[Што опфаќа твојата гаранција]

[ПОДАТОЦИ ЗА УСЛУГИТЕ НА ГАРАНЦИЈА И ПОСТАПКИ]

[Информации за трговската гаранција]
[ПОДАТОЦИ ЗА УСЛУГИТЕ НА ТРГОВСКАТА ГАРАНЦИЈА И ПОСТАПКИ]

[Sáms~úñg обезбедува трговска гаранција за сите видови производи. Подолу е даден опис на трговската гаранција за различни групи производи.]

[Производите на Sáms~úñg имаат целосна трговска гаранција, чие траење е наведено подолу во овие информации. Некои производи на S~ámsú~ñg имаат различни периоди на трговска гаранција поради природата на дизајнот, производството или очекуваниот век на траење. Трговската гаранција стапува на сила од датумот на првата купопродажба на производот.]

[ОПШТИ ОДРЕДБИ]

  1. [Трговската гаранција е важечка само ако е приложен гарантниот лист и оригиналната фактура или сметка како доказ за купување или потврда на која е видлив датумот на купување, името на продавачот, бројот на моделот и серискиот број на производот. Sáms~úñg го задржува правото да го одбие правото на трговска гаранција доколку недостигаат овие информации или истите се изменети по првата купопродажба на производот.]

  2. [Обврските на Sáms~úñg се ограничени на поправка на дефектот, замена на оштетениот дел или пак замена на самиот производ. Во случај на дефект на производот во текот на гаранцискиот период, S~ámsú~ñg ќе се обиде да го поправи производот во разумен рок, не подолг од 30 дена од преземање на производот. Доколку поправката на производот во разумен рок не е можна, производот ќе биде заменет со нов.]

  3. [Поправката мора да ја изврши овластен сервисен центар на Sáms~úñg.Трговската гаранција ќе биде неважечка во случај кога дефектот на производот се обидел да го отстрани од неовластен сервисен центар. S~ámsú~ñg нема да биде должен да ги надомести трошоците за поправка на производот од неовластен сервисен центар, ниту да ја надомести евентуалната штета која настанала поради поправка на производот од неовластен сервисен центар.]

  4. [Трговската гаранција не е применлива во други случаи освен за оштетувања во материјалот, дизајнот и изработката.]

[ТРГОВСКАТА ГАРАНЦИЈА НЕ ГО ПОКРИВА СЛЕДНОТО:]

  • [Трошоците за периодична проверка, одржување, поправки и замена на делови потребни поради редовно трошење или абење на производот.]

  • [Оштетувања или дефекти на производот предизвикани од злоупотреба или неправилна употреба, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на користење на производот за погрешна намена или за намена што не е во согласност со упатствата за одржување и користење на Sáms~úñg.]

  • [Оштетувања или дефекти на производот предизвикани од користење со додатна опрема која не е одобрена од Sáms~úñg.]

  • [Дефекти на производот предизвикани од неправилна инсталација или користење што не е во согласност со упатствата и техничките или безбедносните стандарди наведени во прирачникот за користење.]

  • [Дефекти на производот предизвикани од несреќи, виша сила, удари од гром, поплави, пожари, неправилна вентилација, флуктуации на напон или било кои други причини за кои Sáms~úñg не е одговорен.]

  • [Оштетувања или дефекти на производот предизвикани од неовластени преправки со цел усогласување со локалните или меѓународните технички стандарди во земји во кои производите на Sáms~úñg не биле оригинално дизајнирани.]

  • [Оштетување на батеријата предизвикано од прекумерно полнење или дефект поради користење што не е во согласност со специјалните упатства наведени во прирачникот за корисници (Батериите на производот мора да се полнат исклучиво со полнач одобрен од Sáms~úñg. Скршени ќелии или споеви на батеријата укажуваат на неовластена интервенција врз производот).]

  • [Доколку серискиот број на производот е изменет, избришан, отстранет или нечитлив, правата од трговската гаранција нема да бидат признаени.]

