[Основно упатство за производ]
[Ова упатство вклучува основни информации за користење и мерки на претпазливост за производот. За детални информации за производот осврнете се на Упатство за корисникот на интернет-страницата на Sáms~úñg.
• Како да го најдете упатството
Чекор 1: Пристапете на интернет-страницата на Поддршката на S~ámsú~ñg: ht~tps://é~s-ús-284f~cd07851162dá~d.gét~smár~tlíñ~g.cóm~/mk/sú~ppór~t/
Чекор 2: Пребарајте го името на моделот или рекламното име.]
[Содржина на пакетот]
[• Уред
• ÚSB кабел
• Игла за исфрлање
• Брз водич за употреба]
[Внесување на ñáñó~-SÍM картичка (се продава одделно) (модели со активирана мобилна мрежа)]
[Внесете ја иглата за исфрлање во дупката на лежиштето за да го отстраните лежиштето.
Поставете ја ñáñó~-SÍM картичката на лежиштето и вратете го лежиштето во отворот на
лежиштето. (само за модели со батерија што не се отстранува)
Отстранете ги задниот капак и батеријата. Внесете ја ñ~áñó-S~ÍM картичка во лежиштето и вратете ги батеријата и задниот капак. (само за модели со батерија што се отстранува)
Извлечете го лежиштето од отворот на лежиштето. Поставете ја ñá~ñó-SÍ~M картичката на лежиштето и вратете го лежиштето во отворот на лежиштето. (само за модели со батерија што се отстранува)
Внесете ја иглата за исфрлање во дупката на лежиштето за да го отстраните лежиштето.]
[Отстранување на ñáñó~-SÍM картичка (модели со активирана мобилна мрежа)]
[Лизгајте ја рачката на лежиштето на картичката надолу и извлечете ја ñáñó~-SÍM картичката од лежиштето. (само за модели со батерија што се отстранува)]
[Пристап до повеќе информации]
[Посетете ја és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/mk за да проверите информации за уредот, упатството за корисникот и друго. Може да настанат дополнителни трошоци со пристапување на интернет.
]
[Информации за безбедност]
[Ве молиме, прочитајте го внимателно ова упатство пред да го користите уредот, за да осигурате безбедна и правилна употреба. Можете да пристапите до други информации за безбедност со отворање на Поставувања → За телефонот или За таблетот → Правни информации → Безбедносни информации.]
[Следете ги предупредувањата подолу за да спречите инциденти, како пожари или експлозии, повреди или оштетување на уредот]
[• Вашиот уред содржи магнети. Чувајте го подалеку од кредитни картички, имплантирани медицински помагала и други уреди врз кои магнетите може да влијаат. Во случај на медицински помагала, чувајте го уредот оддалечен од нив повеќе од 15 см. Престанете да го користите уредот ако се сомневате дека се јавува интерференција со медицинското помагало и советувајте се со Вашиот лекар или производителот на медицинското помагало.
• Не изложувајте го уредот на физички потрес или на оштетување.
• Користете само батерии, полначи и кабли одобрени од Sáms~úñg и специфично дизајнирани за Вашиот уред.
• Спречете повеќенаменскиот приклучок и терминалите на батеријата да доаѓаат во контакт со туѓи тела, како метал, течности или прашина.
• Ако кој било дел од уредот, како на пример, стаклото или акрилното тело се скрши, чади или мириса како запалено, веднаш прекинете да го користите уредот. Користете го уредот повторно само откако бил поправен во сервисен центар на S~ámsú~ñg или во овластен сервисен центар.
• Не вклучувајте го и не употребувајте го уредот кога капакот на батеријата е отворен.
• Не расклопувајте ја и не користете ја повторно батеријата.
• Уредот може да се користи на места каде што амбиенталната температура е од 0 °C до 35 °C~. Можете да го чувате уредот на амбиентална температура од -20 °C до 50 °C. (Чувајте ги преклопливите модели на уреди амбиентална температура -10 °C до 50 °C~.) Користење и чување на уредот надвор од опсегот на препорачаните температури може да го оштети уредот или да го намали животниот век на батеријата.]
[За да спречите можно оштетување на слухот при користење слушалки, не слушајте со преголема јачина на звук долги периоди.]
