[Како да го користам режимот за греење на клима-уредот¿]

[Клима-уредите од Sáms~úñg можат веднаш да произведат топол воздух. Може да се користи на два начина - како клима-уред во лето и како грејач во зима. Нема потреба да купувате посебен грејач и затоа е економичен. Режимот на гереење на клима-уредот може брзо да создаде топла атмосфера без долго чекање.]

[Контролирајте ја собната температура со клима-уредот]

[Со режимот на герење, клима-уредот може да Ви го затопли просторот. Ако го вклучите режимот за греење, во првите 3 до 5 минути вентилаторот може да не работи за да не дува ладен воздух дури не се загрее клима-уредот. Ако клима-уредот не грее доволно, комбинирајте со дополнителен уред за греење.]

[контролирајте ја температурата со режимот на греење на клима-уредот]

[Забелешка: клима-уредот добива топлинска енергија од надворешниот воздух и ја загрева собата. Поради тоа, ако надворешната температура е многу ниска, способноста за греење се намалува.
]

[Како да ја контролирате температурата со далечинскиот управувач]

[Чекор 1. Притиснете на копчето за напојување на далечинскиот управувач за да го вклучите клима-уредот. 
]

[притиснете на копчето за напојување]

[Чекор 2. Притиснете на копчето Módé~ (Режим) за да го одредите режимот на работа. Секојпат кога ќе притиснете на копчето Módé~ (Режим), режимот се менува од Áútó~ (Автоматски) → Cóól~ (Ладење) → Drý (Сушење) → F~áñ (Проветрување) → Hé~át (Греење)
]

[притиснете на копчето за напојување и променете го режимот на работење во греење]

[Чекор 3. Откако ќе го изберете режимот, поставете ја саканата температура.
]

[поставете ја температурата по избирање на режимот]

[Чекор 4. Ако треба, приспособете ја брзината на вентилаторот со копчињата на далечинскиот управувач.
]

[ако треба, поставете ја брзината на вентилаторот]

[Забелешка:]

  • [Вистинскиот изглед на далечинскиот управувач може да се разликува од Вашиот модел.]
  • [Оваа слика е примерок на англиски јазик, но е достапен и на јазикот во Вашата земја.]

[При ниска надворешна температура и висока влажност, може да се создаде мраз на надворешниот топлински разменувач, а со тоа се намалува ефикасноста за греење. При вакви услови, додека е вклучен режимот Héát~ (Греење), клима-уредот ја извршува функцијата Défr~óst (Одмрзнување) 5 до 12 минути за да го отстрани мразот од надворешниот топлински разменувач.]

[На внатрешната единица ќе се прикаже индикаторот df]

[Кога ќе биде активна функцијата Défr~óst (Одмрзнување), на дисплејот од внатрешната единица ќе се појави индикаторот d~f, а на надворешната единица ќе се создаде пареа. Тогаш клима-уредот престанува со работа за да спречи излегување ладен воздух од внатрешната единица.]

[на внатрешната единица ќе се појави индикаторот df]

[Забелешка: не може да изберете други опции со далечинскиот управувач додека не заврши функцијата за одмрзнување.
]

[Благодариме за повратните информации]

[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]