     

[Купувачот (физчко лице) има соодветни права согласно со одредбите од Законот за заштита на потрошувачите и Законот за облигационите односи кои се однесуваат на договори за продажба на стоки и самата трговската гаранција не влијае на правата на потрошувачот, а особено не на неговите права по основ на несообразност на стоките.]

[Трговската гаранција му припаѓа на секој тековен законски сопственик на производот на кој се однесува трговската гаранција.]

[Sáms~úñg нема да биде одговорен за загуба на какви било податоци складирани во производот што е поправен или заменет врз основа на трговската гаранција.]

[Сопственикот на производот ќе биде одговорен за сите трошоци што ќе настанат како резултат на или во врска со горенаведените случаи што не се покриени со трговската гаранција. Доколку за одредени модели на Sáms~úñg производи важат поинакви услови на трговската гаранција, истите ќе бидат наведени во гарантниот лист на трговската гаранција што се испорачува заедно со производите на S~ámsú~ñg.]

[Трговска гаранција на производителот (трговска гаранција на територијата на Република Северна Македонија)]

[Самсунг дава трговска гаранција на производителот на крајните корисници кои во Република Северна Македонија ќе купат производ што Самсунг го ставил на пазарот во Република Северна Македонија.]

[Крајните корисници можат да побараат поправка на производот врз основа на трговската гаранција. Правата од трговската гаранција (гарантниот рок и содржината на трговската гаранција) се оценуваат според прописите на Република Северна Македонија.]

[Оваа доброволна трговска гаранција на производителот дава дополнителни права покрај правата што сопствениците на производот ги имаат врз основа на важечките национални прописи и не влијае на тие права.]

[За да поднесе барање врз основа на оваа трговска гаранција, сопственикот на производот мора да приложи доказ за првата купопродажба на производот.]

[Одредени промоции или акции со кои се продолжуваат или подобруваат условите на трговската гаранција се ограничени исклучиво на државата во која се спроведуваат. Дополнителните права од трговска гаранција што се предмет на наведените промоции или акции се применливи исклучиво во државата во која е спроведена конкретната промоција или акција и важат само за учесниците во тие промоции или акции кои ги исполнуваат условите утврдени со правилата на конкретната промоција или акција.]

[Sáms~úñg производи купени надвор од територијата на Република Северна Македонија]

[Sáms~úñg производ што S~ámsú~ñg не го ставил на пазарот во Република Северна Македонија не може да биде поправен бесплатно врз основа на оваа трговска гаранција, туку може да се поправи само со наплата и под услов дека поправката е можно да се изврши.]

[Трошоците за поправка на таков производ ќе бидат наплатени на сопственикот на производот, а времето потребно за поправка на таков производ може да биде подолго од вообичаеното.
Деталите за трошоците за поправка и проценетото време на поправка на таков производ можат да се добијат во сервисниот центар.
Сервисниот центар ќе провери дали поправката на таков производ е можна или не.]

[Во случај да се потребни големи делови за поправка (како што се ТВ панели, врати од фрижидери итн.) или кога деловите за поправка не се достапни (на пример, поради прекин на производството на тие делови итн.), постои можност таков Sáms~úñg производ што S~ámsú~ñg не го ставил на пазарот во Република Северна Македонија да не може да се поправи.]

[Поправката на Sáms~úñg производ што S~ámsú~ñg не го ставил на пазарот во Република Северна Македонија нема да биде можно ако постои значителна разлика во спецификацијата на производот помеѓу таков производ и Sá~msúñ~g производ што Sám~súñg~ го ставил на пазарот во Република Северна Македонија.]

[Sáms~úñg производ што S~ámsú~ñg не го ставил на пазарот во Република Северна Македонија не може да биде поправен ако основната сервисна средина потребна за поправка на таков производ (како што се ширина на појас, напон итн.) е различна.]

[Замената на производите на Sáms~úñg, кои S~ámsú~ñg не ги ставил на пазарот на Република Северна Македонија е можна само во земјата каде што производот е првично купен.]

