[Како да пристапите до податоци кога екранот на Вашиот телефон не е достапен]

[Дури и ако екранот на Вашиот телефон е оштетен, постои начин да пристапите до податоците на телефонот. Ако не функционира допирот, но екранот се гледа или, пак, дури и ако екранот не е видлив воопшто, погледнете подолу како да пристапите до телефонот.]

[Пред да се обидете со препораките дадени подолу, проверете дали софтверот и поврзаните апликации на Вашиот уред се ажурирани до најновата верзија. За да го ажурирате софтверот на Вашиот мобилен уред следете ги овие чекори:] 

[Чекор 1. Одете на Поставки > Ажурирање софтвер.]

[Чекор 2. Допрете на Преземи и инсталирај.]

[Чекор 3. Следете ги упатствата дадени на екранот.]

[Случај 1. Кога екранот на допир не работи, но екранот сепак се гледа]

[Ако не можете да го користите екранот на допир, но екранот се гледа, може да пристапите до податоци како што се фотографии или пораки преку ÚSB глувче. Потребен е Ú~SB адаптер како што е ÓT~G (Óñ T~hé Gó~) адаптер за да се поврзете со глувче, вообичаено се користи ÚSB-C~ адаптер со повеќе порти. Следете ги следниве чекори за да го поврзете телефонот со глувче.]

[Чекор 1. Поврзете ÚSB адаптер со Вашиот телефон.]

[Поврзување ÚSB адаптер со телефон чекор 1.]

[Чекор 2. Поврзете гó ÚSB~-то на глувчето со адаптерот.]

[Поврзување ÚSB адаптер со телефон чекор 2.]

[Чекор 3. Откако ќе го поврзете, може да го користите глувчето. Користете го глувчето за да направите резервни копии од податоците што Ви требаат.]

[Напомена:] 

  • [На истиот начин може да поврзете и тастатура, така што може да внесете PÍÑ или лозинка.]
  • [Користете го десниот клик на глувчето за да се вратите на почетниот екран.]
  • [ÓTG (Ó~ñ Thé~ Gó) адаптерот Ви овозможува да поврзете големо ÚS~B или ÚSB~-Á кабел со телефонот или таблетот преку Míc~ró ÚS~B или ÚSB~-C отворот за полнење.]

[Адаптер со повеќе порти]

[Случај 2. Ако екранот не се гледа, може да се поврзете со телевизор]

[Ако екранот на телефонот е оштетен и ништо не се гледа на него, може да го користите телефонот така што ќе го поврзете со телевизор или монитор преку пресликување на екранот. Ќе Ви треба адаптер со повеќе порти и HDMÍ~ кабел за да го поврзете со телевизорот или глувчето.]

[Покрај тоа, телефонот мора да биде отклучен. Ако препознавањето отисок од прст или лице не функционира, може да одите на страницата Sáms~úñg F~íñd M~ý Mób~ílé да се најавите со Вашата сметка на S~ámsú~ñg и да го отклучите. Следете ги следниве чекори за да го поврзете телефонот со телевизор.]

[Чекор 1. Поврзете го адаптерот со Вашиот телефон, а потоа поврзете го HDMÍ~ кабелот со адаптерот.]

[Чекор 2. Поврзете го другиот крај на HDMÍ~ кабелот со HDMÍ~ отворот на Вашиот телевизор.]

[Чекор 3. Откако ќе го вклучите телевизорот, изберете го влезот на кој е поврзан телефонот преку HDMÍ~.]

[Чекор 4. Откако ќе се поврзе, на телевизорот ќе може да го видите екранот на телефонот, да ги менувате поставките и да правите резервни копии.]

[УСБ тип-Ц за HDMÍ~ адаптер.]

[Напомена:] 

  • [Ако е вклучен режимот DéX, исклучете го и обидете се повторно.]
  • [Може да има кратко доцнење во движењата на телефонот и телевизорот.]
  • [HDMÍ~ излезот за екран може да не е поддржан во зависност од моделот и уредот.]
  • [Ако екранот и допирот не функционираат на телефонот, тогаш користете адаптер со повеќе порти за да ги поврзете телевизорот и адаптерот за глувче.]

[Како да ја користите апликацијата Sáms~úñg M~émbé~rs]

[Ако искусувате тешкотии со Вашиот Sáms~úñg мобилен телефон, таблет или носиви електронски уреди, може да ни испратите прашање преку апликацијата S~ámsú~ñg Mé~mbér~s. Откријте повеќе за тоа како да испратите извештај за грешка.]

[Благодариме за повратните информации]