[Како да користите Táp V~íéw (Допри и гледај) и M~últí~ Víéw~ (Повеќе прикази)]
[Táp V~íéw (Допри и гледај) и M~últí~ Víéw~ (Повеќе прикази) се погодни карактеристики за споделување на екранот. Táp V~íéw (Допри и гледај) ви овозможува да го пресликате телефонот со само еден допир на телевизорот, а M~últí~ Víéw~ (Повеќе прикази) ви дава бескрајни можности за делење на екраните и гледање неколку видови содржина истовремено. Корисниците можат да ги разделат саканите содржини на големи и разновидни екрани.]
[Допрете со телефонот на телевизорот за да ја пресликате содржината]
[Ако сакате да пренесете содржини, како што се фотографии и видеа од мобилниот уред на телевизорот, само приближете го до телевизорот. Кога ќе го допрете малку, се пресликува веднаш и тоа е сè за Táp V~íéw. Полесно, побрзо и попрактично пресликување на екранот без пристап до W~í-Fí мрежа или мобилни податоци за споделување забавно доживување во секојдневниот живот.]
[Допирајте нежно за да не ги оштетите уредите и избегнувајте допирање со уредот на аголот од телевизорот или директно на екранот. Може да користите заштитна футрола за телефонот ако треба. За да добиете најдобри резултати, треба да допрете на горниот или страничниот дел од телевизорот.]
[Забелешка: достапно од TÚ7000 и подобар модел на телевизор (вклучувајќи телевизор за начин на живот/на отворено) и моделите Sá~msúñ~g Gál~áxý од активирањето. (Á~ñdró~íd 8.1 и понов)
]
[За да користите Táp V~íéw (Допри и гледај), треба да ја вклучите карактеристиката T~áp ví~éw (Допри и гледај) во апликацијата Sm~ártT~híñg~s на телефонот.]
[Чекор 1. На телефонот, отворете ја мобилната апликација Smár~tThí~ñgs и допрете на иконата M~éñú (Мени) (три хоризонтални линии).]
[Чекор 2. Допрете на Sétt~íñgs~ (Поставки) и лизнете на Táp v~íéw (Допри и гледај). Допрете на прекинувачот за да го вклучите.]
[Чекор 3. Приближете го телефонот поблиску до телевизорот и допрете Álló~w (Дозволи) известување за откривање присуство на телефон кога ќе се појави на екранот од телефонот.
]
[Забелешка:]
- [За да ја користите Táp V~íéw, ажурирајте ја апликацијата S~márt~Thíñ~gs до верзија 1.7.45 или понова. Може да се преземе преку Gó~óglé~ Pláý~ Stór~é или Ápp~lé Áp~p Stó~ré.]
- [Кога ќе започнете со пресликување, ќе треба да го откажете режимот на штедење енергија.]
- [Уверете се дека Smár~t Víé~w е овозможена на телевизорот. (Sét~tíñg~s (Поставки) > Géñ~érál~ (Општо) > Éxté~rñál~ Déví~cé Má~ñágé~r (Управител со надворешни уреди) > Dév~ícé C~óññé~ct Má~ñágé~r (Управител за поврзување уреди) > Ácc~éss Ñ~ótíf~ícát~íóñ (Известување за пристап))]
[За да не го оштетите уредот случајно, треба да допирате нежно. Допирањето со уредот директно на екранот или на аглите од телевизорот може да го оштети екранот. Може да користите заштитна футрола за телефонот ако треба. Најдобро е да допирате со задната страна од телефонот на горниот дел или на страните од рамката на телевизорот.]
- [Не допирајте на екранот и на аглите.]
- [Најдобро е телефонот да има футрола и да го допрете нежно на надворешната рамка.]
[Múlt~í Víé~w (Повеќе прикази) на големиот екран]
[Функцијата Múlt~í Víé~w (Повеќе прикази) ви овозможува истовремено да прикажувате две содржини на телевизорот. На левата страна може да гледате медиуми од различни извори, како на пример STB~, тв-приемник, апликации, Blú-r~áý-репродуктори или играчки конзоли, а на десната страна ќе се пресликува екранот од телефонот. Поврзете го уредот и приспособете ги големината и поставките за аудио како што сакате. Работењето со повеќе задачи на голем екран од QL~ÉD-телевизор е лесно и едноставно.]
[Забелешка: достапно само од TÚ8500 (ÑÍ~KÉ-L) и понови модели.
]
[Начинот на користење Múlt~í Víé~w (Повеќе прикази) се разликува во зависност од тоа кој уред е поврзан на телевизорот.]
[На пример, за да гледате екран од мобилен уред или компјутер во Múlt~í Víé~w (Повеќе прикази), само поврзете го уредот со пресликување (се разликува според ÓS: S~márt~ Víéw~ (Паметен приказ)/Scré~éñ mí~rrór~íñg (Пресликување екран)/Á~írpl~áý2/Pr~ójéc~t tó á~ scré~éñ (Проектирај на екран)). Исто така, ако сакате да гледате екран од надворешен уред, како на пример играчка конзола во Mú~ltí V~íéw (Повеќе прикази), одете на S~éléc~t Cóñ~téñt~ Méñú~ (Мени за избирање содржина) и изберете го уредот од листата. Може да видите повеќе комбинации на екранот со Múlt~í Víé~w (Повеќе прикази) и ќе можете да изберете и да поставите содржина на секој екран избирајќи лев и десен екран.]
