[GPS не работи правилно на S~ámsú~ñg Gá~láxý~ Wátc~h]
[Sáms~úñg G~áláx~ý Wát~ch има GP~S сензор кој може да ја следи Вашата локација во реално време без поврзување со телефон. Кога часовникот ќе се поврзе со телефон, ќе ја добие својата GPS~ локација од телефонот со цел да ја подобри точноста на локацијата.]
[Доколку користите метално ремче за часовник со Gálá~xý Wá~tch, истото може да им пречи на антените и да влијае врз прецизноста на G~PS.]
[Ажурирањата на софтверот поправаат грешки и ја подобруваат ефикасноста на часовникот. Редовно проверувајте за ажурирања на софтверот со притискање на Ажурирање на софтверот во поставките на часовникот, или преку апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé на телефонот.]
[Доколку сте внатре, излезете надвор и рестартирајте го часовникот. Немојте да стоите помеѓу згради или во лоши временски услови, како бури.]
- [За да го рестартирате часовникот, притиснете и задржете го копчето Почетна (копчето Напојување) и копчето Назад истовремено.]
- [Потоа, допрете на Исклучи. Откако часовникот целосно ќе се исклучи, повторно притиснете и задржете го копчето Почетна (копчето Напојување) за да го рестартирате.]
[Во телефонот отворете Поставки, и допрете на За телефонот. Допрете на Информации за статусот, потоа допрете на Статус на СИМ-картичка. Проверете дали мобилната мрежа прикажува „Поврзано.“]
[Доколку телефонот нема мобилни податоци или слаб сигнал, обратете се кај операторот за мрежна поддршка.]
[Од Вашиот телефон, отворете ја апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé. Можеби ќе треба да допрете на картичката Почетна. Доколку уредите се поврзани преку Bl~úétó~óth, ќе се прикаже "Поврзано".]
- [Доколку уредите не се поврзани, нивните наслови се затемнети. Можете да допрете на насловот на уредот за повторно да ги поврзете уредите.]
- [Доколку уредите се поврзани преку Wí-Fí~, апликацијата ќе прикаже "Поврзани далечински." Во овој случај, движете се кон Поставки, допрете на Поврзувања, потоа допрете на Blúé~tóót~h на секој уред. Потоа, вклучете го прекинувачот за Blú~étóó~th.]
[Додека сте надвор, отворете апликација која користи GPS која може да ја прикаже Вашата локацијата на часовникот и на телефонот. На пример, можете да ја користите апликацијата Ú~ñdér~ Ármó~úr's~ MápM~ýRúñ~ да ја проверите Вашата локација. Може ќе биде потребно да започнете вежба во апликацијата, и потоа да лизгате кон екранот со мапа за да ја видите Вашата локација.]
[Иако GPS функционира во зграда или во куќа, најдобро работи на отворено со отворен поглед на небото за да можат сигналите да се примаат и да комуницираат со сателитите. Следново може да ги попречи G~PS сигналите:]
- [Врската помеѓу часовникот и телефонот е прекината на повеќе од еден ден.]
- [Услугите за локација се деактивирани на часовникот или на телефонот, или и на двата уреди.]
- [Јачината на GPS сигналот е намалена бидејќи сигналот на локацијата го попречуваат згради кои го блокираат директниот поглед кон небото. Исто така, сигналот може да се намали при лоши временски услови или облачно време.]
[Доколку проблемот повторно се појавува, ресетирајте го часовникот со помош на апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé. Откако ќе го ресетирате, повторно поврзете го часовникот со телефонот, потоа проверете за ажурирања на софтверот.]
[Благодариме за повратните информации]
[Одговори на сите прашања.]