[Основен водич за производот]

[Овој водич вклучува основни упатства за користење и мерки на претпазливост за производот. За подетални информации за производот, погледнете во Упатството за корисникот на веб-локацијата на Sáms~úñg.

* Како да го најдете упатството
Чекор 1: Пристапете до веб-локацијата за поддршка S~ámsú~ñg Sú~ppór~t: htt~ps://és~-ús-284fc~d07851162dád~.géts~márt~líñg~.cóm/s~úppó~rt
Чекор 2: Пребарајте со името на моделот или пазарното име.]

[Прирачник за користење]

[Оваа MÍCR~Ó LÉD~ се испорачува со ова Упатство за корисникот и вграден Водич за корисници.

Предупредување¡ Важни безбедносни инструкции
Ве молиме прочитајте ги безбедносните инструкции пред да започнете да го користите вашиот MÍC~RÓ LÉ~D. Погледнете ја табелата подолу за да го дознаете објаснувањето за симболите со кои може да биде обележан вашиот производ од Sám~súñg~.

ВНИМАНИЕ
РИЗИК ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР. НЕ ОТВОРАЈТЕ.
ЗА ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТСТРАНУВАЈТЕ ГО КАПАКОТ (НИТУ ЗАДНАТА СТРАНА). ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕМА ДЕЛОВИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВАТ ОД СТРАНА НА КОРИСНИКОТ. ПРЕПУШТЕТЕ ГО СЕРВИСИРАЊЕТО НА КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ.]

[Симбол за висок напон] [Симбол за висок напон]

[Овој симбол посочува дека во внатрешноста има висок напон. Опасно е да доаѓате во каков било контакт со внатрешните делови на овој производ.]

[Симбол за предупредување] [Симбол за предупредување]

[Овој симбол означува дека со овој производ се испорачува важна литература во врска со неговото функционирање и одржување.]

[Симбол за производ од класа 2] [Симбол за производ од класа 2]

[Производ од класа ÍÍ: Овој симбол означува дека не е потребно безбедносно заземјување. Ако овој симбол не е присутен на производот со кабел за напојување, тогаш тој производ МОРА да биде приклучен во штекер со заземјување]

[Симбол за наизменична струја] [Симбол за наизменична струја]

[ÁC напон: Номиналниот напон означен со ваков симбол е наизменичен (ÁC~) напон.]

[Симбол за еднонасочна струја)] [Симбол за еднонасочна струја)]

[DC напон: Номиналниот напон означен со ваков симбол е еднонасочен (DC~) напон.]

[Симбол за внимание] [Симбол за внимание]

[Внимание. Погледнете во инструкциите за користење: Овој симбол му наложува на корисникот да погледне во упатство за корисникот за дополнителни информации поврзани со безбедноста.]

[Напојување][
• Не оптоварувајте ги ѕидните приклучоци за струја, продолжителните кабли или адаптерите со надминување на нивниот капацитет. Тоа може да предизвика пожар или електричен удар.
Погледнете го делот со спецификации за напојувањето од прирачникот или ознаката за напојување на производот за информации за напонот и амперажата.
• Каблите за напојување треба да се постават на начин со кој ќе се избегне нивното газење или приклештување со предмети кои се поставени врз или до нив. Обрнете посебно внимание на приклучоците на краевите од кабелот, ѕидните приклучоци за струја и местата на кои излегуваат од уредот.
• Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените делови на овој уред. Ова може да предизвика електричен удар.
• За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја внатрешноста на овој уред. Само квалификуван техничар смее да го отвора овој уред.
• Приклучете го кабелот за напојување дури откако ќе го прицврстите уредот. Кога го исклучувате кабелот за напојување од ѕиден приклучок за струја, секогаш влечете за приклучокот на кабелот за напојување. Никогаш не исклучувајте го со влечење на самиот кабел. Не допирајте го кабелот за напојување со влажни раце.
• Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него се слушаат невообичаени звуци или излегува некоја миризба - веднаш исклучете го од напојување и обратете се кај овластениот продавач или во сервисен центар на Sáms~úñg.

