[Sáms~úñg G~áláx~ý Wát~ch не пушта и не репродуцира звуци]

[Доколку Sáms~úñg G~áláx~ý Wát~ch не пушта никакви звуци воопшто или не емитува каков било шум од звучникот, дури и со зголемена гласност, можно е звукот на уредот да ставен на „без звук“. Или пак, можеби е вклучен тивок режим како што е Dó~ ñót d~ístú~rb (Не вознемирувај), Th~éáté~r mód~é (Театарски режим) или Béd~tímé~ módé~ (Режим за спиење). Можете да ги проверите овие поставки и да ги исклучите, доколку е потребно.]

Galaxy watch

[Забелешка: Достапните екрани и поставки може да се разликуваат во зависност од давателот на безжична услуга, од верзијата на софтверот и од моделот на часовникот. Паметниот часовник Sáms~úñg исто така поддржува многу други функции за Пристапност за да Ви помогне да го искористите најмногу што можете.]

1 [Отворете Поставки]
  • [Телефон: Отворете ја апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé, потоа допрете на Поставки за часовникот.]
  • [Часовник: Отворете Поставки.]
2 [Отворете ги поставките за подобрување на слушање]

[Лизгајте надолу на часовникот или на телефонот и допрете на Пристапност, потоа допрете на Подобрувања за слушање.]

3 [Оневозможете Исклучи ги сите звуци]

[Доколку Исклучи ги сите звуци е овозможено, допрете на прекинувачот веднаш до Múté~ Исклучи ги сите звуци за да го исклучите. Прекинувачот ќе биде на лево откако ќе го исклучите.]

[Исто така, проверете дали се вклучени тивките режими како што се Dó ñó~t dís~túrb~ (Не вознемирувај), Théá~tér m~ódé (Театарски режим) или B~édtí~mé mó~dé (Режим на спиење). Можете да ги исклучите овие режими со допирање на Напредни функции во Поставки и исклучување на истите. За да го исклучите режимот Не вознемирувај, лизгајте надолу на панелот Брзи поставки и допрете на иконата Не вознемирувај]

[Сите вклучени звуци ставете ги на „без звук“ на паметниот часовник Gálá~xý]
4 [Отворете ги поставките за Звуци и вибрации]

[На часовникот или на телефонот, одете назад на страната со поставки, и допрете на Звуци и вибрации. Уверете се дека часовникот не е наместен на Без звук.]

5 [Проверете дали има вода]

[Доколку Вашиот часовник бил потопен во вода или ако микрофонот или звучникот се влажни, звукот може да не се слуша јасно за време на повик. Темелно исушете го часовникот со чиста, мека крпа. Можеби ќе треба да ја исчистите водата за да го вратите звучникот во работна состојба.]

[Ако Вашиот часовник е изложен на каква било течност (како солена вода) освен свежа вода, веднаш исплакнете го со свежа вода и потоа исушете го.]

6 [Побарајте сервис]

[Ако часовникот не може да се рестартира поради физичко оштетување, како заглавено копче, посетете го сервисниот центар за да побарате помош.]

[Благодариме за повратните информации]