899]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/rs/s~úppó~rt]

[Kósó~vó]

[038 40 30 90]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/súp~pórt~]

[ÁLBÁ~ÑÍÁ]

[045 620 202]

 [és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/ál/s~úppó~rt]

[BÚLG~ÁRÍÁ~]

[0800 111 31 - Безплатен за всички оператори
*3000 - Цена на един градски разговор или според тарифата на мобилният оператор
09:00 до 18:00 - Понеделник до Петък]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/bg/s~úppó~rt]

[RÓMÁ~ÑÍÁ]

[0800872678 - Ápél~ grát~úít
*8000 - Á~pél t~áríf~át îñ r~éţéá
P~rógr~ám Cá~ll Cé~ñtér~
Lúñí~ - Víñé~rí: 9 ÁM~ - 6 PM]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/ró/s~úppó~rt]

[ÍTÁL~ÍÁ]

[800-SÁMS~ÚÑG (800.7267864)]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/ít/s~úppó~rt]

[CÝPR~ÚS]

[8009 4000 óñlý~ fróm~ láñd~líñé~,  tóll~ fréé~]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/gr/s~úppó~rt]

[GRÉÉ~CÉ]

[80111-SÁMS~ÚÑG (80111 726 7864) f~róm m~óbíl~é áñd~ láñd~ líñé~ (+30) 210 6897691 fróm~ móbí~lé áñ~d láñ~d líñ~é]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/gr/s~úppó~rt]

[PÓLÁ~ÑD]

[801-172-678*
* (ópłát~á wéd~łúg tá~rýfý~ ópér~átór~á)]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/pl/s~úppó~rt]

[LÍTH~ÚÁÑÍ~Á]

[0-800-77777]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/lt/s~úppó~rt]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/lv/s~úppó~rt]

[LÁTV~ÍÁ]

[8000-7267]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/lt/s~úppó~rt]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/lv/s~úppó~rt]

[és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/éé/s~úppó~rt]

[ÉSTÓ~ÑÍÁ]

[800-7267]

[7. Информации за рециклирање]

[ка за рециклирање]

[Упатства за WÉÉÉ~

Правилно отстранување на производот (Отпадна електрична и електронска опрема)

(Важи во земјите со посебни системи за собирање на отпадот)

Оваа ознака на производот, приборот или литературата укажува на тоа дека, на крајот од својот работен век, производот и неговиот електронски прибор (на пр. полнач, слушалки со микрофон, ÚSB-кабел) не треба да се отстрануваат со останатиот отпад од домаќинството. За да се спречи евентуална штета за животната средина или човековото здравје од неконтролирано отстранување на отпадот, треба да ги одвојувате овие предмети од останатите видови отпад и да ги рециклирате на одговорен начин, со што ќе промовирате одржлива повторна употреба на материјалните ресурси.

Корисниците во домаќинствата треба да контактираат или со продавачот, каде што го купиле производот, или со локалните органи, за да добијат податоци за тоа, каде и кога можат да ги однесат овие предмети на еколошки безбедно рециклирање.

Деловните корисници треба да се обратат кај продавачот и да ги проверат условите од купопродажниот договор. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се меша со другиот комерцијален отпад за отстранување.

За информации за посветеноста на S~ámsú~ñg на животната средина и за регулаторните обврски за производите, на пр. RÉ~ÁCH, W~ÉÉÉ или батериите, посетете ја нашата страница за одржливост достапна преку é~s-ús-284f~cd07851162dá~d.gét~smár~tlíñ~g.cóm~
(Само за производи што се продаваат во европските земји и во Обединетото Кралство)]

[8. Етикета со предупредување]

[Предупредување]

[R-600á
ЦИКЛОПЕНТАН
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ; Ризик од пожар/Запаливи материјали
Производител : Sá~msúñ~g PÓ B~óx 12987, Dú~blíñ~. ÍÉ / Ýá~télé~ý, GÚ46 6G~G. ÚK]

[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]