• За да го заштитите овој апарат од удар од гром или за да го оставите без надзор и да не го користите долг временски период, извадете го кабелот од ѕидниот приклучок за струја и исклучете ја антената или кабелскиот систем.
‒ Насобраниот прав може да предизвика електричен удар, истекување на струја или пожар, бидејќи поради правта кабелот за напојување може да создаде искри и топлина или изолацијата може да ги изгуби своите својства.
• Користете само соодветно заземјени приклучоци и штекери.
‒ Неправилното заземјување може да предизвика електричен удар или оштетување на опремата. (само опрема од класа l~.)
• За да го исклучите целосно овој уред, извадете го неговиот кабел од ѕидниот штекер. За да можете брзо да го исклучите кабелот за напојување на уредот доколку има таква потреба, овозможете лесен пристап до ѕидниот штекер и приклучокот за напојување.

Инсталирање
• Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор или грејни тела или, пак, на места каде што ќе биде изложен на директна сончева светлина.
• Не поставувајте садови (вазни итн.) кои содржат вода врз овој уред, бидејќи тоа може да предизвика пожар или електричен удар.
• Не изложувајте го уредот на дожд или влага.
• Обратете се во овластен сервисен центар на Sáms~úñg за да добиете повеќе информации доколку планирате да го инсталирате M~ÍCRÓ~ LÉD на место
со многу прав, високи или ниски температури, голема влажност, хемиски супстанци или на места каде што ќе се користи во период од 24 часа како на аеродроми, железнички станици итн. Во спротивно може да предизвикате сериозни оштетувања на M~ÍCRÓ~ LÉD.
• Не изложувајте го уредот на капки или прскање.
• Овој M~ÍCRÓ~ LÉD е производ за широка потрошувачка и е дизајниран за монтирање само во домашна околина. Секое монтирање надвор од
домашна околина, на пример, во приватно пловило (вклучувајќи јахта), приватен авион или на отворено, може да ја поништи гаранцијата.

Монтирање како држач за на ѕид
• Погледнете го водичот за монтирање на држач за на ѕид за детали за прикачување на ѕидниот носач.
• Може да инсталирате ѕиден носач V~ÉSÁ. Сепак, се препорачува да користите ѕиден носач што се доставува стандардно.
• При монтирање на ѕидниот носач V~ÉSÁ, се препорачува прво да ги прицврстите сите четири V~ÉSÁ завртки.

Монтирање M~ÍCRÓ~ LÉD на ѕид]

[Предупредување] [Предупредување]

[Ако го монтирате овој MÍCR~Ó LÉD~ на ѕид, тогаш придржувајте се строго до инструкциите што ги наведува производителот. Доколку не се монтира правилно, MÍCR~Ó LÉD~ може да излезе од лежиштето или да падне, а притоа да предизвика сериозни повреди кај деца или возрасни и сериозни оштетувања на MÍCR~Ó
LÉD~.]

[• Компанијата Sáms~úñg не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас или другите лица, доколку изберете сами да го монтирате ѕидниот носач.
• Компанијата S~ámsú~ñg не одговара за оштетувањата на производот или личните повреди што може да настанат при употреба на ѕидни носачи кои не ги исполнуваат VÉ~SÁ стандардите или спецификациите за монтирање или во случаи кога корисникот не го следи упатството за инсталирање.
• Ѕидниот носач може да го инсталирате на цврст ѕид кој е поставен нормално на подот. Пред да го прицврстите ѕидниот носач на површини кои не се изработени од гипс картон, обратете се кај најблискиот продавач за да добиете дополнителни информации. Ако го поставите MÍ~CRÓ L~ÉD
на таван или ѕид кој е косо поставен, тој може да падне и да предизвика сериозни повреди.
• При монтирање на комплетот со ѕиден носач, ви препорачуваме да ги прицврстите сите четири VÉ~SÁ завртки.
• Не инсталирајте го телевизорот MÍ~CRÓ L~ÉD кога е закосен.]

[Предупредување] [Предупредување]

[Не монтирајте го ѕидниот носач додека MÍCR~Ó LÉD~ е вклучен. Тоа може да предизвика лични повреди како последица на електричен удар.]

[• Не употребувајте завртки кои се подолги од стандардните димензии или не ги исполнуваат VÉSÁ~ стандардите за спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги можат да ја оштетат внатрешноста на вашиот MÍCR~Ó LÉD~.
• За ѕидните носачи кои не се во согласност со VÉSÁ~ стандардите за спецификација на завртките, должината на завртките може да се разликува во зависност од спецификациите на ѕидниот носач.
• Не прицврстувајте ги завртките премногу. На тој начин производот може да се оштети или, пак, да падне и да ве повреди. Компанијата Sáms~úñg нема да сноси одговорност за овој вид на несреќи.
• За монтирање M~ÍCRÓ~ LÉD на ѕид секогаш се потребни четири лица.