- [Изберете Cóñt~éñt (Содржина): изберете ја содржината којашто ќе се прикажува на левата или десната страна од екранот.]
- [Паметен часовник/Камера: пресликувајте или емитувајте ја содржината од телефонот на екранот од телевизорот со помош на копчето за пресликување Smár~t Víé~w/Scr~ééñ на Á~ñdró~íd мобилен уред или копчето Áí~rplá~ý2 од уредот íÓS~. Пресликајте го екранот од лаптоп/компјутер преку Prój~éct (Проектирај) до карактеристика на екранот. Изберете ја поврзаната камера S~márt~Thíñ~gs или може да изберете поврзана веб-камера.]
- [Големина на екранот: приспособете ја големината на двата екрана по желба. На пример, може да го поставите помалиот прозорец во горниот десен агол или да користите приказ на поделени екрани за да ги гледате екраните во иста големина.]
- [PÍP (P~íctú~ré íñ~ Píct~úré) (Слика во слика) позиција: изберете ја позицијата на помалиот екран кога ќе се прикаже на главниот екран. Може да изберете горен лев или горен десен агол, како и долен лев и десен агол за помалиот екран. Ако не ви се допаѓа каде е поставен помалиот екран, во секое време може да го промените.]
- [Sóúñ~d Óút~pút (Излез на звук): Поврзете ги вашите уреди за звук преку B~lúét~óóth~/Wíré~léss~ за секој прозорец. 2 лица може да уживаат во секој екран поврзувајќи ги своите слушалки со одделен екран.]
- [Распределба на звукот: изберете ја оваа опција за да слушате аудио од двата екрана истовремено. Звучникот на телевизорот и звучникот на надворешниот уред истовремено ќе даваат звук.
]
[Забелешка: кадрите на екранот од уредот и менито се само пример на англиски јазик, но ги има и на јазикот во вашата земја.
]
- [Екран на мобилен телефон: кога ќе пресликувате телефон, можете да го видите пресликаниот телефон на десниот екран од Múlt~í Víé~w (Повеќе прикази). Може да пресликувате фотографии, видеа и пораки за да уживате во нив на поголем екран.]
- [Екран од телевизор или лаптоп: кога пресликувате компјутер, емитувате од телевизиска апликација или од ÍóT-камера, екранот M~últí~ Víéw~ (Повеќе прикази) ќе се подели на два еднакви дела. На пример, може да играте игра на левиот екран додека гледате видео со упатства за играта од лаптопот на потесниот екран.]
- [PÍP-екран: може да поставите и на позиција P~ÍP (слика во слика). Тоа е практично за да активирате друга содржина што ве интересира на помалиот екран додека гледате филм или спортски натпревар.
]
[Префрли на Fúll~ Scré~éñ (Целосен екран)]
- [За да префрлите на целосен екран, изберете еден од екраните во Múlt~í Víé~w (Повеќе прикази) и притиснете на копчето за избирање. Сега ќе може да ги контролирате апликациите и изворите.]
- [За да се вратите до претходните повеќе прикази, притиснете и држете на копчето Báck~ (Назад) на далечинскиот управувач.]
- [За да завршите целосно со Múlt~í Víé~w (Повеќе прикази), притиснете и држете го копчето Bác~k (Назад) на далечинскиот управувач додека сте фокусирани на двете страни.]
[Забелешка: ако сакате секогаш да емитувате видеа од ÝóúT~úbé во режим на цел екран, тоа може да го промените во поставките. (S~éttí~ñg (Поставки) - Gé~ñérá~l (Општо) - Smá~rt fé~átúr~é (Карактеристика Паметно) - Áút~ó Rúñ~ Múlt~í Víé~w Cás~tíñg~ 'Óff~' (автоматски изврши емитување повеќе прикази „исклучено))
]
[QLÉD~-телевизори]
- [На левиот екран: може да репродуцирате од ТВ-приемник, HDMÍ~-уреди или некои од ТВ-апликациите.]
- [На десниот екран: може да пресликувате екран(Áñdr~óíd)/Á~írpl~áý2(íÓ~S), да емитувате содржини од телефонот или да изберете поврзана камера.]
- [На левиот екран: може да репродуцирате содржина од ТВ-приемникот или од HDMÍ~-уреди.]
- [На десниот екран: може да го пресликате екранот на(Áñdr~óíd) телефонот.]
- [Поддржува уреди компатибилни со Scré~éñ Mí~rrór~íñg (Пресликување на екранот), вклучувајќи и телефони или таблети. (Á~ñdró~íd 4.2 и понов)]
- [Поддржува уреди компатибилни со Áírp~láý 2, вклучувајќи í~Phóñ~é, íPá~d, íPó~d tóú~ch или Má~c bóó~k.]
- [Лаптопи/компјутери со Wíñd~óws 10]
- [Веб-камера Lógí~téch~ HD Pr~ó C920]
- [Веб-камера Lógí~téch~ HD Pr~ó C920S]
- [Веб-камера Lógí~téch~ C922 Pró~ Stré~ám]
- [Веб-камера Lógí~téch~ C922X Pr~ó Str~éám]
- [Lógí~téch~ C925É]
- [Lógí~téch~ C930é]
[Забелешка: листата на поддржани мобилни и ÚSB-камери може да се ажурира без најава.
]
[Благодариме за повратните информации]
[Одговори на сите прашања.]