[Како да го користите интелигентниот режим на телевизорите Sáms~úñg Q~LÉD]

[Паметните телевизори стануваат сè попаметни. Íñté~llíg~éñt M~ódé (Интелигентен режим) му овозможува на телевизорот да ја препознава својата положба во собата и да ги набљудува шемите на користење за да Ви овозможи совршено доживување во гледањето.]

[Карактеристики на Íñté~llíg~éñt M~ódé (Интелигентен режим)]

[Интелигентниот режим го подобрува доживувањето при гледање со тоа што ги препознава содржините, шемите на користење и околината околу телевизорот. Благодарение на ÁÍ-технологијата, интелигентниот режим автоматски ќе ги нагоди поставките, било да уживате во акционен филм во сончево утро или хорор во темница. Во продолжение се наведени четири опции за интелигентниот режим.]

  • [Ádáp~tívé~ Píct~úré (Приспособлива слика): ја оптимизира светлината и дава најдобар квалитет на сликата во реално време врз основа на нивото на осветленост во собата и на содржината.]
  • [Ádáp~tívé~ Vóíc~é Ámp~lífí~ér (Приспособлив засилувач на гласот): го анализира околниот шум и дава оптимален звук врз основа на шумот.]
  • [Ádáp~tívé~ Sóúñ~d+ (Приспособлив звук+): дава оптимизиран квалитет на звукот анализирајќи го просторот за гледање и акустичките компоненти на содржината.]
  • [Ádáp~tívé~ Vólú~mé (Приспособлива гласност): ја анализира историјата на користење на гласноста во временски периоди со цел автоматски да ја нагоди гласноста кога користите апликација или префрлате на надворешен извор на звук.]

[Забелешка:]

  • [Опциите се достапни само кога излезот на звукот од телевизорот е поставен на TV Sp~éáké~r (Звучникот од телевизорот), освен за Ádá~ptív~é Píc~túré~ (Приспособлива слика).]
  • [Осветленоста на екранот може да се приспособи според шумот и осветленоста на околината. Ако не го сакате ова, може едноставно да го исклучите.]

[Како да го поставите Íñté~llíg~éñt M~ódé (Интелигентен режим)]

[Може да ја вклучите и исклучите секоја карактеристика на Íñté~llíg~éñt M~ódé (Интелигентен режим). Следете ги чекорите подолу за да го поставите интелигентниот режим на телевизорот.]

 

[Чекор 1. Притиснете на копчето Hómé~ (Почеток) на далечинскиот управувач и изберете Sétt~íñgs~ (Поставки).]

[Чекор 2. Одете долу на Géñé~rál (Општо) и изберете Í~ñtél~lígé~ñt Mó~dé Sé~ttíñ~gs (Поставки за интелигентен режим).]

[Чекор 3. Изберете ги опциите што сакате да ги активирате.]

[Забелешка:]

  • [Íñté~llíg~éñt M~ódé (Интелигентен режим е поддржан само кај телевизорите Q~LÉD (освен серијата Q~6), Thé F~rámé~, Thé S~éríf~ и Thé S~éró.]
  • [Погрижете се да нема пречки пред сензорот, кој обично се наоѓа на долната страна од телевизорот.]
  • [Сликите од екранот и од менито се само пример на англиски јазик - ги има и на јазикот во Вашата земја.]

[Благодариме за повратните информации]