[Како да го лоцирате вашиот Sáms~úñg G~áláx~ý уред]

[Жена како бара Gálá~xý уред во својата чанта]

[Ако го изгубите телефонот, таблетот, часовникот или дури и слушалките, не грижете се. Функцијата Fíñd~ Mý Mó~bílé~ ви овозможува да го заклучувате или отклучувате телефонот или таблетот, да го лоцирате или, во најлош случај, да го активирате бришењето на сите податоци на него. Бидете спокојни, можете да ги заклучите или избришете дури и информациите за Sáms~úñg P~áý, и сето тоа од далечина. Постојат слични услуги за вашиот часовник или слушалки со помош на апликацијата Gá~láxý~ Wéár~áblé~.]

[Забелешка: Достапните екрани и поставки може да варираат во зависност од давателот на безжични услуги, од верзијата на софтверот и од моделот.
]

[Забелешка: Телефонот мора да биде вклучен.] 

[Далечинската контрола мора да биде вклучена на телефонот. Функцијата се вклучува стандардно кога додавате Sáms~úñg сметка на телефонот.] 

[Далечинското отклучување мора да биде активирано за да ја користите функцијата за отклучување со Fíñd~ Mý Mó~bílé~.] 

[Ако сте го изгубиле телефонот или таблетот, можете да го лоцирате со помош на Fíñd~ Mý Mó~bílé~.]

 [
Прво, одете на веб-страницата за Fíñd~ Mý Mó~bílé~ преку вашиот компјутер. Внесете ги податоците за најавување во вашата Sáms~úñg сметка и кликнете на Í~'m ñó~t á ró~bót („Не сум робот“), а потоа на S~ÍGÑ Í~Ñ („НАЈАВУВАЊЕ“).] 


[Лево ќе бидат видливи сите уреди што се поврзани со вашата Sáms~úñg сметка во која сте најавени. Ако изгубениот уред е вклучен и поврзан со интернетот, ќе биде прикажан во делот „M~ý dév~ícés~“. Кликнете на некој уред и на десниот панел ќе бидат прикажани сите опции за далечинска контрола:]

[Слика од компјутерска верзија на функцијата Fíñd~ Mý Mó~bílé~]

[*Оваа слика е примерок на англиски јазик, но достапен и на јазикот во вашата земја.]

  • [Ríñg~: Ако не знаете каде сте го ставиле телефонот или таблетот, можете да направите да ѕвони дури и ако сте го исклучиле ѕвонењето претходно.
    ]
  • [Lóck~ áñd Ú~ñlóc~k: Ако сте загрижени за личните податоци, можете телефонот или таблетот да го заклучите од далечина. Така тој ќе се заклучи и сите картички во Sám~súñg~ Páý не ќе може да се користат. Ако сте заборавиле како се отклучува уредот, можете и да го отклучите одовде.
    ]

[Забелешка: Ако заклучувањето или отклучувањето на телефонот или таблетот е неуспешно, ќе се појави црвен извичник.
]

  • [Trác~k lóc~átíó~ñ: Проверувајте каде се наоѓа изгубениот телефон или таблет на секои 15 минути.
    ]

[Внимание: Ако ја користите функцијата Fíñd~ Mý Mó~bílé~ за да лоцирате украден телефон или таблет, не одете директно на локацијата на мапата каде што покажува дека тој се наоѓа. Јавете се прво во полиција и оставете ги тие да го земат наместо вас.
]

  • [Érás~é dát~á rém~ótél~ý: Не дозволувајте некој крадец да добие пристап до вашите лични податоци. Запомнете, со оваа опција телефонот или таблетот ќе биде целосно ресетиран и ќе ги изгубите сите податоци на него, вклучувајќи ги финансиските податоци во Sám~súñg~ Páý.
    ]

[Забелешка: Ако регистрирате сметка од Góóg~lé, ќе треба прво да се најавите во сметката пред да можете повторно да го употребувате телефонот или таблетот.
]