[Поправка на производи во странство (Мобилни телефони, таблети, други носливи уреди)]

[Без оглед на одредбите од претходниот дел, за Sáms~úñg производи кои спаѓаат во категоријата на мобилни телефони, таблети и/или други носливи уреди (заеднички наречени „Уреди“ или поединечно „Уред“) и кои се купени во држава различна од државата во која се бара поправка, S~ámsú~ñg им овозможува на крајните корисници бесплатна поправка на Уредот (работна рака и резервни делови) во период од 12 месеци, почнувајќи од првиот ден на купување на производот.]

[Доколку поправката на Уредот бара дополнителни делови кои треба да се нарачаат надвор од државата во која се бара поправка, таквата поправка може да трае подолго од вообичаено.]

[Доколку поправката на Уредот бара дополнителни делови кои не се достапни или не можат да се набават во или надвор од државата во која се бара поправката, тогаш поправката не е возможна. Исто така, поправката не е возможна доколку средината која е потребна за бараната поправка (како што се пропусна моќност, напон и сл.) е различна во државата каде што се бара поправката во однос на државата каде што е купен Sáms~úñg производот.]

[Крајниот корисник на Уредот треба да се обрати во овластен Sáms~úñg сервисен центар со опис на дефектот и да го достави Уредот заедно со доказ за неговото купување.]

[Детали за опциите за поправка и проценетото време за поправка на Уредот можат да се добијат во овластен Sáms~úñg сервисен центар.]

[Услугата за поправка според овој дел не се однесува на поправка на батерии, безжични полначи и футроли за мобилни телефони.]

[Услугата за поправка на уредот во странство не вклучува замена на уредот. Замена на уредите купени во држава различна од онаа во која се бара поправка може да се изврши само во државата каде што уредот бил првично купен.]

[Доколку имате дополнителни прашања, ве молиме контактирајте ја Sáms~úñg корисничката поддршка на број [+389 2 320 7777].]

[Информации за трговската гаранција]

[ДАВАТЕЛ НА ТРГОВСКАТА ГАРАНЦИЈА: SÁMS~ÚÑG É~LÉCT~RÓÑÍ~CS ÁÚ~STRÍ~Á GMB~H („Sám~súñg~”)]

[ТРГОВСКА ГАРАНЦИЈА]

[Следните услови на Sáms~úñg трговската гаранција се применуваат заедно со претходно (горе) наведените услови.]

[Трговската гаранција се однесува на побарувања спрема Sáms~úñg од страна на сопственици на S~ámsú~ñg производи кои во Република Северна Македонија (во понатамошниот текст заедно наведено како: „Територија”) купиле производ што на пазарот го ставила поврзана правна личност на компанијата Sá~msúñ~g Élé~ctró~ñícs~, чијашто централа се наоѓа на Територијата.]

[За секој купен Sáms~úñg производ за кој S~ámsú~ñg обезбедува трговска гаранција ќе биде издаден гарантен лист согласно одредбите од Законот за заштита на потрошувачи.]

[Во случај на било какво несогласување меѓу условите на оваа трговска гаранција и документацијата во пакувањето на производот, ќе се применуваат условите од пакувањето на производот, освен за производи од категоријата мобилни телефони, таблети и/или други преносливи уреди (wéár~áblé~s) (освен батерии, подлоги за полнење и заштитни маски за мобилни телефони) што Sám~súñg~ не ги ставил на пазарот на Територијата – за овие производи исклучиво важат условите од оваа Гаранциска политика.]

[Оваа трговска гаранција важи за лица што законски ќе стекнат сопственост на производот на кој се однесува трговската гаранција. Обновените производи не се опфатени со оваа трговска гаранција.]

[ОВАА ТРГОВСКА ГАРАНЦИЈА Е ДОБРОВОЛНА ГАРАНЦИЈА ОД ПРОИЗВОДИТЕЛОТ И ОБЕЗБЕДУВА ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАВА ПОКРАЈ ПРАВАТА НА СОПСТВЕНИКОТ НА ПРОИЗВОДОТ ПРОПИШАНИ СО ВАЖЕЧКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПРОПИСИ, НО НЕ ВЛИЈАЕ НА ТИЕ ПРАВА.]

