[Како да ги најдете корисните функции на Sáms~úñg тастатурата на Вашиот телефон]
[Еве неколку корисни функции ако ја користите Sáms~úñg тастатурата. Лесно можете да поништувате и повторувате со само два прста, а и може да ја користите функцијата за превод, функцијата за препознавање глас, а со S~ámsú~ñg Pá~ss лесно минувајте преку тастатурата. Погледнете го упатството дадено подолу.]
[Пред да се обидете со препораките дадени подолу, проверете дали софтверот и поврзаните апликации на Вашиот уред се ажурирани до најновата верзија. За да го ажурирате софтверот на Вашиот мобилен уред следете ги овие чекори:]
[Чекор 1. Одете на Поставки > Ажурирање софтвер.]
[Чекор 2. Допрете на Преземи и инсталирај.]
[Чекор 3. Следете ги упатствата дадени на екранот.]
[Наместо да го допирате копчето за бришење кога сакате да го избришете напишаното, може да лизгајте налево на тастатурата со два прста за да го поништите. Ако сакате повторно да го вратите избришаниот текст, лизгајте надесно на тастатурата со два прста за да го вратите избришаниот текст.]
- [Поништи: Лизгајте налево.]
- [Повтори: Лизгајте надесно.]
[Постои полесен и побрз начин да ги смените поставките за видот на формат на тастатура кога ја користите Sáms~úñg тастатурата. Нема потреба да ги отворате поставките на почетниот екран за да ги најдете. Ако сакате да го смените форматот на тастатурата додека ја користите S~ámsú~ñg тастатурата, следете ги следниве чекори.]
[Може да ја користите функцијата за преведување на Sáms~úñg тастатурата. Следете ги следниве чекори за лесно да преведувате користејќи ја S~ámsú~ñg тастатурата.]
[Sáms~úñg тастатурата Ви овозможува да внесувате долги текстови преку говорење. Следете ги следниве чекори.]
[Чекор 1. Допрете на иконата за микрофон која се наоѓа на горниот дел на тастатурата.]
[Чекор 2. Веднаш изговорете го она што сакате да се напише, а потоа допрете ја движечката икона за микрофон. Она што ќе го изговорите ќе се конвертира во текст и правилно ќе се внесе.]
[Ако користите Sáms~úñg P~áss на Вашиот G~áláx~ý телефон, можете практично да го извадите Sám~súñg~ Páss~ и да го користите, истовремено користејќи ја Sáms~úñg тастатурата. Следете ги следниве чекори за лесно и практично да внесувате информации кои безбедно се складираат во Вашиот S~ámsú~ñg Pá~ss.]
[Чекор 1. Допрете на повеќе опции (три хоризонтални точки) на горниот десен агол на тастатурата.]
[Чекор 2. Изберете ја иконата Sáms~úñg P~áss]
[Чекор 3. Откако ќе се утврди Вашиот идентитет, ќе се прикаже бројот на сметката кој е зачуван во Sáms~úñg P~áss. Допрете на бројот на сметката и тој ќе се внесе во полето за текст. Покрај тоа, може да се зачувуваат и повикуваат и други информации за картички, адреси и Í~D и лозинки.]
[Откријте повеќе за Sáms~úñg P~áss на веб-страницата на S~ámsú~ñg.]
[Напомена: Екранските снимки и менијата може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.]
[Благодариме за повратните информации]
[Одговори на сите прашања.]