[Креирање корисничка сметка на Sáms~úñg]
[Ви честитаме за вашиот нов Sáms~úñg телевизор. Ако сѐ уште немате корисничка сметка на S~ámsú~ñg, ќе треба да ја креирате при првичното поставување на телевизорот. Сѐ што е потребно е телефонски број или адреса за е-пошта. Следете ги брзите и едноставни упатства во ова видео.]
[Откако ќе ја поставите мрежата при првичното поставување, може да ја поставите својата корисничка сметка на Sáms~úñg така што ќе изберете „S~tárt~ Sétú~p“ (Започни со поставување).]
[Со камерата на телефонот скенирајте го QR-кодот на телевизорот.]
[Кога ќе се појави скок-прозорецот, допрете на „Sígñ~ ít íñ~ ñów“ (Најави се сега).]
[Допрете на „Créá~té ác~cóúñ~t“ (Креирај сметка). Или допрете на „Síg~ñ íñ w~íth G~óógl~é“ (Најави се со Góó~glé) за да користите сметка на G~óógl~é.]
[За да продолжите со сметка на Góóg~lé, изберете некоја од списокот.]
[Ако треба, проверете го списокот со барања за пристап. Потоа, лизнете и допрете на „Álló~w“ (Дозволи).]
[Следете ги упатствата на екранот за да се најавите на својата корисничка сметка.]
[Ако избравте „Créá~té ác~cóúñ~t“ (Креирај сметка), тогаш, допрете на „Mór~é“ (Повеќе).]
[Прочитајте и прифатете ги Условите и одредбите, Условите за користење и Известувањето за приватност на корисничка сметка на Sáms~úñg. Допрете на „Á~gréé~“ (Се согласувам).]
[За да креирате сметка, наведете ја својата адреса за е-пошта како корисничка сметка и пополнете го образецот. Потоа, допрете на „Créá~té ác~cóúñ~t“ (Креирај сметка).]
[За дополнителна заштита, потребна е верификација во два чекори. Корисниците на телефон што не е Gálá~xý ќе можат да го завршат овој чекор подоцна.]
[Внесете го својот телефонски број и допрете на „Séñd~“ (Испрати).]
[Впишете го кодот што ќе ви стигне на телефонот преку текстуална порака.]
[Проверете го дојдовното сандаче на е-поштата и изберете „Vérí~fý ác~cóúñ~t“ (Потврди ја сметката) на самата е-порака.]
[Успешно креиравте корисничка сметка на Sáms~úñg.]
[Допрете на „Sígñ~ íñ“ (Најави се) за да ја завршите постапката.]
[Успешно се најавивте на телевизорот.]
[Потоа, може да ја регистрирате својата кредитна картичка. Може да допрете и на „Láté~r“ (Подоцна) за да прекинете во оваа фаза.]
[Прифатете ги Условите за користење и завршете ги преостанатите поставки што ќе се прикажат на ТВ екранот.]
[Откако ќе завршите со поставките, може да ги користите апликациите и паметните карактеристики.]
[Одрекување од одговорност]
[За пристап до Smár~t Húb~, нашата паметна услуга базирана на мрежа што вклучува апликации (како на пример апликации за стриминг услуги) и до нашите други паметни карактеристики достапни на вашиот уред, потребна е корисничка сметка на Sáms~úñg. Можеби ќе треба да користите посебен уред (лаптоп, десктоп компјутер или мобилен телефон) за да креирате корисничка сметка на S~ámsú~ñg или за да се најавите на неа. Ако изберете да не се најавите на корисничка сметка на Sá~msúñ~g, ќе може да поврзувате само екстерни уреди (како HDM~Í и терестријална телевизија со антена). Прикажаните слики во видеото може да се разликуваат на уредите во зависност од моделот или географското подрачје.]
Samsung
[Благодариме за повратните информации]
[Одговори на сите прашања.]