Обезбедување соодветна вентилација за вашиот M~ÍCRÓ~ LÉD
При инсталирање на вашиот M~ÍCRÓ~ LÉD и Ó~ñé Có~ññéc~t Bóx~,одржувајте растојание од најмалку 10 cm помеѓу MÍ~CRÓ L~ÉD, Óñ~é Cóñ~ñéct~ Bóx и останатите објекти (ѕидови, страните на комодата итн.) за да овозможите соодветна вентилација. Доколку не одржувате соодветна вентилација, тоа може да предизвика пожар или проблем кај производот кој ќе настане поради зголемување на неговата внатрешна температура.
• Кога го монтирате вашиот M~ÍCRÓ~ LÉD со ѕиден носач, строго ви препорачуваме да ги користите само деловите обезбедени од S~ámsú~ñg. Користењето делови од друг производител може да предизвика неправилна работа на производот или може да дојде до повреда предизвикана од неисправност на уредот.

Користење
• Овој уред користи батерии. Во вашата заедница можеби постојат еколошки регулативи според кои треба правилно да ги отстраните овие батерии. Ве молиме обратете се кај вашите локални власти за да добиете информации за отстранување или рециклирање.
• Галантеријата (далечински управувач итн.) треба да се складира на безбедно место кое не е на дофат на деца.
• Не го испуштајте или удирајте производот. Ако производот е оштетен, исклучете го кабелот за напојување и обратете се во сервисен центар на Sá~msúñ~g.
• Не фрлајте ги далечинскиот управувач или батериите во оган.
• Не ги расклопувајте, прегревајте, или правете краток спој на батериите.
• ВНИМАНИЕ: Постои опасност од експлозија доколку батериите што сте ги користеле во далечинскиот управувач ги замените со батерии од погрешен вид. Заменете ги само со ист или еквивалентен вид.]

[Предупредување] [Предупредување]

[• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ ГИ СВЕЌИТЕ И ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА ОТВОРЕН ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД.]

[Грижа за MÍCR~Ó LÉD~][
• За да го исчистите уредот, исклучете го кабелот за напојување од ѕидниот штекер и избришете го производот со мека и сува крпа. Не користете никакви хемикалии како восок, бензен, алкохол, разредувачи, инсектициди, освежувачи на воздух, лубриканти или детергенти. Овие хемикалии можат да го оштетат надворешниот изглед на MÍCR~Ó LÉD~ или да ги избришат отпечатените ознаки на производот.
• Надворешниот дел и екранот на MÍCR~Ó LÉD~ може да се изгребат при чистење. Не заборавајте внимателно да го избришете надворешниот дел и екранот со мека крпа за да не направите гребнатини.
• Не прскајте вода или каква било течност директно на MÍCR~Ó LÉD~. Секоја течност која ќе навлезе во производот може да предизвика неисправност, пожар или електричен удар.

Користење ÍR кабел
Кога ја користите функцијата Mú~ltí V~íéw, портите H~DMÍ 1 до 4 може да се контролираат преку Í~R-кабел што е поврзан со секој ÍR.

Поврзување M~ÍCRÓ~ LÉD со уредот Ó~ñé Có~ññéc~t]

[Предупредување] [Предупредување]

[• Уредот Óñé C~óññé~ct не треба да се користи во обратна или исправена положба.
• Уверете се дека кабелот не е превиткан во текот на поврзувањето. Во спротивно, перформансите на производот може да се намалат или кабелот може да се оштети.
• При организирање на преостанатите кабли, погледнете ја сликата погоре за да видите како се организирани.]

[Почетно поставување][
Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот MÍCRÓ LÉD, тој веднаш ќе го активира почетното поставување. Следете ги инструкциите што се прикажуваат на екранот и конфигурирајте ги основните поставки на MÍCRÓ LÉD според опкружувањето во кое го користите.
• Ќе ви треба сметка на Sámsúñg за да пристапите до целиот опсег на паметни функции. Доколку изберете да не се пријавите, ќе добиете поврзување само со терестријален ТВ (се применува на уреди само со приемници) и надворешни уреди, на пр., преку HDMÍ.

Користење на MÍCRÓ LÉD контролор
Може да го вклучите MÍCRÓ LÉD со помош на копчето MÍCRÓ LÉD контролор на долната страна на MÍCRÓ LÉD, а потоа користете ја функцијата Мени за контрола. Функцијата Мени за контрола се појавува кога ќе го притиснете копчето MÍCRÓ LÉD контролор кога MÍCRÓ LÉD е вклучен.

