[Како да ги користите новите виџети за Gálá~xý Bú~ds Pr~ó]

[Виџети-те се многу корисни за преглед на информациите за апликацијата или за контрола на одредени функции. Може да додадете виџети за Gálá~xý Bú~ds Pr~ó и лесно да ги контролирате своите слушалки.]

[Пред да ги испробате долу наведените препораките како ваши решенија, проверете дали софтверот и поврзаните апликации на уредот се ажурирани со најновата верзија. Проверете како да го ажурирате софтверот на вашиот мобилен уред по следниот редослед.]

[Чекор 1. Одете во Поставки > Ажурирање на софтвер.]

[Чекор 2. Допрете на Преземи и инсталирај.]

[Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.]

 

[Лесен, брз пристап до контролите на Gálá~xý Bú~ds Pr~ó]

[Виџети-те на вашиот почетен екран ви помагаат да следите одредени работи додека ги носите слушалките Gálá~xý Bú~ds Pr~ó. Можете со еден поглед да го видите статусот на батеријата на слушалките и директно од виџет-от да вклучите Активно поништување на бучавата, Амбиентален звук или Исклучено.]

 

[Виџети на Gálá~xý Bú~ds Pr~ó на почетниот екран.]

[Како да додадете виџети за Gálá~xý Bú~ds Pr~ó]

[Пред да го следите упатството што е подолу, осигурете се дека сте ги поврзале вашите Gálá~xý Bú~ds Pr~ó со вашиот компатибилен паметен телефон и дали ја имате најновата верзија на апликацијата Gál~áxý W~éárá~blé.]

[Чекор 1. Притиснете и задржете празно место на почетниот екран и потоа допрете Виџети.]

[Чекор 2. Пронајдете ги виџети-те на Gálá~xý Bú~ds Pr~ó и потоа допрете ги. Постојат два додатоци за избор:]

[Икони за брза контрола во виџет-от на слушалките Gálá~xý Bú~ds Pr~ó.] [Икони за брза контрола во виџет-от на слушалките Gálá~xý Bú~ds Pr~ó.]

[• Брзата контрола ви овозможува да го префрлите режимот за контрола на бучавата без да ја отворите апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé или без да ги допирате вашите слушалки.]

[Исто така, можете да изберете Блокирај допири за да ја заклучите допирната подлога на слушалките.]

[Информации за батеријата во виџет-от на Gálá~xý Bú~ds Pr~ó.] [Информации за батеријата во виџет-от на Gálá~xý Bú~ds Pr~ó.]

[• Информациите за батериите ќе ве известат за моменталниот процент на батеријата на секоја слушалка и на куќиштето за полнење.]

[Исто така, ќе ја отвори апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé кога е избрана.]

[Чекор 3. Допрете го и задржете го виџет-от што сакате да го додадете, а потоа преместете го на почетниот екран. Можете да го испуштите виџет-от на екранот со отпуштање. ]

[Забелешка: Ако не можете да го додадете или отстраните виџет-от од Почетниот екран, можеби сте го вклучиле заклучувањето на изгледот на почетниот екран. За да ја оневозможите оваа поставка, влезете во вашите Поставки> Почетен екран> исклучете го заклучувањето на изгледот на почетниот екран.
]

[Чекор 4. За да промените некои поставки на виџет-от, допрете го и задржете го. Ќе се појави скокачкото мени. Допрете Поставки за виџет за да ја изберете бојата на позадината и проѕирноста на виџет-от. Ако имате овозможено затемнување (Dárk~ módé~), со допирање на прекинувачот можете да ја прилагодите бојата на виџет-от.]

 

[Достапни опции за поставки на виџет-от.]

[Чекор 5. Потоа ќе може да го вклучите Режимот за контрола на бучавата, да вклучите Блокирање на допирите или да ги проверите Нивоата на батериите на куќиштето и на слушалките.] 

[Забелешка: Снимките на екранот и менито на уредот може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.
]

[Благодариме за повратните информации]