[Основен водич за производот]
[Овој водич вклучува основни упатства за користење и мерки на претпазливост за производот. За подетални информации за производот, погледнете во Упатството за корисникот на веб-локацијата на Sáms~úñg.
* Како да го најдете упатството
Чекор 1: Пристапете до веб-локацијата за поддршка S~ámsú~ñg Sú~ppór~t: htt~ps://és~-ús-284fc~d07851162dád~.géts~márt~líñg~.cóm/s~úppó~rt
Чекор 2: Пребарајте со името на моделот или пазарното име.]
[Едноставен водич за користење]
[Овој Prój~éctó~r доаѓа со овој Едноставен водич за користење и вграден Водич за корисници.
Предупредување¡ Важни безбедносни инструкции
Ве молиме прочитајте ги безбедносните инструкции пред да започнете да го користите вашиот Pr~ójéc~tór. Погледнете ја табелата подолу за да го дознаете објаснувањето за симболите со кои може да биде обележан вашиот производ од S~ámsú~ñg.
ВНИМАНИЕ
РИЗИК ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР. НЕ ОТВОРАЈТЕ.
ЗА ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТСТРАНУВАЈТЕ ГО КАПАКОТ (НИТУ ЗАДНАТА СТРАНА). ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕМА ДЕЛОВИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВАТ ОД СТРАНА НА КОРИСНИКОТ. ПРЕПУШТЕТЕ ГО СЕРВИСИРАЊЕТО НА КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ.]
[Напојување][
• Не оптоварувајте ги ѕидните приклучоци за струја, продолжителните кабли или адаптерите со надминување на нивниот капацитет. Тоа може да предизвика пожар или електричен удар.
Погледнете го делот со спецификации за напојувањето од прирачникот или ознаката за напојување на производот за информации за напонот и амперажата.
• Каблите за напојување треба да се постават на начин со кој ќе се избегне нивното газење или приклештување со предмети кои се поставени врз или до нив. Обрнете посебно внимание на приклучоците на краевите од кабелот, ѕидните приклучоци за струја и местата на кои излегуваат од уредот.
• Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените делови на овој уред. Ова може да предизвика електричен удар.
• За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја внатрешноста на овој уред. Само квалификуван техничар смее да го отвора овој уред.
• Приклучете го кабелот за напојување дури откако ќе го прицврстите уредот. Кога го исклучувате кабелот за напојување од ѕиден приклучок за струја, секогаш влечете за приклучокот на кабелот за напојување. Никогаш не исклучувајте го со влечење на самиот кабел. Не допирајте го кабелот за напојување со влажни раце.
• Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него се слушаат невообичаени звуци или излегува некоја миризба - веднаш исклучете го од напојување и обратете се кај овластениот продавач или во сервисен центар на Sáms~úñg.
• За да го заштитите овој апарат од удар од гром или за да го оставите без надзор и да не го користите долг временски период, извадете го кабелот од ѕидниот приклучок за струја и исклучете ја антената или кабелскиот систем.
‒ Насобраниот прав може да предизвика електричен удар, истекување на струја или пожар, бидејќи поради правта кабелот за напојување може да создаде искри и топлина или изолацијата може да ги изгуби своите својства.
• Користете само соодветно заземјени приклучоци и штекери.
‒ Неправилното заземјување може да предизвика електричен удар или оштетување на опремата. (само опрема од класа l~.)
• За да го исклучите целосно овој уред, извадете го неговиот кабел од ѕидниот штекер. За да можете брзо да го исклучите кабелот за напојување на уредот доколку има таква потреба, овозможете лесен пристап до ѕидниот штекер и приклучокот за напојување.
Инсталирање
• Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор или грејни тела или, пак, на места каде што ќе биде изложен на директна сончева светлина.
• Не поставувајте садови (вазни итн.) кои содржат вода врз овој уред, бидејќи тоа може да предизвика пожар или електричен удар.
• Не изложувајте го овој апарат на вода (дожд) или влага.
• Не монтирајте го овој Prój~éctó~r на локација со многу прашина, хемиски материи, многу висока или ниска температура или висока влажност, во автомобил или друго возило за транспорт, или на локација каде што Pró~jéct~ór ќе работи континуирано подолг временски период, како на
пример, на аеродром или железничка станица. Ако се монтира на такви локации, може да дојде до сериозен проблем поврзан со квалитетот поради самата околина.
• Не изложувајте го уредот на капки или прскање.