Решавање на проблеми
За повеќе информации, погледнете во „Решавање на проблеми“ во Водич за корисници.
Ако советите за решавање на проблеми не помагаат, посетете ја „és-ús-284fcd07851162dád.gétsmártlíñg.cóm“ и кликнете на Поддршка или контактирајте со сервисниот центар на Sámsúñg.
• Поради технички ограничувања во процесот на производство, некои пиксели на панелот може да изгледаат како потемни или посветли или може да треперат. Сепак, ова не влијае на перформансите на производот.
• Поради повеќе модули на производот, може да се појави шема на решетка од блиско растојание. Ова не е дефект на производот.
• За да го доведете вашиот MÍCRÓ LÉD во оптимална состојба, надградете го со најновиот софтвер. Искористете ја функцијата Ажурирај сега или Автоматско ажурирање во менито на MÍCRÓ LÉD.

á. MÍCRÓ LÉD не може да се вклучи.
• Проверете дали кабелот за напојување е добро приклучен во уредот MÍCRÓ LÉD, Óñé Cóññéct и во ѕидниот приклучок.
• Проверете дали ѕидниот приклучок за напојување функционира и дали сензорот за далечинскиот управувач на долната страна на MÍCRÓ LÉD е вклучен и свети непрекинато во црвена боја.
• Обидете се да го притиснете копчето MÍCRÓ LÉD контролор на долната страна на MÍCRÓ LÉD за да проверите дали има проблем со далечинскиот управувач. Доколку MÍCRÓ LÉD се вклучи, погледнете го делот
„Далечинскиот управувач не функционира“.

b. Далечинскиот управувач не функционира.
• Проверете дали трепка сензорот на далечинскиот управувач на долната страна на MÍCRÓ LÉD кога го притискате копчето за вклучување на далечинскиот управувач.
‒ Кога батеријата на далечинското ќе се испразни, полнете ја батеријата со користење на УСБ-приклучокот (C-тип) за полнење или завртете го далечинскиот управувач за да ја изложите соларната ќелија на светлина.
• Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон MÍCRÓ LÉD на оддалеченост од 1,5-1,8 m.
• Ако вашиот MÍCRÓ LÉD ви бил испорачан со Далечинска контрола на Sámsúñg Smárt (далечински управувач со Blúétóóth), прво треба да го спарите далечинскиот управувач со MÍCRÓ LÉD. За да спарите
Далечинска контрола на Sámsúñg Smárt, притиснете ги копчињата Врати и Репродукција/Пауза заедно 3 секунди.

Еко сензор и осветленост на екранот
Функцијата Еко сензор автоматски ја прилагодува осветленоста на MÍCRÓ LÉD. Оваа функција ја мери светлината во вашата соба и автоматски ја оптимизира осветленоста на MÍCRÓ LÉD за да ја намали потрошувачката на енергија.
• Еко сензорот се наоѓа на долната страна на MÍCRÓ LÉD. Не го блокирајте сензорот со какви било предмети. Ова може да предизвика намалување на осветленоста на сликата.

Забелешки
• Овој уред е дигитален апарат од класа Б.
• За повеќе информации во врска со напојувањето и потрошувачката на енергија, погледнете ги информациите на налепницата залепена на производот.
‒ Кај повеќето модели етикетата е закачена на задната страна на MÍCRÓ LÉD.
‒ На моделите на уредот Óñé Cóññéct, ознаката е прикачена на долната страна на уредотÓñé Cóññéct.
• Типичната потрошувачка на енергија се мери според ÍÉC 62087.
• За да приклучите LÁÑ-кабел, користете кабел CÁT 7 (*тип STP) за поврзувањето. (100/10 Mbps)
* Shíéldéd Twístéd Páír
• Доставените кабли може да се разликуваат во зависност од земјата. Уверете се дека користите кабел за напојување соодветен за вашиот регион.
• Бојата и обликот на предметите може да се разликуваат во зависност од моделите.
• Каблите кои не се испорачуваат можат да се купат одделно.
• Проверете дали има скриена галантерија зад или во пакувањето кога ќе ја отворите кутијата.
• Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се разликуваат од вистинскиот приказ на производот. Дизајнот и спецификациите на производот може да се променат без претходно известување.

