[Слушајте ги своите медиуми со 360 Áúdí~ó на Gál~áxý B~úds P~ró]

[Почувствувајте го извонредниот, реален звук кој од сите страни доаѓа до вас. Со 360 Áúdí~ó, Gál~áxý B~úds P~ró ве става во центарот на вашето омилено видео, филм или ТВ-шоу. Интелигентниот сензор за следење на движење точно го посочува правецот на звукот додека ја движите главата, овозможувајќи моќно чувство за реализам во вашето искуство со слушањето.]

[Пред да ги испробате долу наведените препораките како ваши решенија, проверете дали софтверот и поврзаните апликации на уредот се ажурирани со најновата верзија. Проверете како да го ажурирате софтверот на вашиот мобилен уред по следниот редослед.]

[Чекор 1. Одете во Поставки > Ажурирање на софтвер.]

[Чекор] [2. Допрете на Преземи и инсталирај.]

[Чекор] [3. Следете ги упатствата на екранот.]

[Опкружени со звук со 360 Áúdí~ó]

[Тридимензионално, функцијата 360 Áúdí~ó обезбедува звук што ве опкружува од 360 степени за извонредно опкружување додека уживате во медиумите. Ги следи движењата на главата за да имате чувство дека звукот доаѓа од екранот со промена на волуменот на звукот на левата и десната слушалка.]

 

[Како функционира súrr~óúñd~ звукот од 360 стапени на слушалките Gálá~xý Bú~ds Pr~ó]

[Забелешка: Поддршката за функцијата 360 Áúdí~ó може да варира во зависност од апликацијата и содржината на компатибилниот уред Sám~súñg~ Óñé Ú~Í 3.1 или понов.]

[Чекор 1. Отворете ја апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé и допрете Напредно мени.]

[Чекор 2. Допрете 360 ​​Áúdí~ó. Па подготвени сте за уживање во звук што Ве опкружува од 360 степени.]

[Функцијата 360 Áúdí~ó во апликацијата Gál~áxý W~éárá~blé]

[Совети во случај на проблеми со звукот при употребата на функцијата 360 Áúdí~ó]

  • [Проверете дали слушалките се правилно поставени во ушите]

[Ако при користењето на функцијата 360 Áúdí~ó имате проблем со звукот, проверете дали слушалките се совршено поставени во ушите. Ако слушалките не ги носите правилно, тие може да не ја поддржуваат функцијата 360 Аудио, или квалитетот на звукот може да биде слаб.]

[Држете ги слушалките така што ќе ги гледате втиснатите знаци за насока, вметнете ги слушалките во ушите и потоа наместете ги со вртење додека не се сместат удобно во ушите. Сензорите чувствителни на допир ќе ги препознаат слушалките кога ги ставате. Потоа, слушалката ќе испушти звук кој ве известува дека е препознаена.]

  • [Проверете дали слушалките се близу до поврзаниот уред]

[Осигурете се дека слушалките и приклучениот уред се близу еден до друг. Препорачуваме оваа функција да ја користите на растојание од дофат на раката. Ако не, може да почувствувате дека звукот не се репродуцира непречено и повремено се исклучува.]

[Забелешки:]

  • [Оваа функција можеби не е поддржана поради начинот на репродукција на медиумите.]
  • [Кога сте во области со слаб прием на сигнал, врската со мобилниот уред може привремено да се изгуби.]
  • [Снимките на екранот и менито на уредот може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.]

[Благодариме за повратните информации]