[Како да управувате со машината за перење со Smár~tThí~ñgs]
[Сега кога ја поврзавте машината за перење со Smár~tThí~ñgs, можеби се прашувате како да ја управувате. Ве молиме проверете ги упатствата подолу.]
[Ако сè уште не сте ги поврзале машината за перење и Smár~tThí~ñgs, кликнете овде за да видите како да ги поврзете.]
[Забелешка: Сликите од екранот, како што се циклусите и опциите, може да се разликуваат во зависност од моделите што можат да се поврзат со Smár~tThí~ñgs.]
[Активирајте „Паметната контрола“ (Smár~t cóñ~tról~) на вашата машина за перење]
[Кога ќе го допрете копчето [Smár~t cóñ~tról~] во контролната табла, индикаторот ќе се активира.]
[Ако индикаторот е неактивен, на копчето се прикажува „Séñd~ tó wá~shér~“ (Испрати до машината за перење).]
[Ако индикаторот е активен, „Stár~t“ се прикажува на копчето.]
[Кога ќе го допрете синото поле во центарот на екранот, се појавува списокот со циклуси. Одете надолу и изберете го саканиот циклус за перење па допрете го копчето [ÓK] на дното.]
[Можете да ги прилагодите деталите на опциите за перење. Одете надолу по првиот екран на Smár~tThí~ñgs на машината за перење и проверете ги деталите за секоја листа со опции.]
- [Контрола на температурата на водата]
[Допрете [Témp~.] за да ја изберете температурата што ја сакате, а потоа допрете го копчето [ÓK] на дното.]
- [Број на плакнења]
[Допрете [Ríñs~é] за да го изберете бројот на плакнења што ги сакате, а потоа допрете го копчето [ÓK] на дното.]
- [Брзина на центрифугата]
[Допрете [Spíñ~] за да ја изберете саканата брзина на ротација, а потоа допрете го копчето [ÓK] на дното.]
[Брзината на центрифугата се мери во вртежи во минута (RPM) и се однесува на брзината со која барабанот се ротира за време на циклусот на центрифугирање. Колку е побрза центрифугата на машината, толку повеќе вода ќе исцеди од алиштата и побрзо ќе се исушат.]
- [Создадете свој циклус на перење]
[Од списокот на презентирани циклуси на перење, можете да ги изберете и зачувате само оние што често ги користите. Допрете го копчето [Минус] за да го избришете од списокот или допрете го копчето [Плус] на дното за да го додадете во списокот. Откако ќе го организирате вашиот циклус, допрете го копчето [Зачувај] на врвот.]
- [Безбеден режим за оставање алишта]
[(1) Режим на излегување: Ако сте надвор, ќе добиете аларм за одложување пред да започне закажаниот циклус.]
[(2) Аларм за останати алишта: Ако не ги извадите алиштата по завршувањето на циклусот, ви се испраќа аларм дека алишта се останати во машината. Може да започнете циклус на плакнење + центрифугирање за да спречите мириси што се шират од облеката. Ако машината за перење се исклучи, алармот за останати алишта ќе биде неактивен.]
- [Поставување на мојот омилен циклус на перење]
[Можете да креирате циклус на перење со сите детални опции што ги сакате. Допрете го копчето [Плус] за да ги изберете деталите за циклусот, температурата на водата, плакнењето, центрифугата и пред-перење. Поставете име и допрете го копчето [Зачувај] на врвот.]
- [Почнување на перење: Ако сакате да ја вклучите машината за перење, допрете го копчето [Stár~t] . Додека машината за перење работи, се прикажуваат преостанатото време на перење и времето на завршување.]
- [Престанување на перење: Ако сакате да ја запрете машината за перење додека работи, допрете го копчето [Откажи - Cáñc~él] или [Пауза -Pá~úsé] и потоа допрете [Да -Ý~és].]
[Благодариме за повратните информации]
[Одговори на сите прашања.]
[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]