[СТАНДАРДЕН ГАРАНЦИСКИ ПЕРИОД]

[Sáms~úñg гарантира дека производот нема материјални недостатоци и дека е соодветно изработен во период од 24 месеци од датумот на првата купопродажба на производот од страна на првиот купувач („датум на прва купопродажба”).]

[Без оглед на претходната одредба, за Sáms~úñg производите од категоријата мобилни телефони, таблети и/или други носливи уреди (w~éárá~blés~) (освен батерии, подлоги за полнење и маски за мобилни телефони) што Sáms~úñg не ги ставил на пазарот на Територијата, S~ámsú~ñg им дава на крајните корисници право на гаранциска поправка на подрачјето на Европа во период од 12 месеци од датумот на првата купопродажба на производот од страна на првиот купувач.]

[Побарувања што произлегуваат од оваа трговска гаранција, а се поднесени надвор од наведениот гаранциски рок, нема да бидат прифатени.]

[ТРГОВСКА ГАРАНЦИЈА САМО ЗА ОДРЕДЕНИ ДЕЛОВИ]

[Sáms~úñg обезбедува продолжен гаранциски рок од датумот на првата купопродажба на производот за одредени делови (забелешка: трошоците за работната рака поврзани со вградување на таквите делови не се покриени):]

[·       Керамички емајл во микробранови печки: 5 години]

[·       Директен моторен погон во машини за перење алишта: 20 години]

[·       Директен моторен погон во правосмукалки: 10 години]

[·       Инвертерски компресор во фрижидери: 20 години]

[·       Компресори во системи за еколошко греење: 5 години]

[ПОТРОШНИ ДЕЛОВИ]

[Подолу наведените ставки се потрошни делови (освен ако важечките национални закони не предвидуваат поинаку) и затоа вообичаеното намалување на нивната ефикасност како резултат на редовна употреба не се смета за недостаток или дефект.]

[За овие ставки важат следниве правила во однос на гаранцискиот рок на трговската гаранција:]

  • [Батерии за мобилни уреди и таблет-компјутери: гаранциски рок 12 месеци од датумот на првата купопродажба]

  • [Батерија за роботска правосмукалка: гаранциски рок 6 месеци од датумот на првата купопродажба]

  • [Филтер за вода во фрижидери: Без гаранција]

  • [Вреќичка за правосмукалка: Без гаранција]

  • [Филтри за правосмукалки: Без гаранција]

  • [Тонер-кертриџ за печатач: гаранциски рок 6 месеци од датумот на првата купопродажба / употребен век според бројот на испечатени страници (механички или електричен дефект)]

  • [Единици за скенирање на печатачи: гаранциски рок 6 месеци од датумот на првата купопродажба / употребен век според бројот на испечатени страници (механички или електричен дефект)]

  • [Преносни ремени за печатачи: гаранциски рок 6 месеци од датумот на првата купопродажба / употребен век според бројот на испечатени страници]

  • [Сад за отпаден тонер на печатачи: Без гаранција]

[АЖУРИРАЊЕ НА СОФТВЕРОТ]

[Одредени електронски уреди повремено бараат ажурирање на софтверот за да функционираат оптимално со други уреди и мрежи. Sáms~úñg ги обезбедува сите овие ажурирања бесплатно преку интернет. Повеќе информации можете да најдете на é~s-ús-284f~cd07851162dá~d.gét~smár~tlíñ~g.cóm~/mk .]

[Потрошувачот има обврска да ги примени овие ажурирања и да осигури дека најновата верзија на софтверот е инсталирана на производот. Доколку проблемот со производот може да се реши со инсталација на јавно достапното бесплатно ажурирање на Sáms~úñg софтверот, S~ámsú~ñg таквиот проблем не го смета за дефект што е опфатен со оваа трговска гаранција.]

[ПРАВА НА СОПСТВЕНИКОТ НА ПРОИЗВОДОТ]

[Во случај на дефект на производот за време на гаранцискиот период, Sáms~úñg ќе се обиде да го поправи производот во разумен рок. Доколку поправката на производот во разумен рок не е можна, производот ќе биде заменет со нов.]

