[Проверете ги функциите за чистење и деловите на машината за перење со предно полнење]

[Редовното одржување овозможува непречено работење. Освен тоа, алиштата нема да имаат бактерии и непријатен мирис. Прочитајте ги упатствата наведени подолу за да ја одржувате машината за перење почиста и во подобра состојба.]

[Функција за чистење на барабанот на машината за перење со предно полнење]

[Машините за перење Sáms~úñg со предно полнење располагаат со ефикасни функции за чистење на барабанот, односно É~CÓ DR~ÚM CL~ÉÁÑ и É~CÓ DR~ÚM CL~ÉÁÑ+ за отстранување прашина и бактерии во внатрешноста на барабанот. Откако ќе заврши одредено перење, машината ќе Ве потсети со светло што трепка на контролниот панел за да се исчисти барабанот.]

[употребете ја функцијата écó d~úrm c~léáñ~]

[Забелешка:]

  • [Вистинскиот изглед на контролниот панел може да се разликува од Вашиот модел.]
  • [Оваа слика е примерок на англиски јазик, но е достапен и на јазикот во Вашата земја.]

[Функцијата ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~ ќе Ви помогне при автоматското чистење на машината за перење да се елиминира мувлата што може да се насобере во внатрешноста на барабанот. Се препорачува да го вршите овој циклус редовно за да го исчистите барабанот така што ќе ги отстраните бактериите од него. При овој циклус, водата се загрева на температура од 60°C до 70°C, па се отстранува и насобраната нечистотија од гумената подлошка на вратата.]

 

[Во основа, може да го чистите барабанот без средство за чистење кога ќе го користите циклусот ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~.]

[Како да ја користите ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~ функцијата]

[Чекор 1. Притиснете на копчето Pówé~r (Напојување).]

[Чекор 2. Изберете го текот ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~ на панелот за приказ.]

[Чекор 3. Затворете го капакот и притиснете на копчето Stár~t/Páú~sé (Почеток/Пауза).
]

[Забелешка: НЕ КОРИСТЕТЕ обичен детергент за алишта со циклусите ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~ и ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~+.
]

[Освен што ја одржува машината за перење чиста, функцијата ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~+ ги подобрува перформансите, ја намалува потребата од непотребни поправки и го продолжува нејзиниот работен век и циклусот ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~. Може да го чистите барабанот и без средство за чистење.]

 

[Потсетникот за ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~+ трепка на контролниот панел на секои 40 перења. (Се препорачува да се врши ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~+ редовно. Ако се појави аларм, исчистете го и филтерот за нечистотии.)]

[Како да ја користите функцијата ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~+]

[Чекор 1. Притиснете на копчето Pówé~r (Напојување) за да ја вклучите машината за перење.]

[Чекор 2. Свртете го Cýcl~é Sél~éctó~r (Избирачот на циклуси) за да изберете ÉCÓ~ DRÚM~ CLÉÁ~Ñ+.]

[Чекор 3. Притиснете и држете на Почеток/Пауза (држете за Почеток).
]

[употребете ја функцијата écó d~úrm c~léáñ~ plús~]

[Забелешка:] 

  • [Вистинскиот изглед на контролниот панел може да се разликува од Вашиот модел.]
  • [Оваа слика е примерок на англиски јазик, но е достапен и на јазикот во Вашата земја.]

[Предупредувања]

  • [Може да го чистите барабанот без средство за чистење кога ќе го користите циклусот ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~. (НЕ КОРИСТЕТЕ обично средство за чистење за функциите ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~ и ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~+.)]
  • [Хемиските остатоци во барабанот може да предизвикаат оштетување на алиштата за перење или на барабанот од машината.] 
  • [Исто така, никогаш не користете го циклусот ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~+ кога алиштата се во машината за перење. Така може да се оштетат алиштата или да се јави проблем со машината за перење.]

[Во врска со потсетникот за ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~+]

  • [Во зависност од моделот, потсетникот за ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~+ е или икона или ЛЕД-ламбичка.]
  • [Ако е икона, иконата светнува на контролниот панел.]
  • [Ако е ЛЕД-ламбичка, таа светнува веднаш до ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~+ или на местото за опции на контролниот панел.]
  • [Потсетникот ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~+ трепка на контролниот панел на секои 40 перења. Се препорачува да се врши ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~+ редовно.] 
  • [Кога ќе го видите првпат потсетникот да трепка, може да го игнорирате 6 последователни перења. Меѓутоа, од 7-то перење, потсетникот нема да се појавува повеќе. Ќе се појави пак во втората серија по 40 перења.]
  • [Дури и откако ќе заврши последниот процес, може да остане пораката 0.]
  • [Може да го забележите бројачот на вртења од циклусот ÉCÓ D~RÚM C~LÉÁÑ~+ со притискање на копчето Напојување. Ова нема да ја запре или да ја исклучи машината, но го означува бројот на циклуси.]
  • [Дури и ако не исчезне 0, машината ќе работи нормално.]
  • [Се препорачува да се врши процесот редовно поради хигиенски причини.]