Посетете ја és-ús-284fcd07851162dád.gétsmártlíñg.cóm/súppórt за да пронајдете понатамошни информации за надворешниот адаптер за напојување и далечинскиот управувач во врска со Директивата на ЕУ Екодизајн - регулатива ЕРП.
Можно е да ви наплатат дополнително во следните ситуации:
(á) Ако повикате инженер, но не е пронајден дефект на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале прирачникот за користење).
(b) Ако го однесете уредот во сервисниот центар на Sámsúñg, каде што ќе се утврди дека нема дефект на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале прирачникот за користење).
Пред да ве посети техничкото лице, ќе бидете известени за сумата на административните трошоци.
После поправката од страна на неовластен сервис, само-поправка или непрофесионална поправка на производот, Sámsúñg не е одговорен за каква било штета на производот, за каква било повреда или за кое било друго прашање во врска со безбедност на производот предизвикано од обид за поправка при што не се следени внимателно овие упатства за поправка и одржување. Секое оштетување на производот предизвикано од обид да се поправи производот од кое било друго лице, освен овластени сервисни центри на Sámsúñg, нема да бидат опфатени со гаранцијата.

Намалување на потрошувачката на енергија
Кога ќе го исклучите MÍCRÓ LÉD, тој преминува во режим на подготвеност. Кога е во режим на подготвеност, продолжува да троши мало количество на енергија. За да ја намалите потрошувачката на енергија, исклучете го кабелот за напојување кога не планирате да го користите MÍCRÓ LÉD подолг временски период.]

[Икона која укажува дека уредот не треба да се фрла со домашен отпад] [Икона која укажува дека уредот не треба да се фрла со домашен отпад]

[Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема)
(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)]

[Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, ÚSB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.
Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.
Отстранување на батеријата
• За да ја отстраните батеријата, контактирајте со овластен сервисен центар. За да добиете упатства за отстранување на батеријата, Ве молиме посетете ја é~s-ús-284f~cd07851162dá~d.gét~smár~tlíñ~g.cóm~/glób~ál/éc~ódés~ígñ_~éñér~gý
• За Ваша безбедност, не обидувајте се да ја отстраните батеријата. Ако батеријата не е соодветно отстранета, тоа може да доведе до оштетување на батеријата и уредот, да предизвика лична повреда, и/или да резултира со намалена безбедност на уредот.

- За вградени батерии]

[Икона која укажува дека уредот не треба да се фрла со домашен отпад] [Икона која укажува дека уредот не треба да се фрла со домашен отпад]

[Правилно отстранување на батериите од овој производ
(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)]

[Ознаката на батеријата, упатството или пакувањето укажува дека батеријата во овој производ не треба да се фрла заедно со останатиот отпад од домаќинството. Каде што се означени, хемиските симболи Hg, Cd~ или Pb означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното ниво во Директивата 2006/66/ÉC~.
Батеријата која е составен дел од овој производ не може да биде заменета од корисникот. За информации за нејзина замена, Ве молиме обратете се до
Вашиот сервисен центар. Не обидувајте се да ја отстраните батеријата или да ја фрлите во оган. Не расклопувајте ја, не кршете ја или не дупчете ја батеријата.
Ако сакате да се ослободите од производот, местото за собирање отпад ќе ги преземе неопходните мерки за рециклирање и третман на производот, вклучувајќи ја и батеријата.]

[Водич со регулативи]

[Поврзување на приклучокот за напојување (само во ОК)]
[
ВАЖНА НАПОМЕНА
Кабелот за напојување на оваа опрема е доставен со соодветен приклучок што има осигурувач. Вредноста на осигурувачот е наведена на предната страна
од игличките на приклучокот и, ако треба да се замени, мора да се користи осигурувач што е одобрен според BSÍ1362 со истата вредност.
Никогаш не користете приклучок без капак на осигурувачот ако капакот може да се извади. Ако е потребен заменски капак за осигурувачот, тој мора да биде со иста боја како предната страна на игличката од приклучокот. Заменските капаци се достапни кај продавачот.
Ако поставениот приклучок не е соодветен за штекерите во вашиот дом или ако кабелот не е доволно долг за да стигне до штекерот, треба да набавите соодветен безбеден продолжен кабел или да се консултирате со продавачот. Сепак, ако не постои алтернатива и мора да го пресечете приклучокот, извадете го осигурувачот, па безбедно отстранете го приклучокот.
НЕ поврзувајте го приклучокот во штекерот ако постои ризик од струен удар од соголениот флексибилен кабел.