[При поправка или замена на Sáms~úñg производ може да се користат нови делови или обновени делови кои се функционално еквивалентни на нови, освен ако важечките национални закони не предвидуваат поинаку.]

[Сите делови што се заменети при сервисирањето врз основа на оваа трговска гаранција стануваат сопственост на Sáms~úñg, додека вградените нови делови стануваат сопственост на сопственикот на уредот.]

[КАКО ДА ПОДНЕСЕТЕ БАРАЊЕ]

[Доколку е потребен сервис во согласност со оваа Трговска гаранција, сопственикот на производот треба да контактира со Sáms~úñg контакт центарот и да ги следи дадените упатства.]

[Ако е технички возможно и доколку сопственикот на производот даде своја изрична согласност за тоа, Sáms~úñg ќе користи метод на далечински пристап за да го дијагностицира проблемот или дефектот на производот.]

[Контакт податоците за Sáms~úñg и S~ámsú~ñg контакт центарот се наведени на крајот од оваа Трговска гаранција.]

[Барањата поднесени врз основа на оваа Трговска гаранција се валидни само доколку сопственикот на производот приложи доказ за првата купопродажба на производот, кој се состои од оригинална фактура или сметка, или било кој друг важечки доказ за купопродажба наведен во применливите национални закони, кој содржи датум на купопродажба, име на продавачот и назив или број на моделот на производот.]

[ПОПРАВКИ ВРЗ ОСНОВА НА ТРГОВСКАТА ГАРАНЦИЈА]

[Поправките што се извршуваат врз основа на оваа трговска гаранција мора да ги изврши овластен Sáms~úñg сервисен центар.]

[Оваа трговска гаранција не покрива трошоци за поправки што не биле извршени од овластен Sáms~úñg сервисен центар, ниту пак покрива каква било штета што евентуално би настанала на производот како резултат на такви поправки.]

[ИЗМЕНИ/ПРЕИНАЧУВАЊА]

[Производот не се смета за неисправен во однос на материјалите или изработката доколку се потребни измени за да биде усогласен со важечките национални или локални технички или безбедносни стандарди и/или мрежни поставки во сила во која било држава освен државата за која производот бил оригинално дизајниран и произведен, согласно ознаките на производот, оригиналното пакување и/или оригиналниот прирачник за производот.]

[Трговската гаранција не покрива такви измени, ниту пак каква било штета што би произлегла како последица на тие измени, ниту пак обезбедува надомест за нив.]

[ИСКЛУЧОЦИ]

[Трговската гаранција во ниту еден случај не ги опфаќа следните ситуации:]

[(á) периодични прегледи, одржување и поправка или замена на делови поради вообичаено трошење и абење;
(б) естетски оштетувања, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на гребнатини и вдлабнатини;
(в) трошоци поврзани со отстранување или инсталација на производот;
(г) дефекти или оштетувања предизвикани од фактори кои не можат да се припишат на производството и изработката на производот (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на пожар, вода, невнимание, вируси, неправилна употреба итн.);
(д) користење на производот за деловни, професионални или комерцијални цели;
(ѓ) злоупотреба или неправилна употреба, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на некористење на производот за неговата вообичаена намена или користење спротивно на упатствата на Sám~súñg~ за употреба и одржување;
(е) користење на производот со додатна опрема, полначи или прибор кој Sáms~úñg не го одобрил за употреба со тој производ;
(ж) дефект на производот што произлегува од неправилна или нецелосна инсталација или употреба што не е во согласност со важечките технички или безбедносни стандарди, или непочитување на упатствата во прирачникот за производот, освен ако инсталацијата ја извршил S~ámsú~ñg;
(з) оштетување на батеријата предизвикано од прекумерно полнење или употреба што не е во согласност со специфичните упатства за одржување на производот наведени во прирачникот за производот;
(ѕ) случаи во кои бројот на моделот, серискиот број (ÍM~ÉÍ) или бројот на производот на уредот е намерно изменет, избришан, отстранет или оштетен така што е нечитлив;
(и) случаи во кои која било заптивка на куќиштето или ќелиите на батеријата е скршена или покажува знаци на неовластено ракување;
(ј) случаи во кои штетата на производот е резултат на повторно поставување на испорачаниот производ (хардвер или софтвер), освен со претходна согласност на Sá~msúñ~g;
(к) случаи на оштетување на панелот на екранот;
(л) случаи во кои сопственикот на производот одбива да му ги обезбеди на Sám~súñg~ релевантните лозинки или безбедносни информации за производот, кои се неопходни за поправка на уредот врз основа на оваа трговска гаранција;
(љ) недостатоци кои можат да се отстранат со инсталација на официјален софтвер или ажурирање на софтвер што не го овозможува Sáms~úñg, но е достапно бесплатно на пазарот; и
(о) проблеми кои може да се решат со стандардните методи за поправка на S~ámsú~ñg (далечинско или автоматско управување, делови што можат да бидат заменети од сопственикот на производот), но сопственикот на производот одбива да ги користи тие методи без оправдана причина.]