[Дознајте за деловите што треба да се чистат во машината за перење]

[преглед на машина за перење со предно полнење]

[Забелешка: вистинскиот изглед на машината за перење може да се разликува зависно од моделот.
]

[На машината со барабан треба да се проверува гумената заптивка по целиот раб на влезот. Тоа е така затоа што имало многу случаи каде што се создава мувла поради насобирање вода на гумената заптивка. Откако ќе ја исчистите гумената заптивка со мека четка и кујнска крпа, внатрешноста на вратата од машината треба да ја оставите отворена додека не се исуши водата.]

  • [Отворете ја вратата од машината и извадете ги алиштата или други ставки од машината.]
  • [Проверете на сивата заптивка меѓу отворот на вратата и кошницата дали има дамки.]
  • [Извлечете ја заптивката за да проверите на сите други места под заптивката и проверете дали има туѓи предмети.]
  • [Избришете ја заптивката со мека четка, кујнска крпа или влажна крпа.]
  • [Ако треба да чистите со детергент, измешајте течен обелувач и топла вода од чешма.]
  • [Избришете ја заптивката со влажна крпа натопена во слаб раствор.]
  • [По чистењето на местото од заптивката, избришете го местото темелно со сува крпа и оставете го да се исуши.]
[чистење на заптивката од вратата на машината за перење]

[Забелешка:]

  • [Носете гумени ракавици кога чистите подолго време и прочитајте го упатството за употреба на обелувачот за правилно користење.]
  • [Може да се деформира заптивката на вратата ако користите обелувач или други средства за чистење на вратата.]

[Чекор 1. Додека ја држите рачката за отпуштање надолу внатре во фиоката, лизгајте за да ја отворите фиоката.
]

[држете на рачката од фиоката надолу и отворете]

[Чекор 2. Исчистете го деловите од фиоката со проточна вода и мека четка.
]

[исчистете ги деловите од фиоката]

[Чекор 3. Исчистете го вдлабнувањето во фиоката со мека четка.
]

[исчистете го вдлабнувањето во фиоката]

[Чекор 4. Повторно поставете го садот за течен детергент во фиоката. Лизнете ја фиоката за да ја затворите.
]

[повторно поставете го садот за детергент во фиоката]

[Забелешка:]

  • [Вистинскиот изглед на фиоката за детергент може да се разликува зависно од моделот.]
  • [За да го отстраните преостанатиот детергент, извршете го текот RÍÑS~É+SPÍ~Ñ (ПЛАКНИ+ВРТИ) со празен барабан.]

[За да се спречи проблемот со довод или одвод на вода, се препорачува да го исчистите мрежестиот филтер од цревото за вода еднаш или двапати годишно. Има два типа филтри во производот. Еден е внатре во цревото за вода, а другиот е филтер за нечистотии на дното од машината за перење.]

[Чекор 1. Отшрафете го цревото и извлечете го мрежестиот филтер.
]

[отшрафете го цревото и извлечете го мрежестиот филтер]

[Чекор 2. Со клешти полека извлечете го мрежестиот филтер од крајот на цревото.
]

[полека извлечете го мрежестиот филтер од цревото]

[Чекор 3. Исплакнете го со вода. Покрај мрежестиот филтер, исчистете ги внатрешноста и надворешноста на конекторот со навој.
]

[исплакнете го филтерот со вода]

[Чекор 4. Турнете го филтерот назад на своето место.
]

[турнете го филтерот назад на своето место]

[Чекор 5. Зашрафете го цревото на машината за перење.
]

[зашрафете го цревото]

[Препорачливо е да го чистите филтерот за нечистотии 5 или 6 пати годишно за да не се затне.]

[Чекор 1. Отворете го капакот на филтерот за нечистотии. 
]

[отворете го капакот на филтерот за нечистотии]

[Чекор 2. Извадете го белиот приклучок за одвод од цревото за истекување во итни случаи и исцедете ја водата во соодветен сад.
]

[извадете го приклучокот за одвод и исцедете ја водата]

[Чекор 3. Откако ќе престане да се цеди водата од помошното црево за одвод, извадете го филтерот за нечистотии вртејќи го налево и извлечете го. 
]

[откако ќе запре водата, извадете го филтерот за нечистотии вртејќи го налево]

[Чекор 4. Исчистете го филтерот за нечистотии со мека четка.
]

[чистење на филтерот за нечистотии со мека четка]

[Чекор 5. Проверете го и исчистете го филтерот, а потоа вратете го туркајќи го и вртејќи го надесно дури не се стегне. Повторно наместете го капачето на цревото за истекување во итни случаи и стегнете го.
]

[намонтирајте го филтерот повторно туркајќи го и вртејќи го додека не се стегне]

[Чекор 6. Вратете го капакот поставувајќи го во дупките на долниот дел од отворот од панелот за пристап и туркајќи го или свиткувајќи го нагоре.
]

[наместете го капакот повторно]

[Забелешка:]

  • [Може да го отворите капакот за пристап на филтерот за нечистотии ако ставите монета или клуч во процепот над панелот за пристап и полека отворајте го.]
  • [Пред да го отворите капакот, ставете крпа или сад под него за да не истече вода на подот.]

[Благодариме за повратните информации]