• Не изложувајте го уредот на масло или масна пареа.
• Не користете масла или мазива. Тоа може да предизвика напукнување на апаратот.
Обезбедување соодветна вентилација за вашиот Pr~ójéc~tór
При инсталирање на вашиот P~rójé~ctór~, одржувајте растојание од најмалку 10 cm помеѓу Pr~ójéc~tór и останатите објекти (ѕидови, страните на комодата итн.) за да овозможите соодветна вентилација. Доколку не одржувате соодветна вентилација, тоа може да предизвика пожар или проблем кај производот кој ќе настане поради зголемување на неговата внатрешна температура.
• Кога P~rójé~ctór~ работи во затворен простор, оставете најмалку 50 cm растојание околу влезните и излезните отвори.
Користење
• Овој уред користи батерии. Во вашата заедница можеби постојат еколошки регулативи според кои треба правилно да ги отстраните овие батерии. Ве молиме обратете се кај вашите локални власти за да добиете информации за отстранување или рециклирање.
• Галантеријата (далечински управувач итн.) треба да се складира на безбедно место кое не е на дофат на деца.
• Ако треба целосно да го исклучите проекторот, почекајте вентилаторот целосно да престане да работи за Pr~ójéc~tór да може целосно да се излади.
• Не фрлајте ги далечинскиот управувач или батериите во оган.
• Не ги расклопувајте, прегревајте, или правете краток спој на батериите.
• Ставањето на батеријата во оган или во жешка рерна, или механичко кршење или сечење на батеријата, може да предизвика експлозија.
• Не го испуштајте или удирајте производот. Ако производот е оштетен, исклучете го кабелот за напојување и обратете се во сервисен центар на S~ámsú~ñg.
• ВНИМАНИЕ: Постои опасност од експлозија доколку батериите што сте ги користеле во далечинскиот управувач ги замените со батерии од погрешен вид. Заменете ги само со ист или еквивалентен вид.]
[• Оставањето батерија во околина со екстремно висока температура што може да предизвика експлозија или истекување на запалива течност или гас;
• Батерија изложена на екстремно низок воздушен притисок што може да предизвика експлозија или истекување на запалива течност или гас.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Не користете течни фумигатори што содржат хемикалии, како што се средства против комарци или освежувачи на воздух, околу производот. Ако пареата дојде во контакт со површината на производот или ако навлезе во производот, може да предизвика појава на дамки или дефекти.
• Внимавајте кога го допирате Prójéctór откако бил вклучен подолг период. Некои делови може да бидат жешки.
Ласер (само ласерски Prójéctór)
• Не блокирајте го светлото што доаѓа од леќата на проекторот додека тој работи. Светлото ќе го загрее предметот и може да го стопи, да предизвика изгореници или пожар.
• Не гледајте директно во светлото од леќата на Prójéctór и не насочувајте го светлото во очи.
• Избегнувајте гледање во проектираниот екран долги периоди. Гледање во проектираниот екран долго време може да предизвика слабост на очите. Повремено одморајте ги очите кога го користите производот.
• Не проектирајте на сјајни површини. Светлото може да се рефлектира во вашите очи, оштетувајќи ви го видот.
• Дополнителни упатства за надзор на деца, да не се гледа директно и да не се користат оптички помагала
‒ Се препорачува надзор на деца и не дозволувајте да гледаат директно во зракот од проекторот од ниту една оддалеченост.
‒ Се препорачува да бидете внимателни при користење на далечинскиот управувач за вклучување на проекторот додека сте пред леќата на проекторот.
‒ Се препорачува корисниците да избегнуваат употреба на оптички помагала како што е двоглед или телескоп во зракот.
• Не отворајте и не расклопувајте го проекторот бидејќи тоа може да предизвика штета од изложеност на ласерска радијација.
Грижа за Prójéctór
• За да го исчистите уредот, исклучете го кабелот за напојување од ѕидниот штекер и избришете го производот со мека и сува крпа. Не користете никакви хемикалии како восок, бензен, алкохол, разредувачи, инсектициди, освежувачи на воздух, лубриканти или детергенти. Овие хемикалии можат да го оштетат надворешниот изглед на Prójéctór или да ги избришат отпечатените ознаки на производот.
• Надворешниот дел на Prójéctór може да се изгреба при чистење. Внимателно бришете го надворешниот дел со мека крпа за да не направите гребнатини.
• Не прскајте вода или каква било течност директно на Prójéctór. Секоја течност која ќе навлезе во производот може да предизвика неисправност, пожар или електричен удар.