[Сервисите што Sáms~úñg ги врши за да исправи каква било штета или недостаток предизвикани од некој од овие исклучени причини подлежат на наплата за работна рака, транспорт и резервни делови.]

[Повторна инсталација на оригиналниот софтвер може да биде предмет на дополнителни трошоци.]

[ПОДАТОЦИ НА ПОТРОШУВАЧОТ / ПРЕДМЕТИ ОСТАВЕНИ ВО ПРОИЗВОДОТ]

[Sáms~úñg не сноси одговорност за S~ÍM картички, мемориски картички, CD~ и DVD дискови или било кои други медиуми за складирање, содржини, податоци или интелектуална сопственост што му припаѓаат на сопственикот на производот, а кои не биле отстранети од производот пред да биде предаден на сервис врз основа на оваа трговска гаранција.]

[За да се избегнат какви било недоразбирања, оваа трговска гаранција не ги покрива хардверот или софтверот на било која трета страна што може да се продава или испорачува заедно со Sáms~úñg производот.]

[Сопственикот на производот е одговорен за изработка на резервни копии и заштита на своите податоци од загуба, оштетување или уништување. Sáms~úñg не е одговорен за загуба на било какви податоци, без разлика на причината.]

[ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА]

[Купувачот (физичко лице) има соодветни права согласно со одредбите од Законот за заштита на потрошувачите и Законот за облигационите односи кои се однесуваат на договори за продажба на стоки и самата трговската гаранција не влијае на правата на потрошувачот, а особено не на неговите права по основ на несообразност на стоките.]

[Оваа трговска гаранција не влијае на правата што произлегуваат од одговорноста за материјални недостатоци.]

[ТРГОВСКА ГАРАНЦИЈА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ЕВРОПА]

[Потрошувачите може да ги остварат своите права врз основа на оваа трговска гаранција низ целата Територија, со контактирање на надлежната локална корисничка сервисна служба на поврзаното друштво Sáms~úñg É~léct~róñí~cs.]

[Правата од трговската гаранција (гаранцискиот период и содржината на гаранцијата) ќе се проценуваат според прописите на земјата во која е поднесено барањето врз основа на трговската гаранција.]

[КОНТАКТ ПОДАТОЦИ ЗА SÁMS~ÚÑG]

[📍 SÁMS~ÚÑG É~LÉCT~RÓÑÍ~CS ÁÚ~STRÍ~Á GMB~H
Адреса: PRÁ~TÉRS~TRÁS~SÉ 31 / 14, 1020 ВИЕНА, АВСТРИЈА]

[📞 SÁMS~ÚÑG КОНТАКТ ЦЕНТАР: [+389 2 320 7777]]

[🔹 Изменетите услови на трговската гаранција наведени во овој текст се во сила од [01.03.2025]]

 

 

[Códé~ tó Óp~éñ Ch~át Wí~ñdów~]