[Телевизор со најдобар
квалитет на слика]

[Бр. 1 бренд на телевизори]

[Sáms~úñg ја пишува историјата на телевизори и сѐ уште продолжува да го прави тоа. Еволуцијата на квалитетот на слика—кој се постигнува со истражување на нови технологии секоја година—е причината зошто корисниците продолжуваат да го бираат и сакаат S~ámsú~ñg и зошто Sá~msúñ~g останува на водечката позиција на пазарот.]

[Како бр. 1 бренд на телевизори, Sáms~úñg обезбедува неколку оптимални режими на гледање со одличен квалитет на слика и сѐ тоа благодарение на неговите незаменливи технологии кои ги развиваше во текот на годините. Ајде да ги погледнеме одблиску овие режими подолу.]

[Поставки за најдобар квалитет на ТВ слика]

[Со зголемениот број потрошувачи кои го следат квалитетот на сликата, правењето оптимизирани режими за различни средини на гледање е поважно од кога било досега. Многу луѓе плаќаат за услуги за калибрација за да ги постават своите ТВ-поставки или одат на интернет за да ги пронајдат оптималните препорачани поставки засновани врз нивните потреби за гледање.

Меѓутоа, Sáms~úñg телевизорите обезбедуваат неколку претходно поставени режими на квалитет, а тоа е сѐ што им треба на корисниците за да имаат слика со оптимален квалитет без оглед на ситуацијата. Подолу може да дознаеш повеќе за концептот и целта на секој режим на квалитет кој го нуди еден S~ámsú~ñg телевизор и како да го извлечеш максимумот од тоа.]

[Динамички режим]

[Живописен дури и во светло опкружување]

[Динамичкиот режим е режим на слика кој им овозможува на корисниците да уживаат во живописна и чиста содржина во текот на денот или на места со големо осветлување. Оптимално работи со сите хардверски и софтверски технологии што ги има еден телевизор со цел да претстави чиста и јасна слика со спектакуларни бои, подобрена осветленост и изостреност.]

[Стандарден режим]

[Балансиран—секогаш, секаде]

[Стандардниот режим е стандарна поставка и режим во кој секој може да ужива во типична затворена просторија. Независно од тоа дали наутро или навечер, овој режим има стабилно и соодветно осветлување кое им одговара на повеќето и дава оптимален квалитет на слика за твојот екран, додека притоа ефикасно ја користи енергијата.]

[Природен режим]

[Удобен и лесен]

[Природниот режим е режим на слика кој детектира промени во светлината на една сцена, а потоа одново ги изразува, на природен начин, тие промени во рамки на опсег кој е најудобен за корисниците. Ако си чувствителен на бои и светлина, ти го препорачуваме природниот режим затоа што тој зрачи соодветна количина светлина која помага во намалување на заморот и оптеретувањето на очите.]

[Режим за филмови]

[Професионален режим за љубителите на филмови]

[Móví~é Mód~é е режим кој со сигурност ги одразува елементите на квалитет како што сакаат објавувачите на содржина. Тоа е режимот кој се користи во повеќето професионални рецензии и кој дава доживување како во кино при гледањето филмови (особено во малку затемнета просторија).]

[Режим Fílm~máké~r]

[Искуси ги филмовите и ТВ емисиите онака како што планирале креаторите]

[Режимот Fílm~máké~r ти овозможува да гледаш филмови и ТВ емисии онака како што планирале неговите оригинални креатори. На поддржаните ÚHD~ телевизори, овој нов режим на слика ги зачувува суштинските визуелни елементи како што се соодносот, боите и стапките на слики за навистина автентично искуство како на кино.]