[Како да го оптимизирате звучното доживување со слушалките Gálá~xý Bú~ds+]
[Без разлика дали сте на преполн пазар или го слушате подкастот што го сакате, вашите слушалки имаат поставки за звукот кои се совршени за вас. Постојат голем број начини да ги персонализирате поставките за звук на вашите слушалки Gálá~xý Bú~ds или Bú~ds+ за да го имате што подобро доживување.]
[Пред да ги испробате следниве функции, проверете дали софтверот на вашиот уред е ажуриран. Повеќе информации за тоа] [Како да ги поврзете слушалките Gálá~xý Bú~ds + со паметните телефони Gá~láxý~] [побарајте во поддршката на Sáms~úñg.]
[Поставки за звук за слушалки Gálá~xý Bú~ds и Bú~ds+]
[Кога слушалките за во уши се поврзани со апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé, на почетниот екран на апликацијата можете да изберете од еден шест однапред поставени еквилајзери и да уживате во истата музика, но со различен и уникатен звук. Повлечете го лизгачот и сменете ја поставката во Нормално, Засилување на басови, Нежно, Динамично, Јасно или Засилување на високи тонови. Можете едноставно да ги испробате опциите сѐ додека не ја најдете најсоодветната верзија што моментално ви одговара.]
[Забелешка: еквилајзерот е достапен и кога ја користите апликацијата Búds~+ на íPhó~ñé 7 или понов телефон со систем íÓ~S 10 или понов.]
[Важно е да можете јасно да ги слушате звуците од околината додека сте надвор и да слушате музика за да можете брзо да откриете потенцијално опасни ситуации.]
[Чекор 1. Стартувајте ја апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé на вашиот мобилен уред.]
[Чекор 2. Вклучете Звук од околината.]
[Чекор 3. Повлечете ја лентата за прилагодување за да ја прилагодите јачината на звуците од околината.]
[Ако сакате дополнителна јачина на звукот, на јазичето Lábs~ можете да ги промените поставките и да го поставите звукот од околината на Екстремно гласно.]
[Чекор 4. Најдете и допрете Lábs~ > Вклучете Екстремно гласен звук од околината.]
[Чекор 5. Повлечете ја лентата за прилагодување за да ја прилагодите јачината на звуците од околината на екстремно гласно.]
[Забелешка:]
- [За време на повик, функцијата Звук од околината автоматски се исклучува. По повикот, функцијата се враќа како што била.]
- [Ако при функцијата на Звук од околината звук се засили, а слушалките или сунѓерчињата на слушалките не се добро сместени во увото, може да се појават повратни звуци како завивање. Внимавајте слушалките Gálá~xý Bú~ds+ и нивните сунѓерчиња правилно да се поставени во вашите уши, а ако не одговараат, заменете ги со сунѓерчиња што одговараат на вашите уши.]
[Понекогаш сакате да користите само една слушалка во уво затоа што некој сака да разговара со вас. Автоматското вклучување на звукот на слушалките Gálá~xý Bú~ds+ флексибилно ги поддржува вашите поставки за звук. Добрата вест во поглед на користењето на функцијата за автоматско вклучување звук е дека нема поставки за прилагодување. Слушалките Gá~láxý~ Búds~+ автоматски ќе го префрлат излезот на звукот на моно или стерео во зависност од тоа колку слушалки се во кутијата за полнење. Кога користите една слушалка, внимавајте другата да ја ставите во кутијата за полнење за да не ја изгубите и за да не дојде до трошење на батеријата.]
[Забелешка: Снимките на екранот на уредот и менито може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.]
[Благодариме за повратните информации]
[Одговори на сите прашања.]