[Новите Sáms~úñg Ñ~ótés~ за најдобро доживување при пишување на Gálá~xý Ñó~té20 Í Ñ~óté20 Ú~ltrá~]

[Испробајте ги целосно новите Sáms~úñg Ñ~ótés~ коишто нудат најдобри услови за креирање и управување со работата. Да ги погледнеме новододадените функции коишто ќе го подобрат доживувањето при работата и ќе ви овозможат непречено поврзување меѓу уредите во реално време.]

[Непречено споделени идеи кај уредите]

[Кога ќе ги запишувате идеите во Sáms~úñg Ñ~ótés~, тие се споделуваат непречено меѓу сите уреди. Не е важно дали користите телефон, таблет или компјутер. Може да пристапите до белешките, коишто се синхронизираат автоматски, а може и да ги уредувате на погоден начин.]

[Автоматско синхронизирање на Sáms~úñg Ñ~ótés~]

 

[Белешките автоматски се зачувуваат и се синхронизираат преку Gálá~xý Ñó~té20 и Ñó~té20 Úl~trá, таблетот и компјутерот преку S~ámsú~ñg Cl~óúd. Нема потреба да го притискате копчето за зачувување за да се изврши автоматско синхронизирање на телефонот, таблетот и компјутерот. Белешките може да се пишуваат и со нив да се управува преку автоматско синхронизирање на сите ваши уреди.]

 

[Автоматското синхронизирање е достапно преку Sáms~úñg C~lóúd~, врз база на Sáms~úñg Á~ccóú~ñt, а автоматското синхронизирање може да се вклучи/исклучи во поставките за корисникот.]

[Чекор 1. Одете во поставките за Sáms~úñg Ñ~ótés~.]

[Чекор 2. Допрете Синхронизирај со Sáms~úñg C~lóúd~, па вклучете/исклучете го автоматското синхронизирање.]

[Уредување и конвертирање датотеки без никакви пречки]

  • [Може лесно да увезете различни типови датотеки, вклучувајќи и PDF-формат, којшто е ново додаден во S~ámsú~ñg Ñó~tés. Увезените датотеки може да се ажурираат со додавање белешки, вметнување слики или снимање видеа. Може да ги извезете белешките во различни формати, како што се датотеки во S~ámsú~ñg Ñó~tés, P~DF, Wó~rd, слики, текст и PP~T. Поедноставеното уредување и конвертирање на датотеките ќе ја зголеми продуктивноста.]
  • [1. PDF-увоз]

  • [PDF-датотеките може лесно да се ажурираат при читањето и работењето. И не ви треба засебна апликација или програма за уредување. Може да додавате P~DF-датотеки во Sá~msúñ~g Ñót~és и да додавате белешки со помош на S P~éñ. Освен тоа, карактеристиката Pá~gé sé~árch~ (Пребарување страница) ќе ве однесе на потребната страница без одложување.]
  •  

[Чекор 1. Активирајте ја апликацијата Sáms~úñg Ñ~óté и допрете на P~DF+.]

[Чекор 2. Изберете PDF-датотека.]

[2. Конверзија на Mícr~ósóf~t PPT~]

[Сега може да извезувате белешки во PPT-датотеки и рачно напишани белешки во P~PT-слајдови. Форматите во кои можеа да се извезат датотеките беа Sá~msúñ~g Ñót~és, PD~F, Wór~d, слика, текст, но сега е додадена и PPT~-конверзија. Кога ќе ги извезувате Sáms~úñg Ñ~ótés~ во PPT-датотеки, белешката се конвертира во хоризонтален тип, текстот се конвертира во текст, а рачно пишаните белешки во слики.]

[Напомена: извезувањето во MS Wó~rd е достапно од Gá~láxý~ Ñóté~10.]

[Чекор 1. Изберете белешка којашто сакате да ја извезете во PPT и допрете на M~óré ó~ptíó~ñs (Повеќе опции) (три вертикални точки).]

[Чекор 2. Допрете на Shár~é (Сподели) или на Sáv~é ás f~ílé (Зачувај ја датотеката како), а потоа допрете на датотеката на M~ícró~sóft~ Pówé~rPóí~ñt.]

