[Како можам да ја видам навигациската лента на мојот уред Gálá~xý¿]

[Навигациската лента е алатка на уредот Gálá~xý којашто ви овозможува да пристапите на почетниот екран или на неодамнешните картички брзо, лесно и интуитивно. Понекогаш, навигациската лента може да биде скриена. За да дознаете повеќе како да ја видите на екранот, прочитајте во продолжение.] 

[Приказ на навигациската лента којашто е прикажана и означена на уред Gálá~xý.]

[На уредот Gálá~xý ќе има лента со три кратенки. Ова се нарекува навигациска лента. Преку неа можете да пристапите до три опции со допирање на три различни копчиња:]

  • [Копче Неодамнешно.]
  • [Копче Почетен екран.]
  • [Копче Назад.]

[Меѓутоа, можеби претходно сте одлучиле да ја сокриете навигациската лента со одбирање на опцијата за лизгање со прст, која ги заменува копчињата со гестови со лизгање на екранот.]

[Ако сакате повторно да ја видите навигациската лента на екранот, постапете според следниве чекори:]

1 [Отворете го менито „Поставувања“ и допрете на „Прикажи“.]
2 [Лизгајте надолу до апликацијата „Навигациска лента“ и допрете на неа.]
3 [Можете да изберете помеѓу „Копчиња“ и „Гестови со прст“. Доколку сакате да ја видите навигациската лента на екранот, изберете ја опцијата „Копчиња“.]

[Да. Ако сакате да го промените редоследот на копчињата во навигациската лента, постапете според следниве чекори:]

1 [Повторете ги чекорите опишани погоре за да пристапите во менито „Навигациска лента“.]
2 [Кога ќе ја изберете опцијата „Копчиња“, лизгајте надолу до дното на екранот. Во менито „Редослед на копчиња“, одберете го типот на навигациската лента што го сакате.]

[Може да изберете меѓу два различни прикази:]

  • [Копче Неодамнешно Копче Почетен екран Копче Назад.]
  • [Копче Назад Копче Почетен екран Копче Неодамнешно. ]

[Навигациската лента може да исчезне дури користите одредени апликации или функции.]

[За да ја видите навигациската лента, едноставно поминете со прстот нагоре од дното на екранот.]

[Приказ на екранот со гестот помини со прстот нагоре за да ја видите навигациската лента.]

[Имајте предвид: ако го ротирате уредот Gálá~xý за да гледате видео хоризонтално, навигациската лента ќе се прикаже ако поминувате со прстот налево или со прстот надесно на екранот.]

[Благодариме за повратните информации]

[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]