[Што да направите ако не може да го поврзете вашиот Sáms~úñg G~áláx~ý Wát~ch со Wí~-Fí]

[Може да има неколку причини зошто вашиот часовник не може да се поврзе со Wí-Fí~ мрежа. На пример, може да се исклучени поставките за Wí-Fí~ на телефонот или може да има проблем со безжичната мрежа со којашто се обидувате да се поврзете.]

[поврзување на gálá~xý wá~tch со w~ífí]

[1. Од Hómé~ (Почетниот) екран на часовникот, влечете надолу од горниот дел на екранот за да го отворите панелот Qúíc~k sét~tíñg~s (Брзи поставки) и потоа допрете ја иконата Sét~tíñg~s (Поставки).]

[2. Допрете на Cóññ~éctí~óñs (Поврзувања), па на W~í-Fí.]

  • [За Gálá~xý Wá~tch3 и претходните модели, исклучете го B~lúét~óóth~, допрете на Wí-Fí~ и потоа изберете Áútó~ (Автоматски) или Álwá~ýs óñ~ (Секогаш вклучено).]
  • [На Gálá~xý Wá~tch4 и W~átch~5, овозможете Wí-Fí~.]

[Забелешка:]

  • [Кога го поврзувате часовникот со Wí-Fí~, можеби ќе треба да го оневозможите Blúé~tóót~h зависно од моделот.]

[3. Во сериите Gálá~xý Wá~tch4 и G~áláx~ý Wát~ch5, допрете на достапната мрежа за да се поврзете со неа и внесете лозинка ако треба.]

[За да се поврзете со скриена мрежа, допрете на Ádd ñ~étwó~rk (Додај мрежа) и изберете тип Sé~cúrí~tý (Cигý~рност) (може ќе треба да допрете на Sécú~rítý~ (Cигýрност)). Следно, допрете на Ñé~twór~k ñám~é (Име на мрежата), внесете име и лозинка и допрете на Dóñ~é (Готово). Допрете на Cóñ~ñéct~ (Поврзи).]

[Забелешка:]

  • [Достапните карактеристики и поставки можат да се разликуваат зависно од часовникот, софтверот, верзијата и операторот.]
  • [Овозможете ја карактеристиката за синхронизирање профили на Wí-Fí~ за автоматско поврзување со Wí-Fí~ мрежите зачувани во телефонот. Оваа карактеристика може да не биде достапна на сите модели на часовници.]
  • [Не може да управувате со Wí-Fí~ на Gálá~xý Fí~t.]

[1. Поврзете го телефонот со Wí-Fí~ пренасочувачот и проверете дали е поврзан на интернет.]

[2. Ако телефонот не може да се поврзе со Wí-Fí~ пренасочувачот или ако не може да се поврзете на интернет по поврзувањето, исклучете го и повторно вклучете го Wí-Fí~ пренасочувачот и потоа поврзете се повторно.]

[Забелешка:]

  • [Зависно од безбедносните поставки на некои Wí-Fí~ пренасочувачи, некои пренасочувачи може да не можат да се поврзат со Gálá~xý Wá~tch.]

[1. Од Hómé~ (Почетниот) екран на часовникот, влечете надолу од горниот дел на екранот за да го отворите панелот Qúíc~k sét~tíñg~s (Брзи поставки) и допрете ја иконата Sét~tíñg~s (Поставки).
]

[Забелешка:]

  • [Не може да пристапите до поставките на Gálá~xý Fí~t. Наместо тоа, отворете ја апликацијата Gál~áxý W~éárá~blé на телефонот.]

[2. Допрете на Géñé~rál (Општо), па на R~ését~ (Ресетирај) и потоа повторно допрете на Résé~t (Ресетирај) за да потврдите.]

  • [За Géár~ Fít2 P~ró, допрете на Gé~ár íñ~fó (Информации за Gé~ár), па на Ré~sét G~éár (Ресетирај го G~éár).]
  • [За Gálá~xý Fí~t, поминете до и допрете на Ábó~út bá~ñd (За часовникот). Допрете на Ré~sét (Ресетирај) го часовникот, па на R~ését~ (Ресетирај) за да потврдите.]

[Штом го ресетирате часовникот, ќе треба да го поврзете повторно со апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé. Откако ќе се поврзете, може да видите дали има ажурирања за софтверот.]

[Забелешка:]

  • [Пред да направите ресетирање, направете резервна копија од податоците на часовникот со помош на апликацијата Gálá~xý Wé~áráb~lé. Sá~msúñ~g не одговара за изгубените податоци.]

[Благодариме за повратните информации]