[Како да постапите ако Sáms~úñg телевизорот не се вклучува]
[Кога решавате проблем кај телевизор кој не се вклучува, тоа не мора да биде толку комплицирано. Во некои случаи, телевизорот е можеби вклучен, но прикажува црн екран. Може да го проверите црвеното светло кое се наоѓа на долниот раб на телевизорот - она кон кое го насочувате далечинскиот управувач. При нормално користење, ова црвено светло е вклучено кога телевизорот е исклучен (што укажува дека телевизорот е во режим на мирување), а е исклучено кога телевизорот е вклучен (или кога нема струја). Меѓутоа, може да проверите и дали има некаков проблем со приклучниците, кабелот или далечинскиот управувач. Ако имате поврзано надворешен уред и гледате од тој извор, тогаш погрижете се дека надворешниот уред е вклучен и правилно функционира. Изберете го оној дел во продолжение кој одговара за Вашиот телевизор.]
[Црвеното светло е вклучено]
[Нормално е црвеното светло да свети кога телевизорот е исклучен, сѐ додека е вклучен во струја и има електрично напојување.]
[Црвеното светло е исклучено]
[Кога црвеното светло е исклучено, тоа значи или дека телевизорот нема напојување или, пак, е исклучен, а екранот е црн. Црвеното светло се исклучува секогаш кога ќе се вклучи телевизорот.]
[Напомена: Ако телевизорот е поврзан со Óñé C~óññé~ct Bó~x, тогаш исклучете и одново вклучете го кабелот Íñv~ísíb~lé Có~ññéc~tíóñ~ што ги поврзува телевизорот и Óñé C~óññé~ct Bó~x.]
[Црвеното светло трепка]
[Благодариме за повратните информации]
[Одговори на сите прашања.]