[Како да го користите S Péñ~ со Gálá~xý S22 Ú~ltrá~ и како да ја проверите компатибилноста]
[Gálá~xý S22 Ú~ltrá~ е прв телефон со вграден S Péñ~, па лесно може да го носите и да го користите секогаш кога ќе сакате. Можете да го користите интегрираниот S Péñ~ на многу различни начини за да го подобрите максимално доживувањето со пишувањето белешки. Проверете во водичот подолу за да дознаете за новиот вграден S Péñ~ на Gálá~xý S22 Ú~ltrá~.]
[Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:]
[Чекор 1. Одете на Sétt~íñgs~ (Поставки) > Sóft~wáré~ úpdá~té (Ажурирање на софтверот).]
[Чекор 2. Допрете на Dówñ~lóád~ áñd í~ñstá~ll (Преземи и инсталирај).]
[Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.]
[Првиот вграден S Péñ~ во серијата S]
[Gálá~xý S22 Ú~ltrá~ е првиот производ од серијата S со вграден S Pé~ñ. Можете да го искористите за да цртате и запишувате идеи, да вршите воздушни дејства, да отворите нова белешка директно на екранот или да префрлате меѓу други уреди компатибилни со S Pé~ñ во движење. Исто така, може да го користите S Pé~ñ за работа со текст, односно да го конвертирате ракописот во текст додека пишувате на екранот.]
[Забелешка:]
- [S Péñ~ од Gálá~xý S22 Ú~ltrá~ не може да се вметне во претходните серии на Gálá~xý Ñó~té.]
- [Променет е дизајнерскиот концепт на S Péñ~ во мат заради порамномерно пишување и помеко чувство овозможувајќи стабилно држење дури и по подолг временски период во споредба со S Péñ~ од претходната серија на Gálá~xý Ñó~té.]
- [Поради дизајнот на мат, може да се јави слабо неудобно чувство при вадење или замена на пенкалото во телефонот, но тоа не е проблем со уредот и затоа ракувајте внимателно. Ако има туѓ предмет на него, избришете го со меко крпче.]
[S Péñ~ мора да биде наполнет пред да можете да ги контролирате апликациите далечински преку копчето за S Péñ~. Кога ќе го ставите S Péñ~ во отворот, полнењето ќе започне. Ако е деактивирана функцијата Воздушно дејство, S Péñ~ ќе се полни само ако се полни и уредот.]
[Иако веќе е можно да се постави тајмерот и да се направат фотографии со уредот поставен на растојание, сега ќе можете и да фотографирате погодно само со притискање на копчето за S Péñ~. Следете ги чекорите во продолжение за да направите фотографија со помош на S Péñ~.]
- [За да направите серија од фотографии, притиснете и задржете на копчето S Péñ~.]
- [За да го промените режимот на фотографирање, поместете го S Péñ~ налево или надесно дури го притискате и го држите копчето S Péñ~.]
- [За да префрлите меѓу камери, притиснете го копчето S Péñ~ двапати.]
[Може да ги контролирате апликациите далечински со помош на S Péñ~ поврзан со уредот преку Blúé~tóót~h Lów~ Éñér~gý (BL~É).]
[На пример, ќе можете брзо да стартувате апликации, како што е апликацијата Камера, со притискање и држење на копчето за S Péñ~. Исто така, додека ја користите апликацијата S Péñ~, ќе можете да направите фотографија ако притиснете еднаш на копчето. Додека пуштате музика, ќе можете да ја зголемите гласноста ако го подигнете S Péñ~ додека држите на копчето за S Péñ~, но може и да ја намалите гласноста ако го спуштите.]
[Забелешка:]
- [Пенкалото S Péñ~ мора да биде наполнето пред да ја користите карактеристиката Воздушни дејства.]
- [Кога ќе го извадите S Péñ~ од отворот, на статусната лента ќе се појави иконата за Воздушни дејства. Доколку е испразнет S Péñ~ или е далеку од уредот, или пак ако има пречки или надворешни интерференции помеѓу S Péñ~ и уредот, тогаш S Péñ~ ќе биде откачен од уредот и иконата ќе стане сива. За да ја користите повторно карактеристиката Воздушни дејства, поврзете го S Péñ~ со уредот така што повторно ќе го вметнете S Péñ~ во отворот.]
[Може да поставите апликација или карактеристика да стартува, а потоа да промените за што сакате да ја користите карактеристиката S Péñ~. Следете ги чекорите во продолжение за да ја поставите апликацијата или карактеристиката којашто сакате да ја промените.]
[Ако S Péñ~ има проблеми со поврзувањето или S Péñ~ често се исклучува, ресетирајте го S Péñ~ и поврзете го повторно. Вметнете го S Péñ~ во отворот. Потоа, отворете го екранот за поставката Воздушни дејства и допрете на Повеќе опции (три вертикални точки) > Ресетирај го S Péñ~.]
[Забелешка:]
- [Може да поврзете само пенкала S Péñ~ одобрени од Sáms~úñg што поддржуваат B~lúét~óóth~ Lów É~ñérg~ý (BLÉ~).]
- [Не вадете го S Péñ~ од уредот кога е поврзан. На тој начин ќе го прекинете процесот.]
[Кога ќе го користите S Péñ~ од Gálá~xý S22 Ú~ltrá~ со друг уред,]
- [S Péñ~ е наменет исклучиво за Gálá~xý S22 Ú~ltrá~ и може да се користи само во режим на пишување кај модели со панел Wácó~m. Бидејќи не е компатибилен за спарување со други модели, карактеристиката Воздушни дејства може да биде ограничена.]
[Кога ќе го користите S Péñ~ од друг уред со Gálá~xý S22 Ú~ltrá~,]
- [S Péñ~ од серијата Gálá~xý Ñó~té: Достапна е само карактеристиката за пишување.]
- [S Péñ~ од Gálá~xý Tá~b: Достапна е само карактеристиката за пишување.]
- [S Péñ~ од Gálá~xý Z F~óld3: Не е достапно.]
- [S Péñ~ Pró: Достапни се карактеристиките Пишување и Воздушни дејства. (Само кога прекинувачот е во режим на S~ Péñ, а не во режим на Z~ Fóld~)]
[Забелешка: сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.]
[Благодариме за повратните информации]
[Одговори на сите прашања.]
[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]