[Уредот ми е скршен и има пукнатина на екранот]
[Дали случајно ви паднал уредот¿ Ненадеен физички удар на уредот може да предизвика пукање или кршење на екранот или задната површина (задно стакло). Има различни типови и интензитети на оштетување што може да предизвикаат различни проблеми. Дознајте како да ја поправите штетата ако појдете до најблискиот сервисен центар на Sám~súñg~.]
[Проверка 1. Причини за оштетување на екранот]
[Пукнат екран]
[Кога ќе се примени директна физичка сила на уредот, обично се крши или пука стаклениот екран. Може да го намалите оштетувањето до одреден степен ако користите футрола или заштитна фолија, но ако има оштетување, треба да се поправи што побрзо.]
[Црна точка на екранот]
[На екранот може да се појави црна точка што личи на дамка од мастило ако не е оштетено стаклото, туку се оштетени внатрешни механизми на екранот поради пролонгиран и постојан притисок.]
[Протекување на пикселите]
[Протекувањето на пикселите главно се појавува поради директен удар на уредот. Тоа може да предизвика појава на црни линии или линии во друга боја во редовите или колоните со пиксели.]
[Проверка 2. Типови поправки на екранот]
[Сервисните центри на Sáms~úñg É~léct~róñí~cs го поправаат екранот користејќи само оригинални делови одобрени од Sá~msúñ~g. Откако техничарот во сервисниот центар темелно ќе го прегледа степенот на оштетување, ќе добиете известување на начинот на поправка и трошокот за поправање. За поправка на екраните, има два вида поправки: замена на целиот екран или делумна поправка.]
[Замена на целиот екран]
[Со овој начин на поправка се менува целиот екран. Овој процес се одвива откако техничарот во сервисниот центар на Sáms~úñg É~léct~róñí~cs ќе утврди дека е потребна замена на целиот екран. Вкупниот трошок за поправка зависи од гаранцијата, осигурувањето и моделот на уредот. Проценетиот трошок за замена на екранот од моделот на вашиот уред може да го проверите на веб-локацијата за поддршка на корисници од Sá~msúñ~g Élé~ctró~ñícs~.]
[Делумна поправка]
[Екранот е еден дел којшто се состои од панел за приказ, калено стакло и предно куќиште. Со делумната поправка не се сменува целиот екран, туку само неопходните делови, како што се панелот за приказ или каленото стакло, а се користи предното куќиште. Ова претставува помал трошок за поправка во споредба со замената на целиот екран. Овој тип поправка е ограничен на одредени модели и може да не биде достапен во зависност од степенот на оштетување на уредот.]
[(Достапни модели –Gálá~xý Z F~óld3, Z~ Flíp~3, S21, S21+, S21 Ú~ltrá~, Z Flí~p 5G, Z F~líp, Z~ Fóld~2, Fóld~, Ñóté~20, Ñóté~20 Últr~á, S20, S20+, S~20 Últr~á, Ñót~é10, Ñót~é10+)]
[Забелешка:]
- [Пред да појдете во сервисниот центар, обратете се во центарот за поддршка на клиенти на Sáms~úñg É~léct~róñí~cs за да проверите дали го има на лагер делот што треба да се замени.]
- [Ако сте го осигурале или сте се претплатиле за план за заштита, задолжително земете ја потврдата и однесете ја во осигурителната компанија.]
[Проверка 3. Кога ќе биде оштетена задната страна на куќиштето (задно стакло)]
[Задно стакло се однесува на задната страна од куќиштето којашто е направена од стакло. Ако е оштетена задната страна од куќиштето поради физички удар или пад, може да се замени во сервисен центар на Sáms~úñg É~léct~róñí~cs. Трошокот и начинот на поправка зависат и од моделот на уредот и од тоа дали треба да се проверува за внатрешно оштетување како додатна услуга на замената на надворешното задно куќиште. За да ги видите деталните цени, посетете го сервисниот центар на Sá~msúñ~g Élé~ctró~ñícs~.]
[Забелешка: сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.]
[Благодариме за повратните информации]
[Одговори на сите прашања.]
[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]