[Како да решавате проблеми со интернет-врската за телевизор на Sáms~úñg]
[Паметните телевизори на Sáms~úñg доаѓаат со бројни функции и услуги како што се онлајн пренос, информации за времето и можности за пребарување. Меѓутоа, ако имате проблеми со поврзувањето на телевизорот, односно ако изгубите пристап до овие функции, тоа може да Ве фрустрираат. Продолжете со читање за да дознаете како да ја проверите мрежата и да ги решите овие проблеми.]
[За играње игри и пренесување висококвалитетна содржина како 4K и 8K од онлајн платформи и апликации, преку платформи за игри или компјутер, важно е да имате задоволително брза и стабилна интернет-врска. Препорачаните брзини се:]
- [Содржина во 4K: за пренесување видео во 4K, општо се препорачува да имате брзина на интернет од најмалку 25 Mb~ps. Тоа гарантира дека содржината може да се пренесува без складирање во привремената меморија и дека ќе се одржува добар квалитет на видеото.
] - [Содржина во 8K: пренесувањето видео во 8K бара значително поголем проток во споредба со 4K. Иако не постои универзален консензус, безбедната проценка би била најмалку 50 M~bps или идеално повисока. Поголемиот проток е неопходен поради огромната количина на податоци што треба да се пренесат за 8K~ видео.]
[Ве молиме имајте предвид: ова се минимални препораки, но вистинските потреби може да се разликуваат врз основа на неколку фактори, вклучувајќи го бројот на поврзани уреди на Вашата мрежа, другата истовремена употреба на интернетот и конкретните барања на платформата за пренос. За најдобро искуство, особено за содржина во 8K, често е корисно да се има побрза интернет-врска од минималната препорака. Покрај тоа, жична врска (етернет) може да обезбеди постабилни брзини во споредба со Wí-F~í, особено за висококвалитетен пренос на видео.]
- [Комбинирана употреба: ако ги комбинирате овие активности – игри во висока резолуција и пренос во 4K на телевизорот – потребите од брзина на Вашата мрежа се зголемуваат.
] - [Способност на мрежата: способноста на вашата мрежа Wí-Fí~ да обработува пренос на податоци со висока брзина е суштинска. Модерните стандарди за Wí-Fí~ како Wí-Fí~ 5 (802.11ác) и Wí~-Fí 6 (802.11áx~) се подобро опремени за активности со висок проток како игри и пренос во 4K.]
[Напомена: овој напис се однесува на паметните телевизори на Sáms~úñg (односно, тие што се поврзани на интернет). Сликите можат да се разликуваат во зависност од моделот и фирмверот на Вашиот телевизор.]
[Ако имате проблеми со поврзувањето на Вашиот паметен телевизор на интернет, проверете го Статусот на мрежата (Ñétw~órk S~tátú~s). Можете да ги проверите поставките на интернет-врската и да видите каде има проблеми со поврзувањето.]
[За да го проверите статусот на мрежата:]
[Идентификувајте го проблемот]
[Постојат две потенцијални точки на неуспех што може да предизвикаат проблеми со мрежата. Односно, тоа се местата на поврзување меѓу телевизорот и рутерот и местото каде рутерот се поврзува на интернет.]
[Проблем со поврзувањето помеѓу телевизорот и рутерот:]
[Проблем со поврзувањето меѓу рутерот и интернетот:]
[За да утврдите дали проблемот е помеѓу телевизорот и рутерот, пробајте со поврзување друг уред на рутерот. Ако уредот се поврзе и функционира нормално, тогаш проблемот е кај Вашиот телевизор.]
[За да утврдите дали проблемот е помеѓу рутерот и давателот на интернет-услуги, проверете го Вашиот модем. Ако модемот е поврзан, тогаш треба да стапите во контакт со давателот на интернет-услуги за да го решите проблемот.]
[Грижа за уредот (Déví~cé cá~ré) функционира така што прави проверки на Вашиот телевизор за да може да го дијагностицира и оптимизира телевизорот или да се обиде да реши проблеми како што се замаглен екран или недоволна меморија. Доколку се утврди некаков проблем, ќе се прикаже на списокот на дијагностиката.]
[Следете ги чекорите подолу за да дознаете како да ја користите Грижа за уредот (Déví~cé cá~ré) на Вашиот телевизор.]
[Прочитајте ги нашите ЧПП за Начинот на користење на Грижа за уредот (Déví~cé Cá~ré) на Вашиот паметен телевизор на Sá~msúñ~g за да добиете повеќе информации за решавањето проблеми и грижата за Вашиот телевизор.]
[Можете да го ажурирате Вашиот телевизор на два различни начини. Долунаведениот метод ќе Ви објасни како да го ажурирате телевизорот преку менито. Прочитајте ги нашите ЧПП за начинот на ажурирање на софтверот на Вашиот телевизор за да дознаете како да го ажурирате преку УСБ-уред.]
