[Како да го ажурирате фирмверот на телевизорот Sáms~úñg со помош на Ú~SB-меморија]
[Многу важно да го ажурирате фирмверот на телевизорот до најновата верзија. Може да го ажурирате телевизорот со помош на ÚSB-меморија или преку мрежа, а ако не функционира ниеден од двата начина, може да се користи и R~émót~é Máñ~ágém~éñt (Далечинско управување). Следете го водичот подолу за да го ажурирате фирмверот на телевизорот со помош на Ú~SB-меморија.]
[Редовно ажурирајте го фирмверот]
[Ќе имате некои придобивки што ќе може да ги искористите кога ќе го ажурирате фирмверот. Прво и основно, ќе може да додавате нови карактеристики на телевизорот. Дури и ако телевизорот не е најнов модел, сепак ќе може да ги користите најновите карактеристики од ажурирањето на фирмверот. Може и да поправи разни грешки. Новиот фирмвер може да има решение за Вашиот проблем.]
[Забелешка: повеќето телевизори ќе добијат ажурирања во кои има нови карактеристики за следните две години. Ажурирањата по ова се главно за поправање проблеми.]
[Како да извршите ажурирање со помош на ÚSB-меморија]
[Ако телевизорот не е поврзан на интернет, добро е да го ажурирате со помош на ÚSB-меморија. За таа цел, ќе Ви треба Ú~SB-меморија и компјутер поврзан на интернет. Обидете се со следниве чекори.]
[Чекор 1. Побарајте го кодот на моделот на телевизорот на веб-локацијата од Sáms~úñg S~úppó~rt и преземете ја датотеката за надградба.
]
[Чекор 2. Отпакувајте ја содржината и зачувајте ја на ÚSB-меморијата.]
[Забелешка: зачувајте ја датотеката за ажурирање на основниот директориум од ÚSB-меморијата за да може да ја пронајде телевизорот.]
[Чекор 3. Вметнете ја ÚSB-меморијата во отворот за Ú~SB на телевизорот.]
[Чекор 4. Ажурирањето на фирмверот ќе започне автоматски.]
[Забелешка:]
- [Не исклучувајте го телевизорот, не исклучувајте го кабелот и не вадете ја ÚSB-меморијата за време на ажурирањето. Може да предизвика грешка во фирмверот.]
- [Кодот на моделот може да го најдете во менито Súpp~órt (Поддршка) > Á~bóút~ thís~ TV (За овој телевизор) или на задната страна од самиот телевизор.]
- [Сликите од екранот и од менито се само пример на англиски јазик - ги има и на јазикот во Вашата земја.]
[Благодариме за повратните информации]
[Одговори на сите прашања.]
[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]