[Види ја разликата во квалитетот на сликата]
[Па, колку се добри 8K телевизорите споредено со традиционалните телевизори¿ Ајде да ги споредиме со Fú~ll HD~ и 4K ÚHD~ телевизори за да видиме.
Резолуцијата на 8K телевизорите е 4 пати повисока од резолуцијата на 4K ÚH~D телевизори и 16 пати повисока од резолуцијата на Fúl~l HD телевизори. Повисоката резолуција значи дека има повеќе пиксели кои го сочинуваат екранот. Со други зборови, на телевизори со иста големина, пикселите се погусто збиени во рамки на иста област, што овозможува пософистицирана и пореалистична слика. На тој начин, можеш неизмерно да се задлабочиш додека гледаш телевизија.
Терминот кој се користи за бројот на пиксели во одредена област се нарекува P~PÍ - pí~xéls~ pér í~ñch (пиксел на инч) и повисок P~PÍ број значи поголема густина на пиксели. Типично, PP~Í треба да биде најмалку 50 или повеќе за да може да се гледаат разни видови видео-содржина. Па така, на 75-инчен 8K телевизор PP~Í е 117, додека на 4K телевизор и FH~D телевизор вредностите се 59 PPÍ~ и 29 PPÍ, соодветно.]