[Како да управувате со апликации на вашиот паметен телефон Gálá~xý]
[Вашиот уред ви овозможува преземање, управување и деинсталирање на низа апликации. Одредени апликации можеби веќе однапред се вчитани во вашиот уред.]
[Различни апликации имаат различни минимални барања за работа. За поголемите и посложените апликации обично ќе биде потребен најнов оперативен систем за да работат ефикасно. Кај постарите уреди нема да биде можно да се инсталираат одредени апликации, а за некои апликации може да биде потребно да се инсталира SÍM-картичка, на пример, W~háts~Ápp.]
[Пред да може да преземате апликации користејќи Pláý~ Stór~é (Продавница за игри), или Sám~súñg~ налог заради преземање апликации од Gálá~xý Áp~ps ќе биде потребно да отворите Gó~óglé~ налог и Pláý~ Stór~é налог.
]
[Напоменуваме: Чекорите ќе бидат исти на секој уред, но вашите икони и екранот може малку да се разликуваат од илустрациите дадени подолу, во зависност од оперативниот систем на вашиот уред и од темата.
]
[Екранот со апликации (Ápps~) може да го отворите со повлекување со прстот нагоре или надолу на почетниот екран (Hómé~). За да се вратите на почетниот екран, повлечете со прстот нагоре или надолу на екранот со апликации.]
[Алтернативно, може да ја притиснете иконата Ápps~ за да дојдете до екранот со апликации. Ако на вашиот екран не се појави иконата Ápps~, следете ги следниве чекори:
]
[Во долниот дел од почетниот екран сега ќе се појави иконата Ápps~.]
[За да преземете апликација на ваш уред, следете ги следниве чекори:]
[Од почетниот екран притиснете на копчето ápps~ и повлечете со прстот нагоре или надолу за да пристапите до апликациите.]
[За да преместите апликација на вашиот уред, следете ги следниве чекори:]
[Напоменуваме: Ако апликација веќе се наоѓа на почетната страница, притиснете и држете ја апликацијата и изберете Премести од почетната страница.
]
[Ако сакате да ги преуредите вашите апликации, едноставно притиснете ја и држете ја апликацијата и потоа повлечете ја на вашата претпочитана локација.]
[Апликациите може да ги групирате во папки за да ви биде уреден екранот и заради полесен пристап/стартување на апликациите. За Áñdr~óíd 8.0 и 9.0 имате два начина да го направите тоа:]
[Или:]
[Или:]
[За да додадете повеќе апликации, притиснете на Додади апликации на папката, штиклирајте ги апликациите и притиснете на Додади. Апликација може да ги додадете и со нејзино влечење до папката.]
[За да избришете папка, едноставо притиснете ја и држете ја папката а потоа притиснете на Избриши. Ќе биде избришана само папката. Апликациите од папката ќе бидат преместени на екранот со апликации.]
[За деинсталирање на преземена апликација, притиснете и држете ја апликацијата и изберете опција Деинсталирај.]
[Притиснете на ОК за да го потврдите бришењето.]
[Постојат некои стандардни апликации што не може да се деинсталираат од уредот. Тие може да бидат оневозможени со притискање и држење на апликацијата и со избирање на опцијата Оневозможи.]
[Благодариме за повратните информации]
[Одговори на сите прашања.]
[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]