[Што е
QLÉD~ телевизор¿]

[Дали некогаш си се запрашал што е QLÉD~ телевизор
и како функционира¿
Дозволи ни да ти објасниме на едноставен начин.]

[Што е QLÉD~ телевизор и квантна точка¿]

[QLÉD~ телевизор е телевизор заснован на технологијата на квантни точки, а тој материјал од квантна точка е она што ги прави QLÉD~ телевизорите поразлични од конвенционалните.

Па, што е квантна точка¿

Квантни точки се ултра-фини полупроводнички материјали со големина на нано-честички. Овие точки создаваат различни бои од светлината во зависност од големината на честичката—колку е поголема, толку е поцрвена бојата, а колку е помала, толку е посина. Тие можат да емитираат прецизна обоена светлина бидејќи големината на честичките се приспособува на брзината на квантно ниво, што резултира со прецизни и ефикасни емисии на боја. Поголемата ефикасност во осветлувањето носи огромни промени во целокупниот квалитет на сликата.]

[Што е толку посебно
кај QLÉD~ телевизорите¿]

[QLÉD~ телевизорите ги користат многуте уникатни карактеристики кои ги нудат квантните точки, како што е „висока осветленост“. Осветленоста се однесува на тоа колку светол изгледа екранот и таа светлина е важен фактор кој влијае на другите елементи кои сочинуваат квалитетна слика. Прво, соодносот на контрастот природно се подобрува кога светлината е повисока. Кога може да се изразува светол и темен приказ на видеа и слики, тоа е познато како HDR - h~ígh d~ýñám~íc rá~ñgé (висок динамички опсег). Овој H~DR, кој е суштинска компонента на квалитетот на сликата, дополнително се подобрува, обезбедувајќи чисти и богати слики.

Сега, ајде да видиме како сето тоа влијае на бојата.

Ефектот на светлината врз квалитетот на бојата е едноставен. На пример, во спектарот на црвената боја има опсег на светли и темни црвени нијанси, но QL~ÉD телевизорите подобро го изразуваат овој опсег на бои. Оваа уникатна QL~ÉD технологија, заедно со други технологии, како што е Dí~réct~ Fúll~ Árrá~ý, обезбедува сосема поинаков квалитет на слика и пореалистично гледање споредено со телевизори кои немаат QLÉ~D технологија.]

[Искинато парче материјал со примарна боја] [Искинато парче материјал со примарна боја]

[Која е разликата¿
QLÉ~D наспроти ÓLÉ~D]

[Со пристигнувањето на QLÉD~ телевизорите, многу луѓе сакаат да знаат по што се разликуваат од ÓLÉD~. Сè се сведува на различните технолошки принципи. QLÉD~ телевизорите користат квантни точки кои се неоргански, трајни, стабилни и овозможуваат одлична боја и светлина. Додека пак, ÓLÉD~ телевизорите користат спорен органски материјал кој ги прави подложни на задржување на сликата.]

[Бидејќи телевизорот не е уред кој често се менува, треба добро да размислиш дали има некои фактори поради кои може да се покаеш по купувањето. Како што е споменато погоре, ÓLÉD~ телевизорите не можат да избегнат ефект на „изгореници“ (Búrñ~-íñ) поради видот на нивните само-осветлени органски екрани. Ефектот на изгореници (Bú~rñ-íñ~) е постојан дефект во панелот каде се појавува остаток од слика на екранот која останува трајно. Ако мислите на често прикажувани слики, како логоа на емитувачи, тие се во истата фиксна област одреден временски период. Постојано прикажување на истото лого на истото место е доволно да се појави „изгореница“ (Búrñ~-íñ). Предноста на QL~ÉD телевизорите е во тоа што може да ја гледаш твојата содржина подолго време без да се грижиш за ефектот на изгореници—овозможувајќи подолг работен век на целокупниот ТВ.

Знаејќи го сето тоа, што мислиш дека е подобра опција за вложување¿]

  • [* Под сликата се дадени зборовите „ÓLÉD~ Búrñ~-íñ“.]
  • [* Содржината на екраните се симулирани слики и служат исклучиво како пример.]

[Рецензии од вистински
корисници на QLÉD~ телевизор]

[Ако планираш да купуваш QLÉD~ телевизор, нормално ќе сакаш да видиш изјави од вистински корисници и да видиш колку се задоволни. Ајде да погледнеме неколку рецензии за QLÉD~ телевизори од корисници кои ги купиле.]