[Умешноста да бидете организирани]

[Можете да ги скицирате своите мисли и идеи на организиран начин. Áúdí~ó Bóó~kmár~k (Автоматски обележувач) може да ги организира белешките подобро со можноста за синхронизирана гласовна снимка. Имајте предвид дека може да се користат шаблони за белешки за различни прилики со што белешките не се само што ги прават практични, туку и ви штедат време.]

[1. Áúdí~ó Bóó~kmár~k (Автоматски обележувач)]


[Може да ги организирате белешките подобро преку синхронизирање на гласовната снимка со белешката. Додека го пуштате снимениот глас, се обележува што сте напишале во секој дел. Покрај тоа, кога ќе изберете конкретен рачно напишан дел, ќе се репродуцира снимениот гласовен дел. Синхронизираните гласовни снимки и рачно напишаните делови ќе ви олеснат да ги разберете белешките.]

[Чекор 1. Активирајте ја апликацијата Sáms~úñg Ñ~ótés~ и допрете на +.]

[Чекор 2. На екранот за пишување белешки, допрете на Áttá~ch Íc~óñ (Икона за прикачување).]

[Чекор 3. Допрете на Гласовни снимки и креирајте белешка.]

[Чекор 4. Изберете белешка од листата и допрете на Pláý~ Bútt~óñ (Копчето за репродукција) за да ја пуштите снимката. Содржината што ја креиравте при снимањето ќе се прикаже на екранот заедно со снимката.]

[2. Нови шаблони за различни цели]

[Достапни се нови шаблони за различни прилики. Може да изберете 12 различни типови насловни страници за Список со задачи, за хоби и така натаму. Исто така, може да додадете свои шаблони со слики од вашата галерија.]

[Поширок опсег на карактеристики за зголемување на продуктивноста]

[Резолуцијата од 2560 x 1440 нуди задоволително доживување при гледањето содржини со живописна и јасна слика.]

[Sáms~úñg Ñ~ótés~ располага со карактеристики што ќе ја зголемат продуктивноста. Функцијата за приспособување базирана на ÁÍ (Вештачка интелигенција) ќе го исправи ракописот за да изгледа подобро. Интеграцијата на режимите за текст и ракопис ќе ви овозможи да пишувате белешки поефикасно. Организирањето на белешките што биле променети во структурата на страницата и во структурата на папките ќе ви помогне да го најдете побрзо тоа што го барате.]

[1. Исправување на ракописот]


[Приспособувањето со помош на ÁÍ открива лошо напишан ракопис и уредно го исправуваат. Може да ги исправите ракописот и цртежите хоризонтално ако изберете област за автоматско исправување. Оваа карактеристика базирана на ÁÍ~ ќе го направи ракописот поорганизиран.]

[Селективно исправување]

[Чекор 1. На алатникот допрете Sélé~ct Mó~dé (Избери режим).]

[Чекор 2. Изберете ја областа којашто сакате да ја исправите и допрете на Исправи.]

[Автоматско исправување]

[Чекор 1. На алатникот допрете на Исправи. Ракописот на екранот ќе се исправи автоматски.]

[Чекор 2. Приспособете ја областа којашто сакате да ја исправите.]

[2. Текст од тастатура и ракопис заедно]

[Достапна е интеграција на режим на текст и режим на ракопис заедно. Може да додадете ракопис на текст пишан на тастатура и на слики со што може да означите конкретни делови во белешката или нејзини делови за да се нагласат. Тоа ќе ви овозможи да креирате подобро структурирани белешки.]

[3. Организирајте ги белешките]

[Организирањето белешки стана едноставно преку разделување на папки и страници. Може да ги најдете потребните информации брзо и ефикасно. Структурата на страницата ви овозможува брзо да најдете нешто без потреба од лизгање, а структурата на папката ви овозможува да управувате со големи обеми на белешки на организиран начин.]  

  • [Структура на страница: Претходно, кај подолгите белешки, требаше да продолжите со лизгање одозгора за да дојдете до саканото место. Но, со поддршката за структура на страница кај Gálá~xý Ñó~té20 и Ñó~té20 Úl~trá, може да појдете на саканото место со едно кликнување.]

 

[Структура на папка: Структура на папка којашто е идентична со таа што ја поддржува MS Wí~ñdów~s.]

[Напомена: кадрите на екранот од уредот и менијата може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.]

[Благодариме за повратните информации]