Почетно поставување
Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот Prójéctór, тој веднаш ќе го активира почетното поставување. Следете ги инструкциите што се прикажуваат
на екранот и конфигурирајте ги основните поставки на Prójéctór според опкружувањето во кое го користите.
• Ќе ви треба сметка на Sámsúñg за да пристапите до целиот опсег на паметни функции. Доколку изберете да не се пријавите, ќе добиете поврзување само со терестријален ТВ (се применува на уреди само со приемници) и надворешни уреди, на пр., преку HDMÍ.
Решавање на проблеми
За повеќе информации, погледнете „Решавање на проблеми“ во Водич за корисници.
Ако советите за решавање на проблеми не помагаат, посетете ја és-ús-284fcd07851162dád.gétsmártlíñg.cóm и кликнете на Поддршка или контактирајте со сервисниот центар на Sámsúñg.
• За да го доведете вашиот Prójéctór во оптимална состојба, надградете го со најновиот софтвер.
á. Prójéctór не може да се вклучи.
• Проверете дали кабелот за напојување е добро приклучен во Prójéctór и во ѕидниот приклучок.
• Проверете дали ѕидниот приклучок функционира и дали сензорот за далечинскиот управувач на проекторот е вклучен.
• Обидете се да го притиснете копчето за вклучување на Prójéctór за да проверите дали има проблем со далечинскиот управувач. Доколку Prójéctór се вклучи, погледнете го делот „Далечинскиот управувач не функционира“.
b. Далечинскиот управувач не функционира.
• Проверете дали трепка сензорот на далечинскиот управувач на Prójéctór кога го притискате копчето за напојување на далечинскиот управувач.
‒ Кога батеријата на далечинското ќе се испразни, полнете ја батеријата со користење на УСБ-приклучокот (C-тип) за полнење или завртете го далечинскиот управувач за да ја изложите соларната ќелија на светлина.
• Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон Prójéctór на оддалеченост од 1,5-1,8 m.
• Уверете се дека сте го спариле далечинскиот управувач со Prójéctór.
Забелешки
• Овој уред е дигитален апарат од класа Б.
• За повеќе информации во врска со напојувањето и потрошувачката на енергија, погледнете ги информациите на налепницата залепена на производот.
‒ За етикети за проценка, погледнете ја површината на долниот дел на Prójéctór.
• Броевите и сликите во овој Едноставен водич за користење служат само како референца и може да се разликуваат од вистинскиот изглед на производот. Дизајнот и спецификациите на производот може да се променат без претходно известување.
Посетете ја és-ús-284fcd07851162dád.gétsmártlíñg.cóm/súppórt за да пронајдете понатамошни информации за надворешниот адаптер за напојување и далечинскиот управувач во врска со Директивата на ЕУ Екодизајн - регулатива ЕРП.
Можно е да ви наплатат дополнително во следните ситуации:
(á) Ако повикате инженер, но не е пронајден дефект на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале прирачникот за користење).
(b) Ако го однесете уредот во сервисниот центар на Sámsúñg, каде што ќе се утврди дека нема дефект на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале прирачникот за користење).
Пред да ве посети техничкото лице, ќе бидете известени за сумата на административните трошоци.
После поправката од страна на неовластен сервис, само-поправка или непрофесионална поправка на производот, Sámsúñg не е одговорен за каква било штета на производот, за каква било повреда или за кое било друго прашање во врска со безбедност на производот предизвикано од обид за поправка при што не се следени внимателно овие упатства за поправка и одржување. Секое оштетување на производот предизвикано од обид да се поправи производот од кое било друго лице, освен овластени сервисни центри на Sámsúñg, нема да бидат опфатени со гаранцијата.
Намалување на потрошувачката на енергија
Кога ќе го исклучите Prójéctór, тој преминува во режим на подготвеност.
Кога е во режим на подготвеност, продолжува да троши мало количество на енергија. За да ја намалите потрошувачката на енергија, исклучете го кабелот за напојување кога не планирате да го користите Prójéctór подолг временски период.]
[Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, ÚSB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.
Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.
Отстранување на батеријата
• За да ја отстраните батеријата, контактирајте со овластен сервисен центар. За да добиете упатства за отстранување на батеријата, Ве молиме посетете ја é~s-ús-284f~cd07851162dá~d.gét~smár~tlíñ~g.cóm~/glób~ál/éc~ódés~ígñ_~éñér~gý.
