[Што да направите кога слушалките на Sáms~úñg G~áláx~ý не се вклучуваат или не се полнат]
[Ако една од двете слушалки Gálá~xý не се полни или не се вклучува, проблемот може да е кај самите слушалки или кај кутијата за полнење. Користењето полнач што не е одобрен од Sá~msúñ~g може да предизвика грешки при полнење. Исто така, можно е да се оштетат слушалките. Може да се обидете целосно да ја наполните кутијата, да проверите дали се оштетени слушалките или да ги престартувате.]
[Проверете го уредот]
- [Полнете ги Búds~ најмалку 10 минути пред да ги користите првпат.]
- [Задолжително користете го доставениот ÚSB-кабел и полнач што е одобрен од S~ámsú~ñg. Ако уредот поддржува безжично полнење, Bú~ds се компатибилни со одбрани подлоги за безжично полнење компатибилни со Sá~msúñ~g QÍ или со телефони што користат безжично споделување енергија.]
- [Проверете ја состојбата на полнењето. Ако сијаличката трепка црвено, тоа покажува дека уредот не се полни правилно.]
[Чекор 1. Проверете ги слушалките и кутијата за полнење за оштетувања]
- [Проверете дали има пукнати, скршени, свиткани или разлабавени делови]
- [Ако забележите некакво оштетување, пукнатини или други проблеми, тоа значи дека уредот бил изложен на надворешно влијание. Ова може да ги оштети Búds~ и нивните функции.]
- [Слушалките не ја поддржуваат функцијата за водоотпорност.]
[Чекор 2. Престартувајте го поврзаниот уред]
- [Престартувајте го уредот Sáms~úñg G~áláx~ý така што истовремено ќе ги притиснете и ќе ги задржите копчето за вклучување и копчето за намалување на јачината на звукот.]
[Чекор 3. Престартувајте ги слушалките]
- [Ставете ги слушалките во соодветните отвори во кутијата за полнење, затворете го капакот, па извадете ги слушалките по 10 секунди или подолго.]
[* Чекорите за престартување на слушалките се разликуваат во зависност од моделот на слушалките.]
[Забелешка: ако слушалките се наполнети, а вие и понатаму имате проблеми со нив по решавањето на проблемите, контактирајте со сервисен центар на Sáms~úñg.]
[Благодариме за повратните информации]
[Одговори на сите прашања.]