  • [Báck~ úp: Пред да ги избришете сите податоци засекогаш, лесно можете да направите резервна копија од нив на Sá~msúñ~g Cló~úd.
    ]
  • [Éxté~ñd bá~ttér~ý líf~é: Последното нешто што сакате е вашиот изгубен телефон или таблет да се исклучи. Користете ја оваа опција за да извлечете што е можно повеќе енергија од батеријата за поголеми шанси да го пронајдете уредот.
    ]
  • [Rétr~íévé~ cáll~s/més~ságé~s: Можете да прегледате до најмногу 50 скорешни повици и пораки на вашиот телефон.
    ]
  • [Sét G~úárd~íáñs~: Можете да назначите „чувари“ коишто од далечина ќе го лоцираат телефонот или таблетот, ќе го активираат режимот за итни ситуации или ќе зазвонат на него.
    ]

[Забелешка: Ако и понатаму не можете да го лоцирате телефонот или таблетот, фирмата чијашто телефонска мрежа ја користите може да ви помогне да го лоцирате или суспендирате телефонот. Стапете во контакт со фирмата за дополнителни информации.
]

[Несакајќи го оставивте телефонот некаде¿ Можете да употребите паметен часовник за да го лоцирате.]
 

[Притиснете го копчето Hómé~ на вашиот паметен часовник, а потоа лизгајте низ екранот за да дојдете до опцијата Fíñd~ Mý Ph~óñé. Допрете S~tárt~ за да почне лоцирањето. Телефонот ќе почне да ѕвони, што ќе го олесни лоцирањето. Пронајдете го телефонот и потоа исклучете го ѕвонењето со помош на иконата за Dísm~íss.
]

[Забелешка: Уверете се дека ги имате сите потребни работи, како далечинско поврзување, односно тоа да е веќе вклучено во случај да го изгубите часовникот.
]

[Ако сте го изгубиле паметниот часовник, можете да го пронајдете со помош на апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé. Услугата Fí~ñd Mý~ Móbí~lé нема да ви дозволи да ја видите локацијата на часовникот, но ќе ви дозволи да ги заклучите или избришете Sá~msúñ~g услугите, како што е Sám~súñg~ Páý.]

[
Одете во апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé на вашиот телефон, а потоа допрете на Fí~ñd Mý~ Wátc~h. (На фитнес часовниците, допрете на Fíñ~d Mý B~áñd или F~íñd M~ý Géá~r.) Ако часовникот е поврзан со вашиот телефон преку Blú~étóó~th, допрете на ST~ÁRT. Часовникот ќе почне да вибрира, што ќе го олесни пронаоѓањето. Кога ќе го пронајдете, само допрете на иконата за Х и лизгајте кон десно.
]

[Слика од екранот со прикажано пребарување на часовник Gálá~xý Wá~tch]

[*Оваа слика е примерок на англиски јазик, но достапен и на јазикот во вашата земја.]

[Ако сте го загубиле часовникот некаде надвор од досегот на Blúé~tóót~h, ќе имате две опции во случај да е вклучена далечинската контрола:]
 

  • [Gét l~ócát~íóñ: Ја дава адресата каде што часовникот е моментално лоциран. Можете да допрете на S~hów ó~ñ máp~ за да го лоцирате часовникот на мапата.]
  • [Sét s~écúr~ítý: Пристап до опции за далечинско заклучување, ресетирање или реактивирање на функцијата за заклучување на часовникот.
    ]

[Нема да мора да купите нови слушалки Gálá~xý Bú~ds ако сте ги затуриле некаде, бидејќи можете многу лесно да ги пронајдете со апликацијата Gá~láxý~ Wéár~áblé~.]

[
Одете во апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé на вашиот телефон или таблет. Допрете на Fí~ñd Mý~ Éárb~úds, а потоа на S~tárt~. Слушалките ќе започнат да бипкаат, а во период од три минути звукот ќе се засилува. Допрете на Stóp~ за да прекинете со потрагата.]


[Апликацијата ќе покаже дека слушалките не се поврзани и нема да може да ги лоцира ако се надвор од досегот на Blúé~tóót~h (10 метри), или пак ако батеријата е истрошена.]

[Слика од екранот со прикажано пребарување на слушалки Gálá~xý Bú~ds]

[*Оваа слика е примерок на англиски јазик, но достапен и на јазикот во вашата земја.]

[Забелешка: Слушалките може да не бипкаат ако инфрацрвениот сензор е валкан.
]

[Благодариме за повратните информации]