[Како да го полните правилно Gálá~xý Z F~líp со помош на безжичен полнач]

[Телефон со целосен екран што се преклопува за да го собере в џеб со револуционерен флексибилен дизајн, којшто е опремен со технологија за безжично полнење.]

[Покрај оваа технологија, уредот е опремен и со софистицирани системи со две батерии што работат како една за паметно напојување на телефонот.]

[Правилен начин за полнење на Gálá~xý Z F~líp]

[Пред да ја полните батеријата безжично, прво преклопете го уредот и поставете го центарот од задниот дел на уредот во центарот на уредот за безжично полнење, како што е прикажано на сликата подолу, за да се уверите дека има добра конекција.]

 

[Ако користите безжичен полнач со статив, Gálá~xý Z F~líp може да не биде безбедно наместен на полначот или може да не се полни правилно. Исто така, користете безжични полначи одобрени од S~ámsú~ñg. Доколку користите други безжични полначи, батеријата нема да се полни правилно.]

[слика на уред поставен на подлога за полнење]

[Го спречува уредот да не се лизне од подлогата за безжично полнење]

[Ако Gálá~xý Z F~líp не е поставен во центарот на подлогата за безжично полнење, уредот може да се лизне од полначот при полнењето. Пред да ја полните батеријата безжично, прво преклопете го уредот и надоместете го во правилна положба така што намотката за безжично полнење од G~áláx~ý Z Fl~íp да биде свртена кон центарот на безжичниот полнач, како што е покажано на сликата. Исто така, потврдете дека уредот е безбедно наместен на полначот.]

[Правилен начин за користење на Безжична Pówé~rShá~ré]

[Може да полните други уреди (WPC Q~í сертифицирани смартфони и уреди за носење од Sám~súñg~) со батеријата од Gálá~xý Z F~líp дури и кога ја полните. За да полните правилно, не поместувајте и не користете ниеден од двата уреда. Силата за полнење на другиот уред може да биде помала од количината што ја дава G~áláx~ý Z Fl~íp.]
 

[Ако го полните другиот уред додека го полните Gálá~xý Z F~líp, брзината на полнење може да се намали или уредот да не се полни правилно во зависност од типот на полначот што се користи. Исто така, брзината на полнење или ефикасноста може да се разликуваат во зависност од состојбата на уредот или околната средина.]

[Pówé~rShá~ré ќе престане да ја троши батеријата од Gá~láxý~ Z Flí~p's кога нивото на батеријата ќе падне под одредено ниво.]

[Забелешка:] 

  • [Во зависност од типот на додатоци или футроли што ги употребувате, функцијата Wíré~léss~ Pówé~rShá~ré може да не функционира правилно.]
  • [Препорачуваме да ги отстраните сите додатоци и футроли пред да ја употребувате оваа функција.]
  • [Исто така, ако има туѓи материјали, како на пример прашина или течност меѓу материјалите, обидете се подоцна откако ќе ги отстраните.] 

[Како да ја активирате функцијата Wíré~léss~ Pówé~rShá~ré за да полните други сертифицирани уреди.]
 

[Чекор 1. Отворете гопанелот за известувања.
]

[Чекор 2. Повлечете надолу.]

[Чекор 3. Допрете Wíré~léss~ Pówé~rShá~ré за да активирате.
]

 

[Ставете го другиот уред во центарот на Вашиот уред свртени со задната страна еден кон друг.]
 

[Уредот има вградено магнет и зависи од уредот, местоположбата на намотката за безжично полнење е различна и, за да има порамномерна конекција, важно е да се постават двата уреда како што е прикажано на сликата. Ако и двата уреда се постават на различна положба или во различна насока од прикажаното, уредот може да се лизне поради магнетните сили.]

[уреди што користат Wíré~léss~ Pówé~rShá~ré]

[Забелешка:]

  • [Поставете го другиот уред во центарот на Gálá~xý Z f~líp, така што двата уреда да бидат свртени со задната страна еден кон друг.]    
  • [Задната страна на Gálá~xý Z F~líp е страната без камера и преклопен екран.]

[Благодариме за повратните информации]

[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]