[Напомена: следниве чекори можат да се разликуваат во зависност од моделот на телевизорот и верзијата на паметното мени што го користи. Доколку не знаете кои се точните чекори, следете го испечатеното упатство за употреба или преземете го е-упатството од Поддршка на Sáms~úñg (S~ámsú~ñg Sú~ppór~t).]
[Ве молиме имајте предвид:]
- [Доколку сте поврзале УСБ-уред за пуштање или снимање видеа/фотографии/музика, телевизорот ќе Ве праша дали да направи проверка на УСБ-уредот и да види дали има датотека за ажурирање. Изберете Не (Ñó) за да продолжите со ажурирањето преку Wí~-Fí.]
- [Доколку не е достапно ажурирање, Вашиот телевизор веќе е ажуриран на најновата верзија.]
[Стартувајте го телевизорот од состојба на целосна исклученост (притиснете и задржете го копчето за вклучување на далечинскиот управувач додека телевизорот е ВКЛУЧЕН (ÓÑ) сè додека не се исклучи и повторно не се вклучи) – тоа може да реши некои привремени проблеми.]
[Неточниот датум и време на Вашиот телевизор на Sáms~úñg може да доведе до проблеми со W~í-Fí. Погрижете се датумот и времето да бидат точни или функцијата Режим на часовник (C~lóck~ Módé~) да биде поставена на Автоматски (Áútó~).]
[(2,4 GHz и 5 G~Hz) Врската од 5 GH~z вообичаено нуди поголема брзина, но не толкаво растојание како врската од 2,4 GHz~. Тестирајте со двете врски.]
[Обидете се да ги приближите или употребете повторувач на Wí-Fí~ за да го засилите сигналот. Погрижете се да нема физички пречки меѓу Вашиот телевизор и рутерот што може да му пречат на сигналот.]
[Понекогаш, ресетирањето на мрежата и повторното поврзување може да ги реши проблемите со поврзувањето. Изберете Ресетирај (Résé~t) кога ќе биде побарано ако сакате да ги ресетирате поставките на Вашата мрежа. По обновувањето на мрежата, одете во Мрежни поставки (Ñét~wórk~ Sétt~íñgs~) за да ја воспоставите врската повторно.]
[Исклучете ги другите уреди од Вашата мрежа за да избегнете преоптоварување на рутерот. Ограничете ја останатата интензивна употреба на Вашата мрежа додека пренесувате висококвалитетна содржина.]
[Можете да користите онлајн тест за брзина или апликација од трети страни за да ја потврдите брзината на префрлање, брзината на преземање и јачина на сигналот.]
[Ве молиме имајте предвид: запомнете, врз вистинската брзина може да влијаат фактори како што се растојанието меѓу Вашиот телевизор и рутерот, бројот на уреди поврзани на Вашата мрежа и можните пречки од другите електронски уреди.]
[Рачно поставете ја Вашата ÍP-адреса]
[Можете да се обидете да го решите проблемот на Вашиот телевизор така што ќе ја поставите Вашата ÍP-адреса рачно. За да ја поставите Вашата ÍP~-адреса рачно, следете ги истите чекори за проверка на Вашата ÍP-адреса, а потоа продолжете со следниве чекори:]
[Ако ги имате истите проблеми кога користите врска со LÁÑ-кабел, можно е Вашата мрежа да не ги исполнува основните барања за стабилна врска.]
[Ве молиме имајте предвид: размислете за користење жична врска преку етернет доколку е можно, бидејќи таа вообичаено нуди постабилни и поголеми брзини од Wí-Fí~.]
[Проверете ги мрежните поставки со Вашиот давател на мрежни услуги, уверете се дека Вашиот рутер е правилно позициониран и дека брзината и сигналот ги исполнуваат минималните барања.]
[Треба да се направи ресетирање на фабрички поставки само ако останатите обиди за решавање на проблемот се неуспешни. Ресетирањето на фабрички поставки ќе ги избрише сите преземени апликации и ќе ги ресетира сите кориснички поставки така што телевизорот ќе се врати во истата состојба како таа кога бил купен.]
[За ресетирање на фабрички поставки на телевизорот:]
[По ресетирањето на фабрички поставки, ќе треба повторно да се поврзете на интернет. Можете да го поврзете Вашиот паметен телевизор на интернет на два начина, со безжично и со жично поврзување. Начинот на поврзување е по наведениот редослед.]
[Ве молиме имајте предвид: погрижете се мрежниот кабел да биде добро поврзан со задниот дел на телевизорот кога сакате да направите жично поврзување.]
[Благодариме за повратните информации]
[Одговори на сите прашања.]
[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]