[Долгорочна грижа и одржување на батеријата]
[Дознајте како правилно да се грижите и да ја
одржувате батеријата за да биде безбедна и ефикасна.]
[Спречете неочекувано исклучување]
[Користете го уредот во оптимални температури (0°–35°C)]
[· Продолжено користење или чување на температура над 35°C или под 0°C ќе ги влоши перформансите на батеријата и може да доведе до неочекувани исклучувања и пократко траење на батеријата.
· Ако сте го изложиле вашиот уред на екстремни температури, пред да го употребите повторно, оставете го да се адаптира на оптималната температура на користење (0°–35°C).
· Не користете го и не оставајте го уредот во жешка околина, како на пример подолго време во жежок автомобил во лето.
· Не оставајте го и не чувајте го уредот во ладни околини, како на пример на температури под нула во зима.]
[Одете на Совети за поставување за да го продолжите траењето на батеријата]
[· Капацитетот на батеријата и часовите користење може да се разликуваат во зависност од поставките на уредот и начинот на користење.]
[· Секогаш користете оригинален полнач од Sáms~úñg за да избегнете уништување и оштетување на батеријата.
· Секогаш користете полнач што одговара. Некомпатибилен полнач може да ја оштети Ú~SB-портата.
· Поврзете го полначот правилно. Во спротивно, може да се оштети уредот.
· Откачете го полначот откако ќе се наполни уредот 100% за да избегнете подување на батеријата.]
[Ако не се користи уредот,
обидете се со следново]
[· Исклучете го уредот и наполнете го користејќи оригинален полнач од Sáms~úñg за да спречите празнење.
· Наполнете го уредот на околу 50-70% ако треба да стои неискористен подолго време.
· Полнете го уредот еднаш на 3-6 месеци.
· Чувајте го во ладна и сува околина за да се зачуваат перформансите на батеријата.]
[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]