55 "
-
[Дали 55-инчен телевизор е премал за мојот простор во дневната соба¿][55-инчниот телевизор е соодветен за употреба во дневната соба, но според истражувањата, телевизорите со поголеми екрани можат да овоможат поживописно гледање. Препорачуваме да го земете предвид растојанието на гледањето, локацијата и наменетата употреба пред да се одлучите за телевизор којшто ги задоволува Вашите потреби.]
-
[Кое е оптималното растојание на гледање кога гледате на 55-инчен телевизор¿][Оптималното растојание на гледање кога гледате на 55-инчен телевизор е 1,69 m (5,5 ft).
Се доживува најживописно гледање кога екранот опфаќа 40 степени од видното поле.] -
[Како можам да измерам 55-инчен телевизор¿][Можете да ги измерите димензиите на 55-инчен телевизор (138 cm) така што ќе ја пресметате дијагоналната должина од горниот лев агол до долниот десен агол.]
-
[Што е HDR и како влијае на моето гледање¿~][Технологијата HDR (H~ígh D~ýñám~íc Rá~ñgé) ги приспособува нивоата на светлото со цел да се добијат слики со поголеми нивоа на контраст и поширок спектар на бои во споредба со стандардни телевизори, резултирајќи со пореалистични слики. Телевизорите што поддржуваат H~DR исто така се одлични за гејмери кои треба да ги лоцираат своите противници на потемните делови од екранот, со оглед на тоа што HD~R може да направи висок контраст помеѓу светлите и темните делови.]
-
[Зошто резолуцијата е толку важна за 55-инчен телевизор¿][Резолуцијата е поим којшто ја опишува густината во којашто овие минијатурни точки, попознати како пиксели, се подредени на екранот. Поединечните пиксели се спојуваат за да ја оформат сликата што се гледа на екранот. Како резултат на тоа, поголемиот број на пиксели значи поголема резолуција, овозможувајќи појасна и подетална слика. Има 55-инчни телевизори и со 4K и со 8K резолуции. 4K верзијата има резолуција од 3840 x~ 2160 пиксели, овозможувајќи многубројни детали и јасна слика. 8K верзијата овозможува уште повеќе детали и јасна слика со резолуција од 7680 x 4320 пиксели, што е четири пати повеќе од бројот на пиксели во 4K телевизор. Во оваа ултрависока резолуција е возможно да се прикажат неверојатно изострени и детални слики.]
-
[Кој 55-инчен телевизор е најдобар за гејминг и зошто треба да си го купам¿][55-инчниот QÑ90 Ñé~ó QLÉ~D телевизор е најдобар избор за гејминг, со поддршка за 4K резолуција и Режим на игра. Овозможува живописно гејминг доживување со карактеристики како Mó~tíóñ~ Xcél~érát~ór во фантастична стапка на освежување од 120Hz~, мало доцнење на слика, Fréé~Sýñc~ Prém~íúm P~ró и 4 HD~MÍ 2,1 порти за непречено поврзување.]
-
[Треба ли да купам држач за телевизор или ѕиден носач за да го монтирам мојот телевизор¿][Кога ќе го монтирате Вашиот телевизор, имате избор помеѓу држач или ѕиден носач. Ако се одлучите за држач, важно е да го имате предвид неговиот дизајн и димензиите и каде планирате да го поставите телевизорот. Од друга страна, ако се одлучите за ѕиден носач, земете ги предвид големината, тежината, како и аглите на гледање на телевизорот. Ѕидниот носач му овозможува на телевизорот да биде залепен за ѕидот, правејќи го просторот да изгледа елегантно и префинето.]