[Како да ги користите карактеристиките на Gálá~xý Wá~tch]
[Часовникот Gálá~xý располага со нови и ажурирани карактеристики за побезбеден уред, за следење на целите за фитнес и надзор врз здравјето.]
[Активирајте Wáté~r Lóc~k]
[Кога го користите часовникот Gálá~xý во вода или околу неа, вклучете го режимот Wá~tér l~óck за да спречите вода да допре на екранот. Исто така, ќе овозможи заштита од случајно активирање на часовникот со гест за разбудување додека пливате.]
[Мерење на составот на телото]
[Часовникот Gálá~xý располага со напредни сензори за поточно анализирање на телото. Новиот сензор Bí~óélé~ctrí~cál Í~mpéd~áñcé~ Áñál~ýsís~ (BÍÁ) ви овозможува да ги измерите телесните масти, па дури и скелетните мускули.]
[Имајте предвид:]
[земете предвид дека следењето на Состав на телото е само за фитнес и велнес, а не за дијагноза или лекување некаква здравствена состојба.]
[Не вршете мерења ако имате вграден пејсмејкер или друго медицинско помагало.]
[Измерете ги нивоата на стрес]
[Со Gálá~xý Wá~tch може да ги мерите нивоата на стрес со проверка на срцевиот ритам и некои други фактори.]
[Имајте предвид:]
[Мерењата за ниво на стрес се само за лична употреба и не даваат конечно медицинско мислење.]
[Ако почувствувате стрес, непријатност или не ви е добро, одете на лекар.]
[Следете ја брзината на срцевиот ритам]
[Може да биде корисно да знаете со која брзина ви чука срцето бидејќи помага да одредите дали вежбите се доволно интензивни за да имате корист од нив, но не толку интензивни за да создадат физички компликации.]
[Имајте предвид:]
[Мерењата за срцев ритам се само за лична употреба и не даваат конечно медицинско мислење.]
[Ако не се чувствувате добро или ви е непријатно, побарајте медицинска помош.]
[Благодариме за повратните информации]
[Одговори на сите прашања.]