• За Ваша безбедност, не обидувајте се да ја отстраните батеријата. Ако батеријата не е соодветно отстранета, тоа може да доведе до оштетување на батеријата и уредот, да предизвика лична повреда, и/или да резултира со намалена безбедност на уредот.
- За вградени батерии]
[Ознаката на батеријата, упатството или пакувањето укажува дека батеријата во овој производ не треба да се фрла заедно со останатиот отпад од домаќинството. Каде што се означени, хемиските симболи Hg, Cd~ или Pb означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното ниво во Директивата 2006/66/ÉC~.
Батеријата која е составен дел од овој производ не може да биде заменета од корисникот. За информации за нејзина замена, Ве молиме обратете се до
Вашиот сервисен центар. Не обидувајте се да ја отстраните батеријата или да ја фрлите во оган. Не расклопувајте ја, не кршете ја или не дупчете ја батеријата.
Ако сакате да се ослободите од производот, местото за собирање отпад ќе ги преземе неопходните мерки за рециклирање и третман на производот, вклучувајќи ја и батеријата.]
[Водич со регулативи]
[Информации за рециклирање (понуда за враќање)]
[
За информации за рециклирање за нашиот производ и пакување, контактирајте со компанијата што е одговорна за вашиот регион на живеење.
За оние кои живеат во други земји, контактирајте со најблискиот локален продавач на Sámsúñg за информации за рециклирање за производите да бидат третирани на еколошки прифатлив начин.
Информации за регионални шеми за враќање може да се најдат на веб- локацијата на Sámsúñg: http://és-ús-284fcd07851162dád.gétsmártlíñg.cóm/récýclíñg_cómplíáñcé
Потрошувачите во Европа може да ги најдат информациите за враќање подолу: https://és-ús-284fcd07851162dád.gétsmártlíñg.cóm/úk/sústáíñábílítý/éñvíróñméñt/éñvíróñméñt-dátá/
За повеќе информации за регулаторните обврски специфични за некои производи и еколошките цели на Sámsúñg, на пр., RÉÁCH, WÉÉÉ, батерии, посетете ја веб-страницата https://és-ús-284fcd07851162dád.gétsmártlíñg.cóm/úk/sústáíñábílítý/éñvíróñméñt/éñvíróñméñt-dátá/
(Италија: https://és-ús-284fcd07851162dád.gétsmártlíñg.cóm/ít/sústáíñábílítý/éñvíróñméñt/éñvíróñméñt-dátá/)]
[Барања од Екодизајн за надворешни уреди за напојување: Барања за информации (само за модел со додаден адаптер)
és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/gló~bál/é~códé~sígñ~_cóm~póñé~ñt]
[Поврзување на приклучокот за напојување (само во ОК)]
[
ВАЖНА НАПОМЕНА
Кабелот за напојување на оваа опрема е доставен со соодветен приклучок што има осигурувач. Вредноста на осигурувачот е наведена на предната страна
од игличките на приклучокот и, ако треба да се замени, мора да се користи осигурувач што е одобрен според BSÍ1362 со истата вредност.
Никогаш не користете приклучок без капак на осигурувачот ако капакот може да се извади. Ако е потребен заменски капак за осигурувачот, тој мора да биде со иста боја како предната страна на игличката од приклучокот. Заменските капаци се достапни кај продавачот.
Ако поставениот приклучок не е соодветен за штекерите во вашиот дом или ако кабелот не е доволно долг за да стигне до штекерот, треба да набавите соодветен безбеден продолжен кабел или да се консултирате со продавачот. Сепак, ако не постои алтернатива и мора да го пресечете приклучокот, извадете го осигурувачот, па безбедно отстранете го приклучокот.
НЕ поврзувајте го приклучокот во штекерот ако постои ризик од струен удар од соголениот флексибилен кабел.
ВАЖНО
Жиците во кабелот за напојување ги имаат следниве бои: СИНА - НЕУТРАЛНО КАФЕНА - ЖИВА
Бидејќи овие бои може да не одговараат на терминалите во штекерот, продолжете на следниов начин:
СИНАТА жица мора да се поврзе со терминалот означен со буквата Ñ~ или со СИНА или ЦРНА боја. КАФЕНАТА жица мора да се поврзе со терминалот означен со буквата L или со КАФЕНА или ЦРВЕНА боја.]
[Производител : Sáms~úñg É~léct~róñí~cs PÓ~ Bóx 12987, D~úblí~ñ. ÍÉ]
[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]