[Оваа ознака на производот, опремата или литературата и кога нема ознака на батериите покажува дека производот, батериите и неговите електронски додатоци (на пример, полнач, слушалки, ÚSB-кабел) не треба да се отстрануваат со останатиот отпад од домаќинството.]
[Информации за SÁR (S~pécí~fíc Á~bsór~ptíó~ñ Rát~é) сертификатот]
[Вашиот мобилен уред е дизајниран да не ги надминува границите за изложеност на радиобранови препорачани со меѓународните правила.
За вредности SÁR специфични за Вашиот модел, посетете ја é~s-ús-284f~cd07851162dá~d.gét~smár~tlíñ~g.cóm~/sár и пребарајте ја Вашата област и уредот со бројот на модел.
Користењето W~LÁÑ врска е ограничено само во внатрешни простории. Ова ограничување се применува во: Á~T, BÉ, B~G, CH, C~Ý, CZ, D~É, DK, É~É, ÉS, É~L, FÍ, F~R, HR, H~Ú, ÍÉ, Í~S, ÍT, L~Í, LT, L~Ú, LV, M~T, ÑL, Ñ~Ó, PL, P~T, RÓ, S~É, SÍ, S~K, TR, Ú~K(ÑÍ), G~B.]
[Изјава за сообразност]
[Sáms~úñg изјавува дека овој уред е во сообразност со клучните барања и релевантните одредби на Директивата 2014/53/É~Ú. Одете на és-ú~s-284fcd~07851162dád.g~étsm~ártl~íñg.c~óm/mó~bílé~_dóc~ за да пристапите до Изјавата за сообразност.]
[• Не изложувајте го уредот на вода од базен или морска вода.
• Не изложувајте го уредот на вода што тече под голем притисок. Ненадеен пораст на притисокот на водата може да го надмине гарантираното ниво на водоотпорност.
• Ако уредот се изложи на вода, избришете го со мека и чиста крпа и потоа исушете го целосно.
• Ако уредот бил изложен на други течности, како сапуница, масло, парфем, средство за сончање, средство за санитизација, хемиски козметички производи, исчистете го уредот со слатка вода што не тече, избришете го со мека и чиста крпа и потоа исушете го целосно пред да го користите за да ја одржите водоотпорноста.
• Ако уредот бил потопен во вода или микрофонот или звучникот се влажни, можно е звукот да не се слуша јасно за време на повик.
Следново е само за модели со батерија што се отстранува.
• Не отворајте ги капаците на уредот кога уредот е во вода или во многу влажни места, како базени или купатила.
• Не отворајте го задниот капак со водени раце или кога уредот е влажен.
• Гумената заптивка поставена на задниот капак е важен составен дел на уредот. Бидете внимателни кога го отворате или затворате задниот капак за да избегнете оштетување на гумената заптивка. Исто така, бидете сигурни дека на гумената заптивка нема отпадоци, како песок или прав, за да избегнете оштетување на уредот.
• Задниот капак може да се олабави ако уредот Ви падне или ако го удрите. Бидете сигурни дека сите капаци се правилно порамнети и цврсто затворени.]
[Отстранување на батеријата]
[• За да ја отстраните батеријата, контактирајте со овластен сервисен центар. За да добиете упатства за отстранување на батеријата, Ве молиме посетете ја és-ús~-284fcd07851162d~ád.gé~tsmá~rtlí~ñg.có~m/gló~bál/é~códé~sígñ~_éñé~rgý.
• За Ваша безбедност, не обидувајте се да ја отстраните батеријата. Ако батеријата не е соодветно отстранета, тоа може да доведе до оштетување на батеријата и уредот, да предизвика лична повреда и да резултира со намалена безбедност на уредот.
• S~ámsú~ñg не прифаќа никаква одговорност за оштетување или загуба (по договор или правење прекршок, вклучувајќи невнимание) што може да произлезе од неспособност прецизно да ги следите овие предупредувања и упатства, освен смрт или лична повреда предизвикана од невнимание на Sá~msúñ~g.
Соопштенијата за отстранување на батеријата се само за модели со батерија што не се отстранува.
Се препорачува да не користите долготрајно фиксна графика на дел или на целиот екран. Тоа може да има како последици пост-слики (разобличеност на приказот) или заматеност.
Производител : Sám~súñg~ Éléc~tróñ~ícs P~Ó Bóx~ 12987, Dúbl~íñ. ÍÉ~]
[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]