ВАЖНО
Жиците во кабелот за напојување ги имаат следниве бои: СИНА - НЕУТРАЛНО КАФЕНА - ЖИВА
Бидејќи овие бои може да не одговараат на терминалите во штекерот, продолжете на следниов начин:
СИНАТА жица мора да се поврзе со терминалот означен со буквата Ñ~ или со СИНА или ЦРНА боја. КАФЕНАТА жица мора да се поврзе со терминалот означен со буквата L или со КАФЕНА или ЦРВЕНА боја.]

[Предупредување] [Предупредување]

[ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ ПОВРЗУВАЈТЕ НИТУ ЕДНА ОД ЖИЦИТЕ СО ТЕРМИНАЛОТ ЗА ЗАЗЕМЈУВАЊЕ, ШТО Е ОЗНАЧЕН СО БУКВАТА É ИЛИ СО СИМБОЛОТ ЗА ЗЕМЈА ИЛИ Е СО ЗЕЛЕНА ИЛИ ЖОЛТА И ЗЕЛЕНА БОЈА.]

[ÉÑÉR~GÝ ST~ÁR]

[Éñér~gý st~ár] [Éñér~gý st~ár]

[Само за модел што е квалификуван за ÉÑÉR~GÝ ST~ÁR
‒ Вашиот производ од Sá~msúñ~g е квалификуван за ÉÑÉ~RGÝ S~TÁR според стандардните фабрички
поставки. Промената на одредени функции, поставки и функционалност во овој производ може да ја промени потрошувачката на енергија за квалификација за É~ÑÉRG~Ý STÁ~R.
‒ Агенција за заштита на животната средина и Министерство за енергија. ÉÑÉ~RGÝ S~TÁR е заедничка програма на владините агенции, направена за да промовира енергетски ефикасни производи и практики.]

[Погледнете ја веб-локацијата www.éñérgýstár.góv за повеќе информации за програмата ÉÑÉRGÝ STÁR.

Само за модел што е квалификуван за ÉÑÉRGÝ STÁR (другите модели)
Како партнер на ÉÑÉRGÝ STÁR, Sámsúñg одреди дека овој производ или модели на производи ги исполнуваат насоките на ÉÑÉRGÝ STÁR за енергетска ефикасност.

Информации за рециклирање (понуда за враќање)
За информации за рециклирање за нашиот производ и пакување, контактирајте со компанијата што е одговорна за вашиот регион на живеење.
За оние кои живеат во други земји, контактирајте со најблискиот локален продавач на Sámsúñg за информации за рециклирање за производите да бидат третирани на еколошки прифатлив начин.
Потрошувачите во Европа може да ги најдат информациите за враќање подолу: https://és-ús-284fcd07851162dád.gétsmártlíñg.cóm/úk/sústáíñábílítý/éñvíróñméñt/éñvíróñméñt-dátá/
За повеќе информации за регулаторните обврски специфични за некои производи и еколошките цели на Sámsúñg, на пр., RÉÁCH, WÉÉÉ, батерии, посетете ја веб-страницата https://és-ús-284fcd07851162dád.gétsmártlíñg.cóm/úk/sústáíñábílítý/éñvíróñméñt/éñvíróñméñt-dátá/
((Италија: https://és-ús-284fcd07851162dád.gétsmártlíñg.cóm/ít/sústáíñábílítý/éñvíróñméñt/éñvíróñméñt-dátá/)
Барања од Екодизајн за надворешни уреди за напојување: Барања за информации (само за модел со додаден адаптер)
és-ús-284fcd07851162dád.gétsmártlíñg.cóm/glóbál/écódésígñ_cómpóñéñt

Низ целиот свет
Кај моделите што поддржуваат Óñé Cóññéct или Óñé Cóññéct Míñí, кога телевизорот е поврзан со надворешен уред како DVD/BD плеер или sét-tóp bóx преку HDMÍ, режимот за синхронизација на напојувањето ќе се активира автоматски. Во овој режим за синхронизација на напојувањето, телевизорот ќе продолжи да открива и да се поврзува со надворешни уреди преку HDMÍ кабел. Оваа функција може да се деактивира со отстранување на HDMÍ-кабел на поврзаниот уред.]

[Производител : Sáms~úñg É~léct~róñí~cs PÓ~ Bóx 12987, D~úblí~ñ. ÍÉ]

[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]